Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга,
Комшиите под мене си слават, јас си учам. Кој како си ја наредил, нели?
А отворен прозорот и кај мене и кај нив, цела вечер слушам гитари и прекрасен машки глас.
Фала богу, ја нема онаа комшивка што е антиталент за пеење. Да беше и она тука, можев веднаш да се откажам од учење.
Уште утре да помине, па ќе одморам некој ден... се надевам.


П.С: Конечно ми текна зoшто пред 3 години решив дека никогаш веќе нема да се шишам кратко. Ниеден стегач, ластик, шнола или марама не може да ми ја прибере косава. Штета што не ми текна пред да отидам на фризер :D
 
Драга, од шо ми е досадно ќе медитирам.

Вечерва јас сум у драга кајгана шо е девојченце у шо би им кажале, whatever.
 
Драга Кајгана, заклучно со вечерва дечкото ми е кретен. Ќе идам да барам лек од Баба Рада против кретени, како магнет сум.
 
Драга и јас сум исто како @Не_Сум_ЏинЏер фактап учење ситуација...Али разликата е шо нејзе и доаѓа ко серенада, а мене ми се јавуваат будали и „пеат“ по телефон од кафана ова е у наводници оти се се слуша само не пеење...Тоооооо цецо....:tapp:...не дека мн обожавам кафани, али сеа некако ептен фали...Иначе за учење незнам дали ќе научам али затоа ноктиве сум си ги средил пицикато :D
 
За првпат во живот сум седнал физика да учам, засега решив едно 15 задачи и научив графици да цртам со амплитудиве и глупости, уште дефиниции ќе ми останат. Sutra brzo dolazi, treba covek postati ;)
 
Миледи Кеј :),

се повеќе и повеќе ме импресионира Гејм оф Троунс. Малку е глупо што не даваат сцени кога се одвиваат војните, ама немале пари :).

Жесток период ме чека со учењево, ама барем годинава, за разлика од другите на раат ќе го гледам светсково, без грижи за факултетот. Летово спремам дипломска, и боже здравје, Септември да дипломирам, е тогаш ќе го пукам :D
 
Не можам, буквално не можам да го објаснам прекрасното чувство кое го имам во моментов.
Бескрајно сум благодарна што во мојот живот имам прекрасни луѓе кои навистина ме сакаат. Луѓе кои не ти ласкаат, кои не ти даваат цело време лажни комплименти, туку луѓе кои кога најмногу треба ти даваат поддршка и секогаш, ама секогаш во прав момент ти ја кажуваат вистината во лице, колку и да е таа грда. А ти ја кажуваат затоа што те сакаат, затоа што со тоа знаат дека ќе ти ги отворат очите и така највеќе ќе ти помогнат.
Бескрајно сум им благодарна.
Денес, повеќе од било кога, сум премногу бескрајно благодарна што ги имам во животот.
Бескрајно ги сакам и ми значат повеќе од било кој човек. Во времиња кога не можеш да си сигурен ни во сопствената сенка, многу е фино кога знаеш дека имаш прекрасни луѓе во своето опкружување.
ЖИВЕЛИ! Ги сакам премногу иако ова нема да го прочитаат. Сепак си се знаат кои се!
 
Драга, џимеј од лично искуство во еден од броевите на КФВ кажа дека најопасни се женскиве од форум што изгледаат ептен невино. Не да е у право .... мужи тешко вас :LOL:
 
ДК,
Кога гледав како некој свири на гитара си викам, абе ова лесно е, види го шо прави, само мава по жици и мрда со рака. Оно ѓаол ипол било бе да му се плукнам. Ама не се откажувам, идам до крај, најако! Морам да научам гитара!
dexterity exersices here I come, here I go.:D
 
Драга значи само во оваа чудесна земја е можно без најава да ти помине пикап со турбоатомизер , во него етиол и да прска по улици ненајавено против комарци!
Отров , смрди , пече на очи,пече грло, тешко се диши.... , дур затворам прозор влегло внатре :facepalm::facepalm::facepalm:
 
Мене очигледно треба да ми се деси near death experience за да си ги сфатам приоритетите у животов.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom