Одамна неам пишано на темава па ај...
Заврши шо заврши сезонава... би ја оценил како "делумно"
неуспешна.
Со еден лош натпревар во ЛШ и пропустите со тимовите од долниот дел на табелата успеавме да прокоцкаме шанса за трофеј. Ако се земе фактот дека шампионот имаше променлива полусезона, и успеавме да победиме во скоро сите дербиња - се добива мизерна слика за крај на изминатава сезона.
Но ајде, ако легендата вели дека втората сезона на Мурињо е секогаш максимумот на тимот, големи се очекувањата за истата и тие по неа. Затоа, СЕКОЕ ОПРАВДУВАЊЕ за евентуален неуспех во иднина ќе падне на грб на Мурињо и на никој друг без оправдувања. Тим со перспективни фудбалери и поединци со огромно искуство не смее да стагнира и мора да граби за секој можен трофеј.
Околу трансферите...
Прв приоритет летово - да се продаде Торес. Многу тешка мисија!!! А има бе и среќа у газот Ролексот... еве може ќе биде прв напаѓач за Шпанциве и ќе дае сеа 5-6 гола на Свецкото и ќе го остават и наредната сезона
![Facepalm :facepalm: :facepalm:](http://forum.kajgana.com/styles/default/xenforo/emot/facepalm.gif)
Втор - да се продолжи договорот на Лампард
Ешли Кол - фала за се што има направено за клубот и за сите спасени голови
За Луиз. Нека му е со среќа во новиот клуб и нека реди индивидуални успеси. Загубивме дежурен шегобиец - но добивме доста евриќи за трошење. Ги знаеме и ќе ги паметиме неговите квалитети/мани и не мора да се дискутира околу тоа дали загубивме или добивме со неговото продавање - јасно е како ден дека ова е најдобрата продажба на нашата управа досега и
![Секоја чест :cuc: :cuc:](/styles/default/xenforo/emot/cuc.gif)
. Прашање на време е кога ќе посакаат и Рамирес и Оскар нова средина - едноставно таков им е менталитетот (Вилијан е подруг)
Лукаку под итно назад - една година трубам дека лани требаше да остане во кубот али ај да не се навраќаме на таа тема. Не дека им даде вчера три гола на Луксембург, но се гледа во неговото позиционирање и напаѓачкиот инстинкт дека има напредок и вреди да се ризикува со него сезоната.
Не мора да се брза околу купување на напаѓач. После светско секогаш излегува некој нов талент или повисока цена на одреден фудбалер
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Коста и Фалкао ептен излегоа стаклени - скептик сум околу нивно ангажирање. Да успеат да го пазарат Лавеци со Лукаку, Ба (Шурле) доволно е во нападот.
Купување на Јаја
![Превртува очи :rolleyes: :rolleyes:](/styles/default/xenforo/smilies/rolleyes.png)
и лев бек и фул сме... па доџите да се играмо