Сите сме среќни. И тие кои се овде се среќни од предностите да се биде во својот дом. Тие кои биле несреќни, заминале и сега се среќни во новиот дом. Оние кои се несреќни со местото каде што се, се помалку ги има и тие што побрзо да го променат тоа.
Но имаме еден проблем за среќата да ни биде непоматена. Кога му се мешаме на другите. Ете јас не ги почитувам некогашните македонци кои се исселиле од Македонија. Се исселиле телесно или културно-национално, во крајна линија со текот на времето и двете се спојуваат. Но како што се изјаснив, никого не убедувам да се врати, затоа што прво не сакам да го понижувам македонското достоинство, да ги убедувам да ја сакаат и почитуваат Македонија и својот род. Второ тоа е безцелно.
Но зошто исселените кои се среќни во новите домови не убедуваат колку се тие таму среќни и колку треба ние овде да знаеме за тоа односно да ни покажат дека ние не знаеме колку сме овде несреќни. Нека се грижат за своите нови народи, држави и пријатели таму каде што се. Од каде нивната потреба да ствараат болка со искажувања за белосветска современо исселеничко надредената среќност над нас кутрите заостанати и непрошетани несреќници овде во Македонија.
Јас верувам во еден пресвртен момент не во многу далечна иднина туку кој сега е во тек. Македонците кои ја поднесле борбата и додржале да останат да бидат македонци во Македонија, колку и да изгледа сега неверојатно, ќе ја добијат наградата за тоа. Би се радувале да бидеме побројни, но затоа пак колку бројката на тие кои останале биде помала, толку нивната поколениска награда и чест ќе биде поголема.
Го гледам тоа во настаните кои се случуваат со нас и околу нас. Низ кружни текови отпаѓаат лажните маски. Испадна дел од криминално-политичките удирачи в гради од деведесетите. Потоа дојде до нов круг, преку разни проблеми, испаднаа работилниците кои го заведуваа народот. Еве сега иде кругот на отпаѓање на дпмнеовскиот партиски патриотизам и „македонштина“ исто како што се откри сдсовската безумност. И токму „проблематиката“ денешна е онаа која ни помага за расчистување на маските и она кое е проблем или закана ќе излезе всушност она кое помогнало и е од корист за во иднина.
Само се плашам дека тој пресврт нема да го досегнеме целосно и самите ќе си го поматиме кога „заминатите по среќа“ (надвор од Македонија телесно или ментално) уште веднаш ќе тргнат да ни се враќаат да ја уживаат нашата тешкостекната и долготрпеливо очекувана среќа. За да не ни се случи слабост на пресвртот, ќе ги убедувам моите сонародници на радикален пристап. Без сентименталност кон дезертерите.