Ај малце оф топик пошто гледам досадно е тука и само муабети за финалето...
Случајно налетав на видеото и ми се наврати носталгијата од можеби една од најомилените сезони кој сум го гледал Реал.
Таа сезона ме воодушевува посебно што имавме сосема комплетен состав со по 2ца солидни играчи на секоја позиција, а и игравме убав фудбал и имаше многу голови, зборувам претежно за во лигата која што ја освоивме убедливо и на Бернабе бевме пречекани со Pasillo од Барселона која и беше убедливо поразена. Во ЛШ сепак не биеше малерот наречен 1/8 финале и загубивме на двата натпревари од Рома со по 2-1, а во Копа уште рано рано во 1/16 финале одпаднавме од Мајорка. Можеби од една страна раната елиминација од другите натпреварувања беа и клуч за таквиот успех во лигата, но според мене Шустер не беше доволно добар тренер за да го изгради тимот до тој степен и да се натпреварува на сите фронтови. Ги имавме Снајдер, Робен, Робињо, Гути, Игуаин, Ван Нистелрој, Раул, Диара, Баптиста, Канаваро...состав којшто беше доволно добар и полн со искуство, само што фалеше еден добар континуитет и карактер којшто можеби Шустер не успеа да го наметне.
------------------------Cassilas-----------------------
Ramos---------Pepe--------Metzelder-----Heinze
-------------------------Diarra---------------------------
--------------Guti------------------Sneider--------------
Roben--------------------------------------------Robinho
-------------------------Van Nistelroy--------------------
Ех да игравме вака годинава у лигата....
ПС: Какви напаѓачи сме имале таа година, кога ќе ми текне какво теле гледам сега....