Прашање за Христијанството III

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
- Зошто Мики? Не е тоа скриено, туку неразбирливо з анекој што не разбира. Може ли со конкретни работи, да видиме дали сме моќни да разјасниме на тоа ниво. На пример што и од која наука е нразбирливо во моментот?
- Ок не им треба науката од белиот човек. Прашањето е дали сметаш дека се репер за подобро или полошо? Што смета црквата?
- Ок доволно се
- Математика. Или мислиш на горенаведените. Ако е од тие со црвена линија, тогаш генетика и за неа ќе дискутираме, или економија (која и не е наука ама сепак блиску до тоа). За другите што си ги навел немам познавања и не можам да дискутирам. Само кажи дали математика, или нешто од другиве две, оти не разбрав каква наука да изберам.
-Извини ама не разбрав со ставов. Во стил дека одредени науки се на ниво 1 прифатливи, некои се ниво 2 лажни, а некои неприфатливи?
Ако е така, која е разликата меѓу 2 и 3? Во 3 се претпоставувам тие под црвената линија, а во 2?[DOUBLEPOST=1400228273][/DOUBLEPOST]
- Не ни мислев дека е скриено, туку дека е недостапно, а често и неразбирливо. Разбира се, не сме сите генијалци со И-КУ од 260 за да разбираме се‘, но некои работи треба да бидат јасни и прифатливи за сите, т.е. повеќето, а не да бидат шпекулативни и апстрактни.
- Дали се репер за добро или лошо, зависи од конкретниот народ. Повеќето од тие народи, Црвата ги смета за незнабожци (не за неверници!), до кои сеуште не стигнало евангелието Христово, но за некои народи (на Хаити или во Индонезија) Црквата има изразито негативен став.
-
- Математиката не ја наведов-таа не е спорна. Генетиката веќе се меша во ексклузовноста Божја, психологијата нема начин за решавање на човековите проблеми од нематеријална природа, економијата ја третира природата како смртен непријател а човекот за „зоон конзумент„. И тн.
- За Црквата, прифатливи се научните вистини, кои подолго време се покажале како точни, стабилни и непроменливи. Црквата има саркастичен став кон квази-науките, како што е еволуцијата или астрологијата, кои се полна со шпекулации и лаги. Црквата има негативен став кон науките, кои се мешаат во Божјите работи.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614

1. Па мислам дека се доста транспарентни. Абстрактноста и шпекулациите доаѓаат, веројатно многу повеќе од нашето непознавање, отколку од спротивното. Не значи дека некој нема да го разбере понуденото. Ако може конкретен пример за една таква шпекулација или абстрактност, од науките за кои црквата има став прифатливи. Ако мислиш само на останатите кои ги наведуваш подоле, тогаш сметај дека е разбрано на што целиш :)

2. Мислев на моментот дали нивниот начин на живот (абориџините и бушманите) како незнабожци е поприфатлив на пример од оние кои се приврзани кон неверувањето во бог , но не практикуваат ритуали и други богови како тие од Хаваи и Индонезија. Се мисли во однос на народите пред се кои живета на тло кое се смета за Христијанско – Европа и Американскиот континент.

Или поегзактно дали црквата повеќе почитува Абориџин како незнабожец, или атеист кој вели дека не верува во Бог. И дали тој црковен став би го применил и ти врз Абориџин и пријател кој знаеш дека е неверник?

3. Ок ќе се задржиме на генетиката и пред се вештачкото оплодување кое го зборевме многу одмана, ама остана недовршено или ја не се сеќавам како завршила дискусијата. Знам дека за Црквата неприфатливо е вештачкото оплодување, па и околу то ќе продискутираме. За економијата би побарал малку подетално да објасниш зашто за економијата природата е смртен непријател а човекот зоон конзумент? И како ти би ја дефинирал економијата во една реченица и нејзината цел, за да отприлика знам на што целиш.

4. Астрологијата не сум сигурен дека е воопшто наука и дали нејзините истражувања и заклучоци се воопшто предмет на научна скепса и научна методологија. Мислам дека не. Ако грешам нека ме поправи некој.

Претпоставувам дека мешање во Божјата работа е и гореспоменатото вештачко оплодување, како и клонирањето. Ако е така ќе се задржиме највеќе на него понатаму.
 
Форматов од форумов е ограничувачки па не можам да бидам подетаљен во моите ставови, но добро, на наредното пиво ќе го решиме и тој проблем.

Ај на кратко:

1. Се согласувам: и самиот не разбирам многу научни нешта, но тогаш нека се потруди некој од науките да ги обајсни на разбирлив начин, како што тоа се чини во Црквата. Ајде сега, обајсни ми: како може една субатомска честичка со спин 2, да „сврти„ еден круг околу самата себе, а притоа треба да се „сврти„ 2 пати? Или земи ги шпекулациите за „биг бенгот„: кој уопште може да ги докаже и објасни на еднставен начин, а да не се спушти во кажување прикаски, набадања и шпекулации за невидени настани?

