Фан Клуб: Интер

Без мотив влегоа во мечот. Никој не се залагаше, не дека другиве па нешто се утепаа од играње ама со таква игра од двете екипи и 2 месеци да играа гол немаше да падне. Само гол од прекин можеше да падне. По тапа дерби немам гледано.
 
По досадна утакмица, амин. Во Мондано повеќе ја меркавме келнерката и го тролавме Син отколку што глеавме фудбал. Чао.
 
Не се нервирајте, ќе се премисли Занети после утакмицава :D
 
Не, сериозно, крајно лешперски потеК од страна на Џиги... Ало говедо последно граЦко дерби му е на Капитенот бе дегенерику ниеден а ти го оставаш 90 минути на клупа...

Дај Боже да се предомисли и да одигра макар уште една сезона, не доликува институција како него на ваков начин да ја заврши кариерата.
 
„Чувствувам дека ова е вистинскиот момент да се пензионирам. Фудбалот ми даде многу и уживав во секој момент. По повредата на Ахиловата тетива минатата година, сакав да докажам дека можам да се вратам и одново да играм фудбал на највиско ниво, и успеав во тоа. Се чувствувам исполнет, и сфатив дека, да се пензинираш на 40 е бесценето чувство“, изјави Занети.

„За мене ова е нешто што има неизмерна вредност, и сега е правото време. Сонував да ја завршам кариерата во Интер, во мојот дом, и го сторив тоа. Сега, во улогата на директор, ќе се обидам да му бидам од корист на клубот надвор од терените. Нов свет се отвара за мене, ме чека огромен предизвик, па возбуден сум поради тоа. Подготвен сум да учам“, додаде легендата на „нероаѕурите“

:cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:
 
Последно уредено:
10177474_10152465351404973_3294231735061482365_n.jpg


Ќе фалиш на терените голем човеку! Уште ти остана од стара гарда и џентлментска школа. :cuc:
 
Искрено, не знам како да се спремам за таа опроштајна утакмица, ќе си останам дома најверојатно, сам, да се исплачам као мало дете. :icon_mrgr::place:
 
Сите дома викендов, да не не глеа народ како плачеме по кафичи. :D
 
Ја да сум Curva Nord, 90мин би пеел "C'e solo un capitano", а со нив и цел стадион.
 
Ѕидот официјално во Фиорентина.

Класична глупост ако се прашувам јас, можеше да остане уште 1 сезона како бек ап.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom