Патриотски разговори

Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Не сте ме сфатиле добро не мислев на тоа дека Македонците се којзнае колку големи верници факт е дека не се иако повеќето одат во црква нели, слават слави, тераат православни обичаи, постови, венчање во црква, задушници и.т.н. овие работи претставуваат традиционализам и тоа незначи дека истите тие кои ги практикуваат се вистински верници ...
Верата е внатрешна и духовна работа на еден човек и неможе да се манифестира со обичаите демек ако си традиционалист си и голем верник нема врска.
Православието е доста конзервативно учење тоа што денеска владее секуларизмот и демократијата и секоја индивидуа има право сама да си го гради и тера животот како што си сака е сосема друга работа !
Нашите претци во минатото навистина живееле според православните обичаи но тоа било друго време, друг начин на живот со сосема поинакви потреби и сфаќања од денешните, а денеска од религијата се направи еден голем циркус кој одредени политичари и политички партии си земаат за право преку религијата да манипулираат со широките народни маси демек верници, демохристијани, конзервативци, традиционалисти ... велат дека само тоа било спас за нацијата и државата !
Ерата на религиите одамна заврши и никогаш повеќе религиите неможат да бидат на она зенитно ниво на кое биле во минатото кога немало електроника, технологија, наука, образование, еманципација и навистина е нон-сенс и глупо некој да се обидува пак да ги наметнува тие религии и тие правила на живот во современиот и модерен 21 век !
Македончето е изгубено по прашање на верата , изеде соцкомунизмот се што имаше христијанско во него ! Сега ова е само парада , куп "христијани" кои одат во црква чекајки да им светне нешто во глаата !
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914

Не може баш така да се каже. Добро е што мнозинството македонци искажуваат верба во Бог, но засега само еден помал дел живее оцрковено. И од тој помал дел оцрковени, поради соцкомунизмот и други слични духовни наследства многу малку од нив го негуваат братољубието по кое христијаните треба да се разликуваат од нехристијаните.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Македончето е изгубено по прашање на верата , изеде соцкомунизмот се што имаше христијанско во него ! Сега ова е само парада , куп "христијани" кои одат во црква чекајки да им светне нешто во глаата !
Македончето може да биде изгубено каде сака ако сеуште има такви. Но Македонецот многу добро знае и што е вера и што е нација, а знае и што е идентитет , што е култура и јазик.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Во случајов мислам на тоа верникот да се заложи за отстранување на нехристијанските појави во свештенството или во обичниот живот со кои не се согласува тој и останатите верници. Во спротивност, ако нешто го смета за погрешно, а не се заложил за негово отстранување тогаш не ја исполнил неговата христијанска побожна обврска. И нема право да мрмори против другите, свештеници или номинални верници кои потфрлаат во исполнувањето на своите должности.[DOUBLEPOST=1401302009][/DOUBLEPOST]
Ништо не е изменето. Во некое пониско ниво технологијата од таму чувството на модернизам постоеле и во минатите времиња.
Верата во Бог е верба во постоење на светост. Колку се намалува таа верба, која за жал се намалува дури и кај оние кои велат дека веруваат, толку потешко на тој свет.
Јас еднаш се заложив за отстранување на попот бидејки нехристијански ми побара пари за да се продере 30 секунди над тањир со вода, исто така пријавив и еден дека побара мито за да воведе дете во христијанската религија 3000 + денари за да му даде лист хартија на родителот за да бебето се нарече христијанин, пријавив и еден зашто не сакаше да пее на погреб ако не му дадеш 6000 денари ,барањето на рекет за извршување на религиски обреди не е ХРИСТИЈАНСКИ.
ниеден не отстранија.
 
Според мене добро си сторил. А ќе бидат отстранувани тогаш кога повеќемина како тебе ќе пријавуваат и ќе критикуваат, се разбира критикување на христијански начин.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Според мене добро си сторил. А ќе бидат отстранувани тогаш кога повеќемина како тебе ќе пријавуваат и ќе критикуваат, се разбира критикување на христијански начин.
Бричење на суво, соблакање по гаќи и тепање до посеруење, порано со таква христијанска критика се служеле овдешните христијани.
 
Последно уредено:
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Црквата не е тоа што било пред 50-100 години, тоа е факт. Поповите се лакоми, поради таа лакомост ние македонците немаме патријаршија...

Мислам дека сите треба да да го прочитаме пак првиот пост на sardukar и да дадеме конкретни предлози.
Еве јас сум правел муабет со другари на оваа тема. Искрено, тие што не ме сметаат за ненормален ме сметаат за човек со бујна фантазија. Веројатно ќе бидам нормален ако и јас кренам раце и останам без надеж и со желба за емиграција.