2. Да, за Црквата е поприфатлив било кој незнабожец, кој има здрава совест, иако не верува во рисјанскиот Бог, отколку атеист, кој живее во верско опкружување и кој безумни тврди дека не постои Бог, а самиот атеист има „0„ докази за поддршка на својот став.

3. Накратко: економијата ја следи глобализацијата. Просто кажано, се‘ може да се купи и продаде, небитно кои се последиците од таа „купопродажба„ и по животната средина и по духот човеков.

Еве како еден денешен теолог ја „дефинира„ модернава економија: луѓето копаат руда, од таа руда прават машини, а со тие машини копаат нова руда од која прават нови машини....

4. Астролгијата не е наука, секако, иако самата сака да е‘. Исто е и со еволуцијата.

Да, Црквата најмногу реагира на човекотото мешање во Божјиот поредок. Искуствата ни велат дека само еден човек (Адам) со само еден сторен грев, го разби првичниот Божји поредок, а последиците ги трпиме и ќе ги трпиме дур‘ сме живи.

Создавањето на „нова„ човечка раса, веќе не е пуста теорија или желба, туку сурова реалност. Во САД веќе се раѓаат деца на кои им е извршена генестка интервенција и сега, кому му се потребни тие „нови„ луѓе? Зарем природниот начин на размножување е лош па ај сеа ќе измислиме нешто подобро?...
 
ok. go sklopiv sustinski mozaikot na tvoite stavovi. uste samo da pojasnis za genetskata inetrvencija i novata covecka rasa. celis na kloniranje li? vestackoto oploduvanje ti korespondira so genetska intervencija i nova rasa?

ova mi treba za da sklopam poprecizni prasanja podocna otkako ke mi legnat kompletno stavovive:) koi iako naizgled naivni verojatno nosat doza na somnez koja treba da se razbudi kaj sogovornikot.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
ok. go sklopiv sustinski mozaikot na tvoite stavovi. uste samo da pojasnis za genetskata inetrvencija i novata covecka rasa. celis na kloniranje li? vestackoto oploduvanje ti korespondira so genetska intervencija i nova rasa?

ova mi treba za da sklopam poprecizni prasanja podocna otkako ke mi legnat kompletno stavovive:) koi iako naizgled naivni verojatno nosat doza na somnez koja treba da se razbudi kaj sogovornikot.
И клонирањето, и генетичарската интервенција во генот човеков не се од Бога дадени, а од Црквата не се благословени како начин на продолжување на родот човеков. За таа цел, Бог вели, а Црквата благословува: плодете се и множете се, машшко со женско, во благословен брак. Се‘ што е надвор од тој поредок, може да биде само човекова глупост и опасно демонско влијание, а сето тоа амбалажирано со идеите за „напредокот„ и „човековите права„.

Очевидци сме на денешните полови извртувања, каде истополните „бракови„ природно не можат да остават пород, ама што е тоа проблем? Ете ја медицината, таа ќе им „склопи„ ново човеколико битие, по нивна желба а не по Божја волја. Плус, создавањето на „нова„ човечка раса не е ништо друго до ефектуирање на фашистичката идеја за создавањето на надчовечка/одбрана раса луѓе, со неверојатни и тешко предвидливи способности и последици.

Плус, ако имаме предвид дека генестки модифицираните семиња не оставаат пород, тоа значи дека ќе се појават разно-разни агенции и фирми кои ќе нудат решение кога истиот тој проблем ќе се појави и при продолжувањето на родот човечки: „Ич не се секирајте, ние имаме решение за тоа!„. А сето тоа ќе треба да се плати, за секоја наредна генерација луѓе.

Создавањето „нова„ раса луѓе, лесно ќе резултира со појава на програмабилни а со тоа и неслободни луѓе, кои ќе бидат котнролирани и иструирани според потребите и целите на мрачните сили од овој Свет.

И тн...
 
Последно уредено:

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Остави настрана генетски инжинеринг и клонирање. Тоа е веќе злоупотреба на “науката“ (условно да кажеме). А за вештачкото оплодување? Мислам дека тоа те прашува Доналд.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Остави настрана генетски инжинеринг и клонирање. Тоа е веќе злоупотреба на “науката“ (условно да кажеме). А за вештачкото оплодување? Мислам дека тоа те прашува Доналд.
„Ин витро„-то е само поблага форма од инжинерингот, каде генетскиот техничар одлучува за зачнувањето на идниот човек, а не Бог. Важи веќе кажаното.
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
Мене ме мачи една работа.
Еден од 10 смртни гревови е НЕ ЛАЖИ.
Од друга страна Бог рекол дека ке смести жени во сите ќошеви на земјата и после ја направил земјата округла.

