Фан Клуб: Челзи

Член од
16 јули 2010
Мислења
3.083
Поени од реакции
2.026
Мислев на Македонскиот портал, уште какви не глупости ќе стават.[DOUBLEPOST=1401138060][/DOUBLEPOST]Џони наш растура, ако ако после светското ќе му извадиме 50-че. :)
 
Член од
7 септември 2011
Мислења
3.539
Поени од реакции
4.782
Лукаку на сликава демек видите ме Дрогба личи на мене :свиркам:
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Памтете што сум ви рекол, Лукаку ќе игра за Челзи.
 

D_T

Чорбаџи Димко
Член од
8 март 2009
Мислења
2.119
Поени од реакции
1.571
Одамна неам пишано на темава па ај...
Заврши шо заврши сезонава... би ја оценил како "делумно" неуспешна.
Со еден лош натпревар во ЛШ и пропустите со тимовите од долниот дел на табелата успеавме да прокоцкаме шанса за трофеј. Ако се земе фактот дека шампионот имаше променлива полусезона, и успеавме да победиме во скоро сите дербиња - се добива мизерна слика за крај на изминатава сезона.
Но ајде, ако легендата вели дека втората сезона на Мурињо е секогаш максимумот на тимот, големи се очекувањата за истата и тие по неа. Затоа, СЕКОЕ ОПРАВДУВАЊЕ за евентуален неуспех во иднина ќе падне на грб на Мурињо и на никој друг без оправдувања. Тим со перспективни фудбалери и поединци со огромно искуство не смее да стагнира и мора да граби за секој можен трофеј.

Околу трансферите...
Прв приоритет летово - да се продаде Торес. Многу тешка мисија!!! А има бе и среќа у газот Ролексот... еве може ќе биде прв напаѓач за Шпанциве и ќе дае сеа 5-6 гола на Свецкото и ќе го остават и наредната сезона :facepalm:
Втор - да се продолжи договорот на Лампард
Ешли Кол - фала за се што има направено за клубот и за сите спасени голови :cuc:

За Луиз. Нека му е со среќа во новиот клуб и нека реди индивидуални успеси. Загубивме дежурен шегобиец - но добивме доста евриќи за трошење. Ги знаеме и ќе ги паметиме неговите квалитети/мани и не мора да се дискутира околу тоа дали загубивме или добивме со неговото продавање - јасно е како ден дека ова е најдобрата продажба на нашата управа досега и :cuc:. Прашање на време е кога ќе посакаат и Рамирес и Оскар нова средина - едноставно таков им е менталитетот (Вилијан е подруг)

Лукаку под итно назад - една година трубам дека лани требаше да остане во кубот али ај да не се навраќаме на таа тема. Не дека им даде вчера три гола на Луксембург, но се гледа во неговото позиционирање и напаѓачкиот инстинкт дека има напредок и вреди да се ризикува со него сезоната.

Не мора да се брза околу купување на напаѓач. После светско секогаш излегува некој нов талент или повисока цена на одреден фудбалер :D
Коста и Фалкао ептен излегоа стаклени - скептик сум околу нивно ангажирање. Да успеат да го пазарат Лавеци со Лукаку, Ба (Шурле) доволно е во нападот.
Купување на Јаја :rolleyes: и лев бек и фул сме... па доџите да се играмо
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.083
Поени од реакции
2.026
Лавеци може да биде само втор избор, ништо повеќе. Ќе биде подобар од моменталново трио ама нема да ни ги реши проблемите, бидејќи не е класичен шпиц.
Но ајде за сума до 15 мил би го прифатил, ама негов трансфер Лукаку ќе го направи опција број еден.
Е сега прашање е дали Лукаку со 21 год може да одговори на предизвик Челзи?
 

D_T

Чорбаџи Димко
Член од
8 март 2009
Мислења
2.119
Поени од реакции
1.571
Ризик јак мила душа .Некогаш вреди и да се ризикува.
Викавме нели - добро е што го пратија на позајмица ќе се искали детето. Помина тој период време е за следниот чекор а тоа е негово интегрирање во првиот тим.
Лукаку веќе покажува знаци на фудбалска зрелост. За да осети одговорност од предизвик да игра за клуб со високи аспирации треба да одигра барем една сезона - макар и излегла неуспешна и за него и на клубски план (сигурно никој од нас навивачите нема да го стави на бесилка). Затоа муабетот беше дека изминатава "преодна сезона" 13/14 беше идеална за тоа коа веќе "не се очекуваа" троефеи со Мурињо но ете...
Се` додека постои стравот дали Лукаку е или не е спремен да го сноси целиот товар на нападот ние (ќе) трпиме просечни игри на рандом (прет)платени напаѓачи, а детето ако го поматкаат наваму-натаму уште малку - најверојатно ќе го продадат на крај.
 

Capitano

...
Член од
24 октомври 2007
Мислења
1.344
Поени од реакции
137
ОМГ... сме го вратиле Тијаго од Атлетико :vozbud::eek: o_O
Неможам да се соземам од неверување :ROFLMAO:
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Од кај ги наоѓате информацииве бе ?

Торес: Доста се заебавав, кажете им на другиве дека Торес...пцуениот Торес дека следната сезона кога ќе дојдам во прв тим има живи луѓе да јадам
 

Kajgana Shop

На врв Bottom