Ако некој има конструктивен предлог нека сподели.
 
Последно уредено:
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Не може баш така да се каже. Добро е што мнозинството македонци искажуваат верба во Бог, но засега само еден помал дел живее оцрковено. И од тој помал дел оцрковени, поради соцкомунизмот и други слични духовни наследства многу малку од нив го негуваат братољубието по кое христијаните треба да се разликуваат од нехристијаните.
Какво христијанско братољубие,па најголемо братољубие беше баш за времето на тој соцкомунизам.И народот тогаш имаше верба во живиот бог,Маршалот кој им ги исполнуваше сите нивни желби.Дали тогаш имаше луѓе кои својот оброк го бараа во контејнерите?Дали имаше голи и боси деца кои спиеја по улиците?Дали поповите учествуваа во грабежот ортачки заедно со власта како што тоа е сега?А притоа замижуваат пред секоја катастрофа и страдање на својот народ,проповедајќи му верба во идниот живот ,а притоа празнејќи му ги џебовите.
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Според мене добро си сторил. А ќе бидат отстранувани тогаш кога повеќемина како тебе ќе пријавуваат и ќе критикуваат, се разбира критикување на христијански начин.
Не верувам дека во блиска иднина ќе се смени нешто. Состојбата е иста како и со докторите, се штита меѓусебно.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Црквата не е тоа што било пред 50-100 години, тоа е факт. Поповите се лакоми, поради таа лакомост ние македонците немаме патријаршија...

Мислам дека сите треба да да го прочитаме пак првиот пост на sardukar и да дадеме конкретни предлози.
Еве јас сум правел муабет со другари на оваа тема. Искрено, тие што не ме сметаат за ненормален ме сметаат за човек со бујна фантазија. Веројатно ќе бидам нормален ако и јас кренам раце и останам без надеж и со желба за емиграција.

Ако некој има конструктивен предлок нека сподели.
За сите обреди повикување на католички свештеник, обредите се исти адетите не се, молитвите се исти само што едниот ти ги чита на латински другиот на старо словенски, ни едниот ни другиот не ги разбираш.
Католичкиот не ти бара пари дури и ако немаш ќе ти подаде за помош,додека православнио не те ебе ни два посто ако те види легнат на улица да умираш, ќе чека да цркнеш па у џеб ќе ти бутне визитка.
Ова доколку ти е битно нешто религијата.
 
Член од
21 април 2012
Мислења
366
Поени од реакции
186
Темава ја отворам за разговари за македонски национални прашања, изнесување на површина национални проблеми со посочување на причините и предлагање на решенија.
Ова не е возможно без директна конфронтациjа со Бугариjа, Албаниjа, Србиjа и Грциjа.
За какви прашанjа сакаш да се збори кога македонската влада ти вели(преку историчари, МАНУ и т.н.) дека барокот е измислен во Македониjа.
Александар е македонец
Цар Самуил е македонец
Св.Наум, Климент, Кирил и Методи се македонци
Скендербег е македонец
Император Jустиниан е македонец
Цар Душан и Крали Марко са македонци
и така натаму.... све на овоj Балкан е македонско, Бугарите сме татри, Грците етиопци, Албанците ш'птари, Србите на врбе...
Ако Македониjа продолжи така след неколко години нема да постои, не от воjна а от иселуванjе на луге, одземуванjе БГ пасоши, албанизациja.
За да екзистенцира Македониjа како држава прв услов е да стапи на здрави основи/колони, а тоа не се прави.
Македониjа нема државна политика(економиjа, бизнис, образование, судство и т.н.) во ништо друго освен во антиквизациjа, така држава не може да соштествува...
 