Па ме интересира зошто следат Бог кој има двојни стандарди т.е. еден за него а друг за неговите следбеници.
И од каде знаат дека не ги лажи за уште некои други работи
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
@MIKI1 мислаm дека си доловив што е ставот на Црквата по овие прашања, а воедно и твојот.

Делот каде зборуваш за економијата и нејзиниот непожелен ефект врз човештвото, ќе го оставам за на крај, бидејќи има многу нејаснотии во така кажаниот црковен став, барем за мене нејасни.

Мене повеќе ме интересираат други две работи од дискусијава.

Првата е онаа со подобриот третман на незнабожец со здрава совест, отколку неверник (атеист). И втората е околу генетскиот инжинеринг и неговите добри/лоши дејства кон човештвото.

Прво околу прифатливоста на незнабожецот и неверникот.

Да се обидеме да дадеме дефиницја за двата поима, или сликовито ги објасниме, да бидат прифатливи за сите, за да може да тече дискусија.

1. Незнабожец е човек кој не слушнал за словото Божје, и поседува здрава совест.

2. Атеист - човек кој живее во верско опкружување, безумно тврди дека не постои Бог, и сите докази што ги поседува по тоа прашање се неточни.

Дали може вака да ги дефинираме двата поима, кои се сервирани од Црквата.

Ако можеме, тогаш да подобјасниме и некои описи од самата дефиницја. Ако не, ќе те замолам да ги корегираш, како би можеле понатаму да дискутираме врз основа на ова.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
„Ин витро„-то е само поблага форма од инжинерингот, каде генетскиот техничар одлучува за зачнувањето на идниот човек, а не Бог. Важи веќе кажаното.
Ти знаеш што е ин-витро? По кажаново чисто се сомневам. Нема никаков инжинеринг а уште помалку па генетски.
Немој само да ми кажеш дека и лечењето стерилитет е генетски инжинеринг и дека тоа е од црквата забрането.

П.С. Дали и пресадување органи или ткиво е генетски инжинеринг?
 
Последно уредено:

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Немој само да ми кажеш дека и лечењето стерилитет е генетски инжинеринг и дека тоа е од црквата забрането.
Ако не е генетски, тогаш е хормонален.
Секое противење на волјата/промислата Божја кон одреден поединец, во случајов, поединец со стерилитет, не е благословен чинм оти лечењеето на тој проблем значи надевање на луѓе а не на Бога.[DOUBLEPOST=1400245275][/DOUBLEPOST]
П.С. Дали и пресадување органи или ткиво е генетски инжинеринг?
Да, е‘ на свој начин, каде не постои чиста манипулација со туѓи гени, но постои проблем со одбивање на туѓиот орган, кое одбивање дополнително се „лечи„ па ако биде-биде, ако не...
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Ако не е генетски, тогаш е хормонален.
:pos: сигурно. Што е хормоналното?
Секое противење на волјата/промислата Божја кон одреден поединец, во случајов, поединец со стерилитет, не е благословен чинм оти лечењеето на тој проблем значи надевање на луѓе а не на Бога.
И бај пасот е исто така неблагословен чин нели? Оти се противи на божја промисла, така?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
И бај пасот е исто така неблагословен чин нели? Оти се противи на божја промисла, така?
Да, и поправањето заби не е по волјата Божја...:confused:[DOUBLEPOST=1400245407][/DOUBLEPOST]
@MIKI1 мислаm дека си доловив што е ставот на Црквата по овие прашања, а воедно и твојот.

Делот каде зборуваш за економијата и нејзиниот непожелен ефект врз човештвото, ќе го оставам за на крај, бидејќи има многу нејаснотии во така кажаниот црковен став, барем за мене нејасни.

Мене повеќе ме интересираат други две работи од дискусијава.

Првата е онаа со подобриот третман на незнабожец со здрава совест, отколку неверник (атеист). И втората е околу генетскиот инжинеринг и неговите добри/лоши дејства кон човештвото.

Прво околу прифатливоста на незнабожецот и неверникот.

Да се обидеме да дадеме дефиницја за двата поима, или сликовито ги објасниме, да бидат прифатливи за сите, за да може да тече дискусија.

1. Незнабожец е човек кој не слушнал за словото Божје, и поседува здрава совест.

2. Атеист - човек кој живее во верско опкружување, безумно тврди дека не постои Бог, и сите докази што ги поседува по тоа прашање се неточни.

Дали може вака да ги дефинираме двата поима, кои се сервирани од Црквата.

Ако можеме, тогаш да подобјасниме и некои описи од самата дефиницја. Ако не, ќе те замолам да ги корегираш, како би можеле понатаму да дискутираме врз основа на ова.
Лично, не сум љубител на дефиниции/одредници, но може(ме) да продолжиме со муабетот.[DOUBLEPOST=1400245487][/DOUBLEPOST]
...:pos:...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom