Многу години се чекаше вакво нешто,многу разочарувања,многу порази,многу понижувања,многу политики,многу неправди,многу тренери,многу трансфери.И вечерва ќе биде многу тенка линијата како што пишаа погоре измеѓу успех кој ќе биде најголем изминативе 12 години и ќе ја круниса сезонава како успешна земајќи ја во предвид веќе освоената титула во купот или пак ќе биде едно од најголемите разочарувања што ќе ги паметам како навиивач на Реал,не поради тоа што сме изгубиле во финалето туку што тоа ни го направил две класи подоле од нас тим како Атлетико.
Да бидеме реални,Реал годинава заслужи титула во ЛШ,го порази шампионот на Италија во групи,вицешампионот на Германија и ЛШ и го демолираше шампионот на Германија и ЛШ на негов терен,повеќе од тоа и неможе.
Очекувам да дадат се од себе и сите до еден,сигурен сум дека Рамос,Роналдо,Ди Мариа ке го направат тоа ама очекувам многу повеќе желба од оние кои се релативно помлади како Варан,Иско,Модриќ,Бејл,очекувам од нив многу жар и желба во нивната игра и перфектна утакмица.
Атлетико ке дадат се од себе,бар тоа мора да им се признае сезонава дека Симеоне ги направи да се борат до последниот атом на силите само за да победат,ама Симеоне и Атлетико го имаат Реал на спротивната страна со Роналдо,Бејл,Рамос,Касиљас и Анчелоти како човек кој веќе знае како се освојува Лига на Шампиони.
Осмата и Деветтата ги памтам,вечерва шанса сите да бидеме сведоци на легендарна DECIMA нешто што ниеден од тимовите не е ни блиску.
Како и да е,ДЕН Д за Реал,ден најбитен во изминативе години,ден кој мислам дека ќе ја одлучи судбината на многумина во тимот,а би требало,ден во кој се пишува историја.
!HALA MADRID!!A POR LA DECIMA!