Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.610
Поени од реакции
59.410
ДК... Не само врз ''времето'', туку и врз кајганџииве почнал да влијае ХААРП-от.
Веќе ни како читател не можам да издржам во темата за убиството.

Ќе го цитирам Види Фотос од претходната страна: ''Секакви крепиш''
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.539
Поени од реакции
17.958
Значи знам дека има матури периодов,знам дека е забавно,ама која е логиката по завршувањето на забавивте,цела ноќ да урлаш нис улици,или сите треба да знаемо дека се пијани?Згора на тоа наместо да се забавуваат,они еве сеа слушам пеаат националистички песни:facepalm:.А знаејќи у кој град живеам,има можност некој да пројде и да им истури некој рафал,и ете ти после пак беља,ебати децата глупи.
 
Член од
8 јуни 2013
Мислења
299
Поени од реакции
198
Кога ќе помислам колку имам за учење драга кајгано ми иде да се самоубиам , ме фаќа некој страв да не не успеам да научам се а краен рок ми е веќе овој , не знам што ќе ги лажам моине дома ако не положам, а имам само две недели да научам 120 страни и тоа по најглупиот предмет, ќе треба се на памет да учам. Се молам само да имам концентрација и да успеам се да совладам.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Драга К,

Сите тие што ја сликаат нивата вечера сакам да ги известам дека и јас иако не сликам имам што да јадам. :ROFLMAO:

Благодарам.
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.324
Поени од реакции
17.789
Види сеа вака... кога надвор истураше дожд, Шумеќа носеше чадор. Нели, кој си носи чадорче не наврнува, а си поминува, а не настинува. :свиркам: Али је*и га, го изгубив чадорот уште првиот ден у школо, којзнае кај сум го остаила да се суши. И така повеќе немав чадор... до душа имав дома уште неколку, ама што фајте коа и нив ќе ги изгубев. :noze: И убаво си вика песничката, ако не си носиш чадорче, ќе си настинеш. Мислам, кога е у право, стварно е у право. Признавам (y) Океј, не ми беше ова зборот, туку... кога врнеше јас си киснев поштено. Шо го еам, ќе го трпам дождот. :icon_lol: А сега, кога сонце пука, јас си носам чадор. Еве четврти ден денес откако не врне а ни чадорот нејќе да се изгуби. Еве баш после не го носам, да видам дали ќе заврне. :sneaky:
Друго што да ти кажам? Имавме исти пуњачи за мобилен со татко ми. Ја мојот го изгубив, т.е. не го изгубив, којзнае каде сум го тупнала, ништо чудно и у фрижидер. И сеа татко ми ко да почна да си го крие неговиот. Логично. :D Арно ама, дојде време мојот телефон да треба да го полнам. Па дознав дека и со на сестра ми телефонот сме имале исти пуњачи. Замисли. :pos: Ама баш она во тоа време го полнеше нејзиниот, па не можевме и двете во исто време да го полниме. Логично. :D Немав од каде да си поставам аларм, затоа што мобилниот ми беше папсан, од немање на батерија. Требаше на нејзиниот мобилен, али најверојатно се спанџала со дејчко и', па и' беше исклучен, демек важна се праи. Го пуни телефонот, а исклучен? Мислам логка малце... :vozbud:
А искрено фала Богу, што имам поглуп телефон, се празни на 5 дена. Мирна глава. :D Мене тоа сансунзине (интересно ми е така да ги викам) ми се досадни. Шо ќе му праам цело време на мобилниот? Ќе го извртам првиот ден, после ќе ми стане досаден. А да не зборам, која е веројатноста да го скршам. :icon_lol: Па фала Богу, кога е голем колку цела школска табла. :D Мене ми користи само мамичка ако ми ѕвони. Поарно ѕвонче околу врат да ми стаат, него ли со мобилен да идам негде. Башка да се штрекам цело време, ако од прва не го „напипам“ у џеб. :D И од сега, само у десен џеб го ставам. И ако не го напипам у десен џеб, значи... ете тоа значи. :pos:
Олку збора да имав на македонски писмената, арно ќе беше... :LOL:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Вика сум го менувал гласот кога сум се обраќал во такви ситуации, па да немам една боја на глас и пристап само свесно не обрнувам внимание кога го правам тоа. Имав услужлива боја на глас тогаш кога ми ја укажа разликата, потоа нежен и и лесно пристапен знам во која ситуација, и сериозен и многу сериозен глас :icon_lol:.

 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
И тоа дојде драга, уште едно новороденче на свет. А јас сум пресреќна :vozbud: Радосна сум затоа што се испадна како што требаше.. Едно гајле помалку..
Морам да се приберам малку :pos: Око не склопив...А знам дека и тој не склопил .:icon_lol:
Сега ми останува само да прославам. :pipi:
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.725
Поени од реакции
13.464
Најавна шпица сабајлево.....
Те дотолчува неизвесноста на непознатото, стравот дека ова може и не баш најдобро да помине, пошто нели - прв пат се соочуваш со решавање на ваков проблем. For this was no mere cavity...Ги обуваш безволно чевлите а во душа ти трепери чувството на ебаната несигурност и прашањето - што понатаму со себе. Пристигнуваш на одредиштето и те заплиснува слика на стерилност и миризба на познатиот призвук на микро бормашина. Среќната околност е што работите се движат со филмска брзина (HD) и по поднесените документи, веќе се наоѓаш на столчето на стравот. Прва процедура - анестетик.... по 10 минути почнуваш да гунѓаш нешто бер врска ко Billy Chrystal во сцената со вечерата во Analyse this. Притоа си се смееш у себе дека звучиш ко 12 годишник пред прво лапање со цура (ваљда година-две постара). И тогаш почнува првата пенетрација. Не боли бе... Не. Додека ти праат рез на крајот на вилицата на последниот катник, осеќаш само некое чудно дрмање. Забарката е добар психолог и знае да процени до кај би можела да иде. И после одат на ред клештите.
Interlude..
Зафатот... првиот контакт со се` што е вселенско и за верниците божествено. При самата процедура на корнење, урлаш прво во себе а кога болката е неиздржлива (пошо се работи за гангреносан нерв кому нели анестезијата само го прескокнува) на глас познат само на твоите родители кога мајка ти те раѓала. И тука запира се` моментално.
Одмор, затоа што болките може да бидат и деструктивни на нервниот систем. Минута две. Па пак рез каде осеќаш само некое дрмање. Со вториот зафат веќе знаеш дека можно е пак Семожниот да ти се појави на привидение иако си атеист, стегаш муда и викаш - Bring it on sister! И со вториот зафат иако помалку болен го осеќаш крајот.... како нешто да се одделува од тебе, некој неважен чемер, издркотина, отпадок од општеството кое ти си го градел. Крцка, пичка ли му мајчина! И ја гледаш сестрата до тебе ко стјуардеса во малезиски авион, се прикопала во ќош, чиниш дошол крајот на светот. А после тоа, 10 секунди затишје. Се будиш од сонот и прашуваш дали е готово. Ти викаат дека си станал татко и дека си родил 4 ипол кила бебенце. Во позадина ја слушаш мелодијата...
и воздивнуаш...
длабоко.

Се будиш од делириумот тек кога треба да ја отвориш вратата од болницата.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.947
Уште неполн месец кеј, уште само еден нецел месец и ќе урламе. Од понеделник подготовките започнуваат :)

Никад у живот не сум бил толку многу возбуден :vozbud:
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
тој шо на википедија чита game of thrones и после ти труби и те фида со спојлери за книгите, е од него да бегаш лепотице
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom