Individualism is the moral stance, political philosophy, or social outlook that stresses independence, self-reliance and individual liberty. Individualists promote the exercise of one's goals and desires, while opposing most external interference with one's choices, whether by society, the state, or any other group or institution. Individualism is opposed to collectivism or statism, which stress that communal, community, group, societal, or national goals should take priority over individual goals. Individualism is also opposed to tradition, religion, or any other form of external moral standard being used to limit an individual's choice of actions.
Individualism has a controversial relationship with egoism (selfishness). While some individualists are egoists, they usually do not argue that selfishness is inherently good
значи ова е дефиниција од википедија.
Wikipedia....големата јавна енциклопедија во која девет Грци против тројца Македонци автоматски укажува дека Македонија е Грчка.Моќ на едитирање,концепт на субјективитет и тн и тн....од филозофски аспект,јас пропагирам свој субјективитет,нормално со одредени метафори како "conquer the world",кој буквалист секако дека нема да ги обработи правилно.
Without looking through the net,one must know that an individual may not agree with all the enforced consistency in the world,and in all the smelly harmony that twists itself through our necks in the form of capitalism,money-hunger,religion and bla..one must actually survive with his uniqueness.
Значи,ада е поприлично во право.Апсолутна индивидуалност денес не постои.Да се поправам...не може да постои.Дефиницијата сама по себе е неизводлива ин риал лајф.Затоа,личното гледиште и начинот на искажување на себеси,како импресија во очите и лицата на другите можат да извлечат некоја нова форма на индивидуалец,која би била компатибилна со глупото време и глупото општество во која живееме.
Some go by the book,some write the book themselves
Ништо не треба да биде употребено како оружје. Ова можеби личи на време и место каде за да преживееш треба да знаеш да ракуваш со самурајски меч и колт 45 во исто време, но прво не е, а второ и да е, не треба да биде така.
Зошто не е? - Затоа што секогаш крај тебе со бројот на непријатели кои ги имаш во енормен број токму заради ова “во дивина сме“ размислување, имаш и пар луѓе кои безрезервно ќе те сакаат а се многу поважни од оние кои ќе се обидат да ти наштетат. Илјада хејтери се множат со нула кога крај тебе е само еден кој ќе ти помогне безрезервно.
Зошто не треба да биде? - Зашто моето сфаќање е “не напаѓај“, што е во согласност со религијата а против името на темата а кога би го почитувале сите тогаш никој нема да биде повреден.
Туѓото мислење,особено она кое се базира на(се надевам) искрен пацифизам и позитивно гледање на животот,морам да го почитувам,чисто бидејќи не сум способен да го чувствувам.А со самото тоа,моето гледиште е поинакво.
Во однос на првиот дел-дека светот не е дивина во која треба да се базираш на алфа елементот пред зборот мажјак...океј,мораме да сфатиме дека во моменталниот округ на битисување,имаме ситуација во која успехот е далеку од загарантиран.Имаме ситуација во која човек за да преживее мора да заврши факултет или да работи.Ако се одлучи на првото,сигурно ќе се сретне со "сопката",во ликот на некој шугав професор кој мора да кутка студенти за да има обрт на пари.И оп,борба.Ако се решиме на второто,треба да имаме среќа и да знаеме да се снајдеме.Пак борба.Според мене,ако имаме талент или некоја уникатна црта,треба да ја покажеме со сета нејзина јачина,да поставиме темел во општеството,да се избориме априори за позицијата,што подоцна ќе ни донесе многу помалку проблеми.Искуството треба тоа да го наложи.Но,позитивци сме/сте.ОК.
А за вториот дел,дека не треба да биде така...се согласувам целосно.Ова е радикална ситуација,а индивидуалецот сепак одмалце мора да се фати за тангото.And it's a preety fucked up world.The soul of the one with talent needs to harden.Untill better times come.
И на ваков морал јас треба да се покорам? На ваков морал треба нашите родители да се покорат кои не родиле? Кога би биле индивидуалци и се воделе по вакви правила требало да не абортираат, бидејќи сме вишок, а и сигурно би се приврзале за нас како деца а тогаш веќе се губи и независењето од никој.