Последно уредено:
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Ова не е возможно без директна конфронтациjа со Бугариjа, Албаниjа, Србиjа и Грциjа.
За какви прашанjа сакаш да се збори кога македонската влада ти вели(преку историчари, МАНУ и т.н.) дека барокот е измислен во Македониjа.
Александар е македонец
Цар Самуил е македонец
Св.Наум, Климент, Кирил и Методи се македонци
Скендербег е македонец
Император Jустиниан е македонец
Цар Душан и Крали Марко са македонци
и така натаму.... све на овоj Балкан е македонско, Бугарите сме татри, Грците етиопци, Албанците Албанци, Србите на врбе...
Ако Македониjа продолжи така след неколко години нема да постои, не от воjна а от иселуванjе на луге, одземуванjе БГ пасоши, албанизациja.
За да екзистенцира Македониjа како држава прв услов е да стапи на здрави основи/колони, а тоа не се прави.
Македониjа нема државна политика(економиjа, бизнис, образование, судство и т.н.) во ништо друго освен во антиквизациjа, така држава не може да соштествува...
И пред оваа власт,и пред антиквизацијата постоеле и Македонците и Србите и Грците и Албанците и Бугарите.Македонија си имала своја реална основа,врз која се градела и економски и политички и воено.Но кога се заменува вистинската основа и се поставува некоја фиктивна античка исконска основа тогаш таа ке се сруши како кула од карти.Тоа е исто како некоја куќа која е изградена во 20 век,наеднаш стопанот да реши да и ги смени темелите и да и постави темели од 17 век,кои не одговараат со градбата и никако не можат да се вклопат.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Бричење на суво, соблакање по гаќи и тепање до посеруење, порано со таква христијанска критика се служеле овбдешните христијани.
Да при крајно забегани постапки ситуации, кога дошло до безобразно претерување. Што знам можеби и е дозволено, во моменти кога некој претерано ја прегазува светоста што треба да ја претставува. И можеби воспитно успешно делувало.
Минатата недела бев на необичен настан и кога главниот говорник почна да изнесува некои забегани ден браун теории за Христос, двајца сместа станавме и го напуштивме настанот. После излегоа уште двајца од 20тина слушатели. По завршувањето на настанот им дадовме на знаење на тие што ги изнесоа тие гнасни измислици дека ако продолжат да прикажуваат и да ни го навредуваат нашиот Бог ќе се најдат во лајнарката што тече низ град. И останатите 20 на кои текнувалото не им проработе веднаш се свестија за навредата што ја добиле како православни христијани.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Како надоврзување на овие неколку последни постови, јас би прашал зошто веруваме во Божјите закони, а не веруваме во законите кои ги донеле луѓето
Десете Божји заповести на сите Ви се познати:
1.Јас сум господ твој бог да немаш други богови освен мене.
2.Не прави идол или слика на она што е горе на небото долу на земјата под водата не им се поклонувај и не им служи.
3.Не го изговарај напразно името на господа твојот бог.
4.Спомнувај си за денот,шест дена работи и сврши ги сите работи,а седмиот посвети го на господа.
5.Почитувај ги својте мајка и татко за да поживееш долго на земјата.
6.Не кради.
7.Не прави прељуба.
8.Не убивај.
9.Не сведочи лажно против својот ближен.
10.Не пожелувај ништо што е туѓо.

Овие Заповести се дадени од Господ. Познато Ви е како -Господ му ги дал ма Мојсеј
Но сите овие заповести постојат во Уставот, Кривичниот законик и други Закони кои ги донесе Собранието на РМ
Но ние сепак повеќе ги почитуваме овие Божји закони од оние на Собранието
Зошто?
За ова би можеле да дискутираме и во темата Космос, Хаос, Слобода
 
Последно уредено:
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Какво христијанско братољубие,па најголемо братољубие беше баш за времето на тој соцкомунизам.И народот тогаш имаше верба во живиот бог,Маршалот кој им ги исполнуваше сите нивни желби.Дали тогаш имаше луѓе кои својот оброк го бараа во контејнерите?Дали имаше голи и боси деца кои спиеја по улиците?Дали поповите учествуваа во грабежот ортачки заедно со власта како што тоа е сега?А притоа замижуваат пред секоја катастрофа и страдање на својот народ,проповедајќи му верба во идниот живот ,а притоа празнејќи му ги џебовите.
Некои 15тина години се живееше подобро повеќе отколку што се заслужувало/стекнувало. Луѓето се по природа такви кога некој дава тогаш никој не прашува од каде иде, како е обезбедено и дали некој тоа некогаш ќе треба да ги плати/врати. Затоа и имало привидно братољубие кога само се зема. При првите недостатоци на економската криза од 80тите покажа, а со војните од 90тите се потврди колку сето тоа било лажно братољубие. Братољубие само во изобилство, а не братољубие во невоља. Незаслуженото од 15 безгрижни години низ нос ни излезе и го преплативме посебно поради стекнатата навика некој друг се да ни мисли и друг да ни обезбедува. Тоа е таа соцкомунистичко духовно наследство што и штетеше на генерацијата на нашите татковци кои пак според својот ум од тогаш слично ги воспитаа и пренесоа на своите потомци.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom