Јас еве лично како што ветив темане ти правам

, затоа што да успееш на начин на кој ти успеа е стварно успех. Мораш да бидеш високомотивирана и интелигентна личност за да створиш од ништо нешто и тоа во друга држава каде незнаеш нити јазик нити некој кој би ти пружил рака. Јас искрено не би се нафатил така, нити сега нити пред 15 години. Можеби немам мадиња, можеби немам доволно памет или мотивација сеедно.
Но ете кога тоа го разјаснивме колку од овие тука се спремни на таков ризик, утре само со торбичето на рамо да заминат во туѓина. Колку се спремни да спијат на клупи, да јадат конзерви за кучешка храна што би рекле, да се капат по фонатни и цркви и да се надеваат дека еден ден сето тоа ке им се исплати и дека ке успеат. Колку се спремни да си го загрозат и тој каков таков комфорт што го имаат тука за да можеби еден ден таму им се исполни сонот. Не секој има таму некој да го прими, да го крепи додека се накрени и осамостои.
Исто и нека земат во предвид дека си свој газда а не вработен за да не се залетуваат со цифрите.
Искрено не гледам повеќе нити еден изговор за некој кој наумил да бега да си го спакува ранчето и да бега, пошто ако сака да успее само и тоа ке му е потребно.