Дали возачите на БМВ се најлошите возачи ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Giorgi Tevzadze шофериште! ама и голем малер, какви возења имаше и не загина поради негова грешка туку загина во сообраќајна несреќа додека бил на совозачкото седиште..
 
Виртуелно почуствувај ја брзинатаааа
Ова е поинтересно

Поздрав до сите што имаат автомобил и мисллат дека се искусни возачи

Екслузивно само за јаките шоферишта од врелиот македонски асфалт. Ауди r8 во Јоханесбург, Јужна Африка :cool:

130110oxford1.jpg.ashx


985499_817861.jpg



Може некоја пара ќе се фати за старо железо, има тука нешто останато.

П.С.

Шофериштето со пинцета од судска медицина го собраа :нинџ:
 
Пред некој ден во Албанија имаа слична несреќа како таа во Скопје , и таму загинаа 5 млади момци , 18 годишни ... возеле БМВ ... голема брзина ... удар во камион ... се враќале од роденденска забава.
 
најлоши возачи се оние кои само што пололожиле и мама и тато им купиле кола (не е битно дали е бемве или е југо) - па мислат дека се они нај јаки шоферишта мислат дека колите им одат 200 па за жал од таквите во многу случаеви страдаат и многу невини луѓе.
 
ИСТРАГА ЗА НЕСРЕЌАТА ВО СКОПЈЕ
БМВ-то со 218 километри на час се забило во подрумот на Пазарна инспекција
A3E7098A518A954AB17F2D7B8FFCE2A9.jpg

Автомобилот БМВ, со кој на 11 октомври годинава загинаа петмина другари од Скопје, се забил во подрумот на Пазарна инспекција пред Рампа со брзина од 218 километри на час, покажале првичните анализи на истражните органи. Сепак тие се сомневаат дека луксузното возило се движело со уште поголема брзина неколку секунди претходно, кога минале по правиот пат на Јужен булевар, пред возачот да се обиде да закочи и да ја фати кривината што води кон Тутунски комбинат. Тоа значи дека брзината од 218 километри е последната регистрирана брзина на брод-компјутерот во БМВ-то во моментот кога удрило во подрумот.

Супервештачење во странство

Според нашите информации, точната брзина, проверката на возилото и други анализи ќе се вршат со таканаречено супервештачење. Најверојатно тоа ќе биде спроведено од сообраќајни експерти од автомобилската компанија во која е произведен автомобилот.

Kако што претходно соопштивме, во сообраќајната несреќа, која се случи утрото на 11 октомври, загинаа петмина другари на возраст од 27 и 28 години. Другарите биле излезени на ергенска вечер, а на враќање, околу 3 часот по полноќ, возилото се движело со голема брзина по Јужен булевар. Автомобилот заврши во подрумот од објектот, кој поради тоа што бил низок, го пресекол возилото во горниот дел.

Станува збор за една од најтешките сообраќајни несреќи што се случиле во Скопје последниве неколку години, но и во земјава воопшто.

Алкохол во крвта?

Неофицијално, според нашите информации, истражните органи утврдиле присуство на алкохол во крвта на возачот, но информацијата не се соопштува официјално, ниту за колку промили алкохол станува збор.

Истражителите сметаат дека два фактора се клучни за несреќата - брзината и алкохолот. Сепак, додека не се направат сите неопходни анализи и вештачења, нема да се соопшти официјална информација за причините за несреќата.

Автомобилот во кој се возеле петтемина другари бил нов, со вредност од безмалку 40.000 евра. Вакво возило може за само неколку секунди да развие голема брзина. Експертите сметаат дека без разлика што трасата на Јужен булевар пред да дојдат до кривината пред Рампа е кратка сепак возможно е БМВ-то да достигнало и брзина од 250 километри на час пред да почне да забавува и пред да се случи несреќата. (Д.В.)

Извор: Дневник
 
ДЕфинитивно-ДА.
денес по се изгледа беше БМВ,удри со голема брзина во една друга кола застаната на раскрсница,(што ли мислеше глупакот)
Кога се оди за Бутел и се врти лево,а право е подвозникот исто за Бутел кон отпадите.
Тука беше застаната колата,а овој со БМВ то го учука од позади и го исфрли напред 5м.
Со муцката му влезе до задно седиште (тој глупакот) не му знам националност. Доаѓаше од таа страна од Бутел за на кај Чаир.Не носев мобилка да го сликам глупакот со БМВ.
 
Задниот погон кај маркава пред се претставува проблем кај почетнициве кои прават бељи, но исто така и слаби шофери има многу.Да не заборавиме и Мерцедес се на заден погон, но нив пред се ги возат постари(поискусни) возачи, така да комбинацијата на неискуство, заден погон и високи перформанси е вистинскиот одговор за темава.

Малце офтопик:
Да се чудиш колку искомплексиран народ сме маме му ебам! Читам на назад еден куп мислења како кај нас bmw возеле само сељаци, полатовци, турбофолкери и незнам ти кој. Има, невелам дека нема такви ама генерализирањево е последица на напатеност и пусти љубомори оти комшијата да вози bmw а не јас. Абе незнам шо народ ќе бевме :tapp:
Посебно за статијава во претходниов пост, од авион се познава дека овај што ја пишувал е љубоморен на оние шо имаат bmw. Мене повеќе од такви ми се гади него ли од сељациве шо возат bmw и внатре редовно им траска турбо-фолк.
Тие што возеле bmw имале лежено затвор во немачка, колите им биле 10 години стари, имале низок коеф. на интелегенција, имале мал пенис..... :pos: Мислам.:icon_lol: Поголем доказ за искомплексираност амин. Јас ниту сум возел, ниту возам bmw ама ова стварно ме вади од кожа каков народ сме ние македонциве, посебно по прашања за материјалната состојба на другите.
 
