Можеме да го кажеме следното:
- Писмото се толкува повеќеслојно: и буквално, и симболички, и поучно.
- Писмото го толкуваат само поединци, кои се достојни за таков чин.
- Црквата не пати од бесконечно толкување на Писмото, оти истото веќе е и истолкувано одамна: преостанува само да живееме според Писмото, а не само да се повикуваме на записите од Писмото.
- Правилното толкување на Писмото е „последица„ од начинот на кој живеат неговите толкувачи: а живеат Богоугодно, покајнички, молитвено и свето.
- Заминувањето од овој Свет не е само смртта, туку и секоја намера за прекинување на безумната зависност и интерес кон Светов. Така, за верните е доволна умереноста во живеењето, за монасите е доволно живеењето во изолирани манастирски заедници, а за врвните подвижници, доволна е нивното одвојување од Светов, до степен од самоизолирање/осамување.