Епа реално, ни Черчи ни Инсиње ни Кандрева немаат некое искуство, не поготово на интернационално ниво. Кандрева е повеќе за средина, ете нешто како АМФ, ама за едно големо натпреварување не ми е никаков адут. Инсиње во Наполи не му одеше нешто посебно сезонава и повеќе беше на клупа, а Черчи е класично крило. Од друга страна одбраната е многу тенка по страните Де Шиљо, Абате и Дармиан. Овие позиции може да се баш критични и репрезентации како Франција-Рибери, Холандија-Робен, Аргентина-Ди Мариа, Бразил-Нејмар, Колумбија,Чиле... овие што играат со крилни напаѓачи можат гадно да ги сјебат Де Шиљо и Дармиан. Ај Абате колку толку е поискусен, ама у секој случај критична позиција за Италија. Нема ниту еден стабилен и поискусен.