Bog
Само Бог може да ме суди
- Член од
- 3 мај 2014
- Мислења
- 736
- Поени од реакции
- 306
Многу просто момче си бил.Хуе хуе хуе, твојот примитивен интелект не може да го обработи концептот на свеста.
И не, нема. Ако се земе невролошки како дефиниција дека свеста е сознание за себе, измеѓу 18-24 месеца бебето почнува на огледало да се препознава себеси.
Експериментот се прави со бемка која се лепи на неговото лице и се става пред огледало. До 18 месеца бебето не е свесно за тоа дека неговиот одраз е тоа самото.
После 18-24 месеца, си ја трга бемката кога ќе се види на огледало.
Свест е збор кој го употребуваме за да ја опишеме комплексната фукнција на нашиот мозок која се состои од илјадници невронски активности и се манифестира со однесување и постапки на кои ние им даваме статус „свест“ за да ги опишеме.
Животните на пример, зависно од нивната еволуција имаат различни нивоа на „свест“ и интелигенција.
Делфините и мајмуните се посвесни од бубамарите на пример.
Тоа се испитува со разгледување на комплексноста на социјалните акции и интеракции на животните. Погоди што...Делфините имаат поразвиен префронтален кортекс од бубамарите, а ние поразвиен од делфините.
Како сите суштества скалираат повисоко со „свеста“, кога имаат поразвиен префронтален кортекс? Како бебињата/децата/возрасните луѓе стануваат посвесни како што стигнуваат до одредена етапа на животот додека нивниот мозок се развива, вклучувајќи го и неокортексот, а потоа нивото на „свест“ опаѓа со тоа што стануваат сенилни и имаат болести како склероза?
Зошто фаците на кои им е извршена лоботомија на префронталниот кортекс, не манифестирааат никаква свесност, „паметњаковичу“? Хуе Хуе Хуе.
Овде сме на форум религија, заеби научни достигнувања, или и тоа не можеш да го сфатиш?
Ако детето нема свест, нема душа, нема Его, нема Воља, која енергија го движи неговото тело?
Ти како атеист би требало да знаеш, или ти дале членска ради реда?