F
FARANG
Гостин
Што се замарате мене ми е мило кога читам вакви како сардаукар...Ради такви како него Македонија е еден голем Луна Парк кога доагаме на посета. Све што сакаш за ич пари...
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Тие кои можат да го издигнат духот, заедно сложно да се бориме со сите демони. Па што сака нека биде.
Тие кои не можат, молчешкум нека си заминат и повеќе да не зборуваат за земјата и народот кои ги оставиле.
Да си заминат оние кои сакаат „поубав“ живот, оние кои го сметаат овој народ за прост, неспособен, оние кои земаат бугарски пасоши, оние кои се мажат за други вери, оние кои не можат да ја видат сопствената сила и вредност.
Сето тоа што трајно си оди е само шкартот. Откако ќе се исчисти шкартот ќе бидеме силни и единствени.
А да не е прашањето...
„Дали се каете што сте родени во Македонија?“
Па не право да ти кажам. Премногу убавини има на ова место, премногу историја, живот на нашите предци. Гордост на нашиот народ што ете колку толку по селата дејствувал.
Има работи на кои сите се гордеат без разлика дали се надвор или овде. Само гнасните политичари не направија вакви, да ја мразиме државата и да не не боли К ако прекршиме закон или пак си одиме од овде. Пошто така и тие се дојдени на власт![]()
Но ако се успее во странство, ќе ви се среди животот на долг рок што е многу подобро него ли да се мачиш тука и да се нервираш за глупости...
Сам си дал одговор на прашањето. Еве прочитај пак што си напишал:
Bratot испуштил да каже дека не има и такви кои одреден дел од годината го поминуваме во странство, а другиот во Македонија, по личен избор.
Да одговорам на прашањето на поставувачот на темава: да, тешко ми е дека морав да емигрирам, без разлика што тоа беше заради “виша сила“ (смрт на членови од семејството).
Но за разлика од некои други, јас воопшто не се двоумам, туку сигурно ќе се вратам да живеам целовремено во Македонија! Тоа требав многу порано да го сторам и покрај тоа што животот повторно ме стави во ситуации кои го одложија остварувањето на оваа моја одлука.
За да нема дилеми, совршено ми се јасни ситуацијата во Македонија и на Балканот, односите, табиетот и се останато. Што се однесува до материјалното, навистина не ми треба многу за релативно пристоен живот. Најважно ми е дека имам поставено долгорочни цели, интелектуален и духовен стимул, и пријатели. Повеќе не ни можам да побарам.
Најискрено сум среќен кога сум во Македонија, а доживувањето на внатрешен мир не ли е суштината на животот? Можеби овие зборови на некого ќе му делуваат и повеќе од клише -- посебно пријателите ми укажуваат дека духовниот мир не би требало да зависи од мердијаните. Но сите што ме познаваат знаат дека баш на ова парче земја сум исполнет максимално. И тоа е онаа состојба на духот која што тешко може да се опише и објасни. Едноставно знам длабоко во себе дека таму "треба" да бидам - и ќе бидам наскоро.
Најискрено сум среќен кога сум во Македонија, а доживувањето на внатрешен мир не ли е суштината на животот? Можеби овие зборови на некого ќе му делуваат дури и повеќе од клише -- посебно пријателите ми укажуваат дека духовниот мир не би требало да зависи од мердијаните. Но сите што ме познаваат знаат дека баш на ова парче земја сум исполнет максимално. И тоа е онаа состојба на духот која што тешко може да се опише и објасни. Едноставно знам длабоко во себе дека таму "треба" да бидам - и ќе бидам наскоро.
.
Можеби една од најважните работи од кога ќе се обезбедиш материјално. Токму тоа е разликата во размислувањата на овие теми. Некој тој мир го пронаоѓа во Македонија, некој надвор. Јас во Македонија немам мир. Никаков апсолутно никаков мир. Само што стапнувам на аеродром и се полнам со едно неописливо чувство на нервоза. И за разлика од тебе јас длабоко во себе знам каде несакам да бидам.
Оние муабети ти си лик на кого му требаат блиските пријатели, кафани, балкански тип кај мене не палат. Тоа е тој потрошен муабет на самозалажување дека горе нешто фали. Ништо не фали. Зависи кој каде ќе се пронајде и кој во што ужива. За семејство и пријатели доволни се 5 вечери во годината. Барем на овие години, доволно е, се што е плус претставува напор и обврска.
Секако, затоа сме тука да ги раскажеме сите своите видувања на темава.Сепак, муабетот е дека не’ има секакви, нема универзален случај. Не знам зошто своето субјективно поимање на работите би требало да го проектираме на сите останати.