A
Avenger99
Гостин
Џабе е,остај..Од 2008 навака уште не ми се разјасна кај ги наоѓате тие локали во Охрид со такви цени.
Свашта имам прочитано, и за хамбургер дека плаќале по 200 денари и кока-кола дека пиеле од 150 и нескафето било 150 денари, водата обична ја наплаќале.
Да бидиме реални, сакате услуга како Скопје секој ден да седите Дебар Маало по кафани или Воденица, утринското кафе го пијате на Ленинова или на кеј, а реалноста повеќето си чмајме по малски кафичи и јадиме Љуц.
Епа ако сакате за така кажете, ќе ви кажиме такви кафичи и ресторани со тродупло поефтини цени.
И волкот сит и овците на број.
А, не ни боли воопшто ако пред да нарачате нешо да си прашате колку кошта.
Моментални цени, кока-кола, нескафе се по 80 денари, мало макијато 50, големо 60. На лето поскапуваат за 10 денари. Ни денар повеќе. Ова покрај езеро.
И на плажине сто пати е кажано дека е друга приказната пошо сите се под концесија и најголем број ги држат скопјани. Со нив расправајте се.