Иако ти дава простор да го викнеш питачот кој го спомна, не треба. Тој е човек како ти, и неговото безмилосно искористување те става тебе во позиција да се вртиш во кругот. Наречи го карма, the force, сила на универзумот, Господ... ти влегуваш во циклусот на природата од која никој не успева да избега. Машината постојано врти, и оној кој мисли дека е надвор од неа, всушност се наоѓа во центарот.
Ако ситуацијата го бара тоа,да.Посебноста во делувањето е индивидуална нишка.Дедо ми,кога ја градел нашата куќа,немал доволно пари за мајстори.Ама,стариот цел живот бил успешно лицемерен пред градските фаци од било каков калибар,па дошле роми,пропаднати ликови,бозовци,бездомници и пијаници,и му помогнале.Со тоа што знаел да се постави правилно,добивал што сакал.Самоделски,братче...самоделски
Времето си бара суровост.Па дури и кон оние со мека душа,со уметнички импринт,пацифистички идеали.Иако овде ќе бидам далеку од суров велејќи дека ми е мило заради тоа дека има сеуште луѓе кои не прифаќаат вакви работи.I'm actually glad for that.
Ама нема да се согласам во однос на кармата.Има итекако начин да се одбие тоа.
Ова е чиста слика на колективизам. По сила на прилика, толпата се убедува себе си (за општо добро) дека царот е облечен.
Сепак да, во животот се работи како ќе одиграш, не како ќе добиеш... но затоа секогаш е муабетот од погоре со центрифугата. Јас знам дека никој не сака да го одбере потешкиот пат, но тој секогаш е исправниот. А центрифугата не ја измислив јас, милениуми наназад се доказ за моето тврдење.
Објасни ја центрифугата,историски,преку примери,па докажи ми го потешкиот,но вистински пат за еден индивидуалец да ја преживее групата.
Јас,од моја страна,ќе ја објаснам локомотивата,како поопиплива и попластична работа,во контекст на вагоните,во најконтекст и смисол на зборот minion,кој толку упорно го мразат позитивците.
Локомотивата измислува мегарелигии,во кои човештвото го става во стадо,во кои имплицира заедништво и го балансира магнетизмот (+)(-) во едно безлично монотоно квазиопштество без боја.
Локомотивата продолжува со тоа што не прифаќа нови идеи и напредок,во име на одржување на колективното ништо кое фиктивно го создала.Јагленот на Бруно е пример кој сите го знаат.Инквизацијата и Крстогрозните Војни уште подобар.Едно генерално СУС за сите кои се осудиле да речат ЈАС.
Одиме многу понапред.Локомотивата ги измислува идеологиите.Комунизмот тука игра огромна улога.Отровни стрелички летале на вратовите на оние кои знаеле повеќе одошто треба.Па врвните спортисти во СССР биле труени и лупани во затвор од страв дане им текне да одат да репрезентираат некоја капиталистичка држава(да,примерот е добар,ако добро се сфати).Потоа Капитализмот и неговиот систем на корпоративна власт,во која не се остава скоро ич простор за оние кои сакаат постигнатиот успех да биде само нивен и плодовите само за нивна дегустација.Пример за тоа би биле филммејкерите,кои за да снимат филм,треба да најдат спонзори,а со самото тоа да трпат услови.Уште полошо ако не се независни,туку во одредена Продукција(Филмска Куќа),па да им се налага колку да трае филмот,кој глумци да се ангажираат и дали типот у главна улога да вози Фиат наместо замислената Хонда.(и овој пример држи вода,нормално
)
Спред горенапишаната логика,се доаѓа до заклучок дека во таков свет,ако си индивидуалец,мораш да правиш компромис,со што можеби ќе ја изгубиш таа титула во некои шугави дефинициони книги и енциклопедии,но нема да ја изгубиш како импулс,туку ќе ја чуваш,гаиш и унапредуваш во себе,а за да преживееш,ќе бараш најдобар рецепт,од оние премалку кои ти се дадени.
Најлесно=најдобро.
The Forbidden Apple was always meant to be picked
Но токму тоа значи, индивидуален самотник.
“Individualists promote the exercise of one's goals and desires, while opposing most external interference with one's choices, whether by society, the state, or any other group or institution“
Ти секако можеш да се извадиш дека мислењето е индивидуално, но тоа нечие мислење е сепак наметнат став од некој друг. Тој некој друг од некој трет. Секој став е наметнат став, никој од нас не е растен во пештера. Индивидуализмот во склоп на општеството е лага.
Плус, кога ти би прифатил нечие размислување како вредно за процесирање, и извадиш дел од него, си ја загубил индивидуалноста.
Нема потреба да се расправаме за ова,бидејќи погоре напишав дека делумно се согласувам,ама сепак мора да се дадат забелешки.
Нема да навлегувам во тоа дали се-или не се согласувам со ВикипЕДИ(Т)ја,ама ќе поставам прашање сепак:
Што подразбираш под External interference?И во каква форма и со каков ефект тоа го замислуваш?Нема да презентирам свој став,ама сепак сакам после твојот да ти доловам како сепак индивидуалецот во денешно време тоа може да го направи прифатливо,иако во постапки оди малце девијантно.
Потоа,ако си ме читал наназад,јас претходно кажав дека денес е тешко да бидеш нешто што некој пред тебе веќе не бил,освен во минијатурни нијанси.Тоа е факт.Има можеби некои(нагаѓам)200 милијарди скапани лешеви под земја кои еднаш биле луѓе и еднаш биле индивидуалци или пак обична стока.Репетитивноста е жална вистина.Ама арогантното налагање на сопствената посебност,плукајќи по туѓата-е среќен благодет.
Не, пријателите се битни. Сојузниците знаат да го раскинат сојузот и тоа во последен миг кога се најпотребни.
Морам еден глуп пример овде да дадам,малце надвор од темава,ама сепак не толку.И Русија го раскина сојузот со Антантата после Октомвриската Револуција,па Антантата пак победи и Германија трпеше санкции(не дека баш многу трпеше,ама ај),а другите држави од оската беа расцепени.Поентата ми е,дека сојузниците се добредојдени.Понекогаш неопходни.Не секогаш.Зависно од сопствената моќ на еден човек да се справи со проблемите.
Јас не ја оспорувам потребата од имање пријатели.И тие се потребни.Кога веќе индивидуалецот решава да се компромитира за да преживее во општеаството,ќе мора да ја компромитира малку и својата потреба од самотен живот,кога веќе се натегаме околу тоа.Да,потребни се луѓе околу нас.
И во овој случај,кога се работи за пријатели,потребна е селекција.Во целиот тој компромис,индивидуалецот би одбрал малку луѓе кои би ги почитувал,и многу луѓе кои му се потребни за експлоатација.Моја точка на гледиште,јебига.
Еве, тоа е ставот на кој се спротиставувам. Не смее да има деградирање по никој основ, бидејќи и над попот има владика.
Над владиката Архиепископ.И според глупата христијанска логика,над него Бог.Зачаран круг без поента и крај.Фак дет.
Јас само барам термин кој е подобар од тој "супериорност",кога веќе зборуваме за апсолутности.Најди ми некој на Википедија
И ова нема никаква врска со индивидуалност. Единствено кое се согласува со дефиницијата во реченицата е дека сакаш да го владееш светот.
Единствено што треба да биде јасно е тоа дека The World е релативна работа,неосвоива ако не си масон
)) и затоа користена како пример за индивидуална перфекција(индивидуално прифатена како перфекција,тенденциозно и со желба да биде прифатена и од опкружувањето).
Во моментов,како заклучност на муабетов ми доаѓа тоа дека сепак има потреба светов од луѓе кои не се слагаат со целата идеологија на контролфрикови и масовна послушност без бенефиции.И јас сум тој,бате,ама едноставно неможам да си го дозволам тоа размислување.Како што ти неможеш да го прифатиш она по кое сум тргнал и од кое нема враќање.Истомисленици со различни искуства.Чие е правилно,не ме интересира.
Моето делува.