Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

И како додаток на ова, стварно многу брзо лета времето. Не можам да поверувам кога некој ќе каже пред 10 години дека тоа уствари било 2004/03, а не девеесе и некоја...:place:
 
Tesko decava koj pritisok im se vrsi. Se znaese porano, si imase red - koj izel najmalku samari od daskalot odi napred. Ostanatite vo fabrika.
 
@doorsi

Не е проблемот до екстерното/матурата, туку до децата.

Кај прашањата им ги дале, уште бараат и одговорите да им ги сервираат.
Немаат навика да учат денешниве деца.
 
Кеј,

Лани у 1 саат вечерта пред матура со другар пошо бевме бараби на фотошоп го средивме тестот за матура демек го имаме до најситни детали.Па толку пораки во инбокс и нови другарчиња нема да запознаам ни ако добијам на лотарија,или не дај боже станам сопственик на мекдоналдс.
 
Драга, да појаснам ја некои работи со мое мислење

@DaniBMW ја па би рекол дека проблемот е до „просветните работници“ и министерство. 3 години еве ќе се направат од коа сум матурирал, колкава само беше разликата во „општо знаење“ од тие што беа 2-3 години постари од нас со мојата генерација беше застрашувачко. Некако критериумите ги намалуваа од година на година. Добро бе ја 2 години не бев појавен на училиште, изостаноци ? што се тоа ? ги имав насобрано уште во декември доволно за исклучување. Не ми се одеше бе ? Зошо да одам ? Предавње - досадно ... Не си отишол, 50-50 шанса да те запишат за отсутен, и да те запишат, класната ќе оправдa ;) Што барав ? За учење, знам не е проблем, ќе отидам на крај на тромесечие/полугодие/година ќе одговарам на цел матерјал ...ајде 5ка...После ја сум бил крив ? Зошто ја крив ? Кога некој ми дозволува мене да се заебавам со „системот“ ( ова ме прави да звучам како несфатен уметник :/ ), кога некој ми дозволува што сакам да правам и на крај на година да се извадам со тоа што сум го научил матерјалот во недела дена ? Зошто ?! Не се криви децата коа се им е дозволено...еееј, се донесе закон да не смееш не да го удриш, да не смееш од час да го избркаш... :facepalm: Па после ќе се жалаат дека тешко им било, најнормално дека ќе се жалаат. Кога некој си го научил дека ќе добива „награди“ иако ништо не направил, при најмалиот труд што треба да го покажи ќе се свитка и ќе плачи и писка дека е обезправен.
 
Последно уредено:
Драга, да бидеш хипик, освен шо значи да си небањат, мрсен и изгубен у време и простор, значи и да немаш никаков сенс за облекување. Од кај ли ги наоѓате тие шарени панталони и шалвари?
 
Кајги, сношти беше МСТА-С (Не топ како викаат селац'те). Не дека јас голем граѓанин. Прославата за 5-те години матура помина ко подмачкана. Класната беше зачудена зашто не сум завршил факултет, пошо јас сум учел.
Батали тоа....незнаев дека може да собере во мене 4 литри пиво без притоа да се користи вентилот за празнење. Од толку бакнување шишиња и наздравувања, не сум видел дека било распукано шишето па сум ја раскрварил устата.
Не е битно, најбитно се издував и заборавив макар на неколку часа на пробелмите кои ме опкружуваат.
Заборавив на работата, и на сите други нешта. Се почуствував како средношколец.
Така да кога гледам децава имаат желба да пораснат си велам овие се луди. Ќе осетат де.

"Немам што да облечам" - девојка пред преполн плакар со облека;
"Немам што да гледам" - јас пред преполн фолдер со филмови и серии.

Зборовиве во песнава се толку реални....
 
Мислам дека треба да се воведе екстерно уште од четврто оделение но не да влијае на успех туку на нешто како препорака , иначсе сега се исплашени дека им е ново да имаат екстерно уште од мала возраст и тоа 2 пати у школска година ке се навикнат и не треба да се даде темата ни 3 дена пред екстерно туку како доаѓаат рандом предмет на секој и така ке се ‘‘види‘‘ просечното знаење на децата од тоа полугодие.
 
Местиш соларно, се маткаш 2 дена и нерви си киниш со домашните ко и секош коче се работи низ дома, и почнува да врни и не прекинува 2 дена со ред. Марфи (y)
 
Од асистент до оџачар! Без врске си нико без врске си ништа...

ама ако, си имам работа, скромно станче и сини очи покрај мене :cool:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom