Фан клуб - РК Металург

Мислам дека ќе го доведат Мијајло Марсениќ од Партизан.
 
Денес видовме мотивиран, разновиден Металург, со стандардно-цврстата одбрана. Лино е доктор за вакви натпревари, и без разлика колку е поквалитетен Вардар, никогаш не треба да се потценува Металург, на чело со Червар. Честита нека е титулата, ако нема некое ново лизгање до крај (а се ежам од лизгања сезонава :D), а мислам дека ќе ги нема.
 
Не дај Боже Ливерпул да се деси :D
 
Честито победа Металург, а следен пат кога ќе ги опишувате Комити со сите погрдни зборови кои ќе ви текнат, нека ви се врати сликата од вчерашниот натпревар кога Брумен беше плукан од навивачите, кога на полувреме Милиќ и Марко Савовски(извршен директор во РКВ) беа нападнати од навивачи, кога Комити беа тие што се слушаа иако Вардар имаше негатива од 10 гола и нивната песна не запре во ниту еден момент. Како и да е, на страна сето ова, заслужена победа вчера на металург
 
Културата на навивачите во Македонија е мизерна. Тоа е факт кој се покажува на сите дерби натпревари во сите спортови.

Но, мора да се признае дека оваа година ракометните дуели на Металург и Вардар се на далеку покултурно ниво од ланските. И покрај тешките инциденти како што се вчерачниот на полувреме, физичките напади на Комити врз фамилијарни луѓе со дресови на Металург во ЛШ кога Металург беше домаќин (таму ми беше блок картата и гледав што се случува), фрлањето столче на терен накај играч на Металург (среќа не го погоди) кога Вардар беше домаќин.

Не верувам дека некој има заборавено што се случуваше лани на решавачкиот дуел, прекини и инциденти предизвикани од дивјачкото однесување на лицето В.В кој за среќа го нема веќе во Македонскиот ракомет.
 
incident-615x400.jpg

Како што информираат од СВР Скопје, навивачот на РК Металург кој беше вклучен во вчерашниот инцидент на дерби дуелот од ракометниот шампионат со РК Вардар, заработи по приведувањето во полициската станица Гази Баба и парична казна.

Лицето Н.Г (28) било приведено во полициската станица Гази Баба по што веднаш му е даден платен налог согласно Законот за спречување насилство и непримерно однесување на спортските терени.

Од СВР Скопје се преземаат мерки и за идентификација на други лица кои учествувале во нарушувањето на јавниот ред и мир.
http://ekipa.mk/parichna-kazna-za-n...za-navivach-na-metalurg-po-vcherashnoto-derbi

За вакви и слични навивачи без разлика на кој клуб му припаѓаат, треба доживотна забрана за присуство на спортски настани. Абе на ваков на школска приредба не би му дозволил да дојде.
Посто и ли во Македонија ваков закон или за 1500 денари казна може кој сака и што сака да прави?
 
Посто и ли во Македонија ваков закон или за 1500 денари казна може кој сака и што сака да прави?
Па ако стварно е казнет, казната не е помала од 500 евра тоа биди сигурен. За жал се нема услови за забрана на натпревар. Германија така си функционира по 2-3 години забрана затоа на стадионите ретко има испади.
 
Мислиш нема услови затоа што неможат да ги идентификуват личностите. Ако е така е тоа може да си го земат како домашна задача нашите федерации, место да продават „муда за бубрези„ и да филозофираат, нека набават еден компјутер со кој ќе се проверуваат личните податоци на навивачите. Факт е дека поради поединци кои не верувам дека се во голем број се оцрнуват цели навивачки групи. Ова често им се случува на Комити но еве и Пиратите а и останатите не се исклучок. Ако сакаме спорт треба да има ред. Ниту еден спортист, ниту еден судија (иако кај овие вториве сум малку порезервиран) не заслужил да биде псуен, омаловажуван, плукан, гаѓан со предмети и на крај и физички напаѓан. Замислете како се осеќаат светски играчи како Вугринец, Атман, Дибиров кои за прв пат се среќават со ваква навивачка некултура. Да не зборам за публиката која дошла спортски да навива а доживува терор.
Секоја чест навистина за верните навивачи, без кој ниту еден кклуб неможе, кои се за среќа во поголем дел и кои од срце си го подржуват тимот за кои навиват и ги носат напред. Како што оваа година беше со лигата на шампиони каде што според мене Комитите покажаа далеку поквалитетно и поорганизирано навивање од Пиратите кои додека се играше со Кил никаде ги немаше или пак ги имаше во толку мал број што гледајки на телевизија не се ни забележуваа.
Според мене дефинитивно треба реорганизација и редефинирање на казните. За она што се случи помеѓу Работнички и Куманово, се ирекоа некој смешни и симболични казни. За такви испади особено на домаќинот потребно е според мене ислкучување од лига. А не 500 евра казна и 3 натпревари неиграње за Соколов.
Поентата ми е дека најголемата кривица за хаосите и ниското ниво кои ни се случува во домашните првенста е токму во Федерациите, а дури после кај навивачките групи и најмалку кај спортистите.
 
Нема услови, а многу работи треба да се средат за да може да се стави забрана. Секој стадион/сала треба да има камери на влезовите и внатре кои работат, редарски служби, систем кој ќе ги евидентира тие навивачи, карти и сл. Низ Македонијава само 3-4 клуба продаваат карти, другите сеуште користат парагончиња, а ние бараме забрани за утакмици. Далеку сме од тоа.
 
Честито победа Металург, а следен пат кога ќе ги опишувате Комити со сите погрдни зборови кои ќе ви текнат, нека ви се врати сликата од вчерашниот натпревар кога Брумен беше плукан од навивачите, кога на полувреме Милиќ и Марко Савовски(извршен директор во РКВ) беа нападнати од навивачи, кога Комити беа тие што се слушаа иако Вардар имаше негатива од 10 гола и нивната песна не запре во ниту еден момент. Како и да е, на страна сето ова, заслужена победа вчера на металург
Прво фала за честитките. За погрдните зборови едни кон други не си ни Комити нешто поразлични, а за Брумен и мене ми беше жал што го плукаа, човекот со ништо не го заслужил тоа (баш ми има оставено супер впечаток). Иначе и на Кале се плука и сегде, тоа е реалноста. Сега за навивањето. Бевме над 250 луѓе на трибина. Кога ќе почневме да пееме комити не се слушаа ама проблемот е што нема кој да води навивање. Измеѓу песна има по пола минута, минута ќутење дур да се договрат која песна да се пее, многу се чука со раце без да се пее, секој напад на противникот се свири наместо да се продолжи со песна. Од друга страна па Комити не престанаа да навиваат и кога напаѓаше и кога се бранеше Вардар. Неколку пати само свиреа кога беше Металург во напад и дали 1-2 пати чукаа со раце. Добро издание.
 
DSC_007770_resize.jpg

Ацо уште не истуширан со Туборгот во раце. :D
 
Јасно ми е дека слични работи се случувале и на Кале, меѓутоа таква е културата општо на македонскиот народ, Комити сезонава беа милион пати оцрнувани и вреѓани и опишувани како од гомно пониско да сме, а реалноста е дека без разлика кој клуб игра и која навивачка група е присутна во салата, упаљачи и парички задолжително летаат у терен пропратени со по некоја плуканица и слично.
 
Културата на навивачите во Македонија е мизерна. Тоа е факт кој се покажува на сите дерби натпревари во сите спортови.

Но, мора да се признае дека оваа година ракометните дуели на Металург и Вардар се на далеку покултурно ниво од ланските. И покрај тешките инциденти како што се вчерачниот на полувреме, физичките напади на Комити врз фамилијарни луѓе со дресови на Металург во ЛШ кога Металург беше домаќин (таму ми беше блок картата и гледав што се случува), фрлањето столче на терен накај играч на Металург (среќа не го погоди) кога Вардар беше домаќин.

Не верувам дека некој има заборавено што се случуваше лани на решавачкиот дуел, прекини и инциденти предизвикани од дивјачкото однесување на лицето В.В кој за среќа го нема веќе во Македонскиот ракомет.

Дај ми еден пример каде навивач на Металург или некој негов играч е допрен со прст изминативе години?
Досега не паметам на ниту еден обичен гледач на Металург да му фали нешто кога играле во Кале или Борис, за разлика од вас пацифистите антички да те потсетам на ударот во главата на Собол, напад на обичен гледач на Вардар од страна на пиратите пред една година, напад врз младинската школа на Вардар, напад врз обичен гледач на Вардар во првиот натпревар од ЛШ (на крај нашиот бил казнет со 500 евра)толку си ја гледал првата средба, сигурно не го виде и столчето на Чокре кога за малку не замавна врз судиите?
Зашто се правите толку невини не ми е јасно
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom