Таман после Пипо од младинските екипи за тренер го носиме Броки
И нормално нели, треча - среча - се погодува Броки и мутира во Гранде Фабио Капело
Шала на страна, пишав и поназад.. Знам дека е ризично, најверојатно и не баш разумно, ама јас би го менувал Сидорф само за Пипо.

Само од мои навивачки, скроз субјективни причини. Инзаги ми е омилен лик поврзан со Милан, омилен фудбалер и мислам дека на 13 мај 2012 кога го даде голот против Новара и ја заврши кариерата на форумов пишав дека со нетрпение го чекам да се врати во Милан како тренер.
Од тие причини, навивачкото во мене, не ми дава да бидам скептик и да не се радувам ако Милан му се дае на Пипо. Тоа како ќе го третираат, дали ќе му донесат играчи, дали со него почнува нов циклус на Милан и слично - пишував поназад, нема да се повторувам, тоа е друг муабет.
Во најтежок момент му го дадоа Милан на Пипо Инзаги, ама тоа му е нему во опис на работно место. Тој често знаел да го извади Милан од гомна и од тешки моменти. Можда таа лудачка среќа која го пратеше као играч, ќе го следи и сега, можда е за се таков к’сметлија

Ама нормално, како и тогаш кога беше играч, така и сега - само среќа не е доволна.
Јас сум превозбуден да го видам Пипо на клупата на Милан. Објаснив зошто.
Ќе ми треба доста време да помине за овој потег и резултатите кои тој потег ќе ги донесе да ги судам разумно и објективно. Дотогаш, се оградувам од секакви коментари.