Предизвикан од многуте тешки сообраќајки кои се случија последниов период и во кои најчесто страдаат возачите на БМВ ја отварам темава да продискутираме околу ова.

Пред извесен период истражувачите од Универзитетот Беркли направија студија за културата на возачите и еве какви се резултатите.
Иако сум фан на БМВ како бренд, дефинитивно се согласувам со истражувањето.

Германскиот производител е се попопуларен кај младите луѓе, а како што се вели младост=лудост.
Веќе половните автомобили на БМВ се достапни и за помала сума на пари. Па така од околу 4000 евра може да се има ваков моќен автомобил.
За жал голема сообраќајна некултура владее во Македонија, а особено таа е изразена кај помладата популација.
Непочитување на сообраќајните правила, непочитување на пешаци и особено непочитувањето на ограничувањето на брзината се главните причини кои доведуваат до вакви несреќи.

Еве дел од насловите во македонските медиуми од последниве месец-дена
- Загинаа пет момчиња се преврти БМВ кај "Рампа"
- При удар во куќа загина возач на БМВ, сопатникот е повреден
- Кривопаланчанец изгубил контрола над БМВ-то и се забил во другите возила
- Едно лице потешко повредено при судир на БМВ и Алфа ромео во центарот на Скопје

Дури 4 тешки сообраќајки за 1 месец.
Секојдневно се случуваат и помали сообраќајки, сигурно и во дел од нив учествуваат возачите на БМВ.

Нормално, има исклучоци, секоја чест на нив, но глобално земено според многумина а и според мене возачите на БМВ се едни од најлошите.
Да слушнам и ваше мислење... :)


до паметот на возачот е, а не до возилото... еве денес имаш една КАТАСТРОФАЛНА сообраќајка. возач на БМВ (близу моторџиската средба во велес) возел во спротивна насока на автопат и предизвика тешка сообраќајка во која настрада моторџија, кој директно се заковал во него, во неможност да го избегне... според сликата од бмв-то и легнатиот мотор, многу страшно изгледа... кој кретен човече... несакал да кружи и влегол во спротивна насока... тоа више нема врска со бмв-то туку со менаталниот склоп на сељакот. тоа можел и со југо да го направи...

едит...

еве ја сообраќајката:

http://kurir.mk/makedonija/crna-hro...V-se-sudri-so-motor-avtomobilot-parcosan-FOTO
втор едит...

само што добив информација дека се работело за ЖЕНСКИ шофер на бмв-то... е ај сега? и тоа в оневестинско била облечена. идела накај својата свадба...

е видиш, не ми кажаа дали била плавуша... ако била плавуша, тоа се објаснува...
 
Последно уредено:
до паметот на возачот е, а не до возилото... еве денес имаш една КАТАСТРОФАЛНА сообраќајка. возач на БМВ (близу моторџиската средба во велес) возел во спротивна насока на автопат и предизвика тешка сообраќајка во која настрада моторџија, кој директно се заковал во него, во неможност да го избегне... според сликата од бмв-то и легнатиот мотор, многу страшно изгледа... кој кретен човече... несакал да кружи и влегол во спротивна насока... тоа више нема врска со бмв-то туку со менаталниот склоп на сељакот. тоа можел и со југо да го направи...

едит...

еве ја сообраќајката:

http://kurir.mk/makedonija/crna-hro...V-se-sudri-so-motor-avtomobilot-parcosan-FOTO
втор едит...

само што добив информација дека се работело за ЖЕНСКИ шофер на бмв-то... е ај сега? и тоа в оневестинско била облечена. идела накај својата свадба...

е видиш, не ми кажаа дали била плавуша... ако била плавуша, тоа се објаснува...

Крв им јебем скапана..Заради некоја невеста може да почине човек..Имаше и пред 1 месец,некое надувано детиште со БМВ отепа таксист..
 
Чекајте малце другари :)
Батката со моторот ја предизвикал сообраќајката.Иде вака:Моторџијата возел на едно колце,уствари се возеле двајца на моторот,сплет на околности газ преку гла и паднале,од спротива иде невеста во бемвето сакајќи да се избегне сообраќајка шоферо на бемвето бегал во лентите,ама очигледно не успеал да избега.Се на се,се случило.Иначе денеска имало собир на моторџии во велес така да ...вистината има две страни ;)
 
Чекајте малце другари :)
Батката со моторот ја предизвикал сообраќајката.Иде вака:Моторџијата возел на едно колце,уствари се возеле двајца на моторот,сплет на околности газ преку гла и паднале,од спротива иде невеста во бемвето сакајќи да се избегне сообраќајка шоферо на бемвето бегал во лентите,ама очигледно не успеал да избега.Се на се,се случило.Иначе денеска имало собир на моторџии во велес така да ...вистината има две страни ;)

Абе Онак вика дека БМВ-то возело во спротивна насока..Моторџијата си бил коректен..
 
Моторџијата паднал од мотор и лизгал по коловоз(од сигурни извори).Колку и да се лоши возачите на БМВ,во овој случај возачот не е крив
 
Моторџијата паднал од мотор и лизгал по коловоз(од сигурни извори).Колку и да се лоши возачите на БМВ,во овој случај возачот не е крив
во право си... до некаде... еве цела приказна:

-возел на едно во ЕДНОНАСОЧНА УЛИЦА
-го видел бмв-то и нагло удрил на кочница, по што паднал
-бмв-то (возејки во спротивен правец на еднонасочна улица-дел од автопат) почнало да шета лево десно...

значи во право си , ам ане си информиран до крај...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom