- Член од
- 23 август 2010
- Мислења
- 40.407
- Поени од реакции
- 118.851
Еден Мастерс е сеуште во тек, т.е. преостана да се одигра уште финалето, а веќе друг почна од денеска. Рим е еден од најпрестижните турнири од Мастерс серијата, а целиот комплекс на терени е специфичен затоа што има статуи околу него и дава чувство како да си во Стариот Рим. Како и Мадрид, и Рим се одржува и во машка и во женска конкуренција.
Комплексот се нарекува "Forco Italico". Овој турнир првично се одржувал во Милано (1930-1934), а во 1935 се сели во Рим каде се одржува и ден денес. Од 1936-1949 овој турнир не се одржувал, а потоа продолжил. Дел од Опен Ерата станал во 1969 година.
Бранители на титулите се Рафаел Надал и Серена Вилијамс кои во финалето ги добија Роџер Федерер и Викторија Азаренка.
Прв носител во машка конкуренција ќе биде Рафаел Надал, а во женска треба да е Серена Вилијамс али според последните најави ќе го пропушти турнирот во Рим поради повреда.
Од турнирот се откажаа: Монфилс, Паире, Гаске, Флориан Маер, Делпо и Алмагро кај мажите, и Азаренка и Канепи кај жените, а најверојатно и Серена но сеуште не е официјално.
Вајлд карта кај мажите добија: Симоне Болели, Марко Чечинато, Филипо Воландри и Паоло Лоренци, а кај жените: Настасја Бурнет, Камила Џиорџи и Карин Кнап.
Ждребот за мажите
Ждребот за жените
Да уживаме во уште една недела врвен тенис, па нека победи најдобриот.