Поради Конте сум фан на Јуве, уште од времето кога беше играч. Тренерот е тој во клубот што го понесува товарот и за успех и за неуспех. Како што Конте е главен креатор на моменталниов Јуве, незапирлив во Италија, така да и Конте е главен и одговорен за неуспехот годинава во Европа.
Минатото лето му ги исполнија сите желби (Тевез,Љоренте и Огбона), а Копенхаген требаше да го победи и со Примавера составот. Сваќам дека секој тим има слаба сезона во ЛШ, но кога Конте поставува услов за да биде уште тренер на Јуве, да добие конкурентен тим за во Европа, да му се донесат играчи, јас само посочив дека неуспехот во ЛШ сезонава најмногу лежи врз негови плеќи и неговата 3-5-2 формација.
Точно е дека Конте има не толку јаки играчи за ротација, но не го искупува тоа во однос на Копенхаген, Галатасарај. Тоа се киксови, и тоа мора да се признае. Кога минатата сезона со послаб состав стигна до 4-финале, тогаш мислам дека со овој состав годинава требаше барем да го повторат тоа. Да беше во иста група со Реал,Челзи и ПСЖ, па да не успееше, ајде. Ама против Галатасарај и Копенхаген тоа не е крив ниту составот ниту теренот лош со Галатасарај, ниту ништо. Пристапот и формацијата.
Еве бара засилување, ама и лани бараше засилувања за останување во Јуве, па му ги овозможија, па на крајот не направи успех во Европа!
Да не бидам погрешно сватен, не го критикувам Конте. Јас сум повеќе од задоволен од она што го направи во Јувентус. И знам дека она што го бара (Ди Мариа, Санчез итн) е за квалитетен Јувентус.