Тамарче
Ако одам во Битола..
- Член од
- 11 јули 2007
- Мислења
- 3.239
- Поени од реакции
- 223
Многу точно. Индивидуалноста е лага, повторена многу пати, споменувана и посакувана дупло толку. И токму ради тоа што е премногу форсирана, и на некој начин „совршена“, сите и` се поклонуваат и ја почитуваат.Многу се интересни овие луѓе кои мислат дека индивидуалноста е реална работа. Индивидуалноста единствено се покажува во фините нешта... додека во општеството и секојдневието, сите сме испреплетени, а и кога човек би се обидел да не се грижи за ништо околу себе, се доведува во ситуација да биде мизерен и гнасен бидејќи да се биде “човек“ покрај именка која означува животиснки вид, го означува и неговото место во природата, како нешто подобро од обичен месојад во планина.
Индивидуалноста е производ од скептицизмот. Она од што единката се плаши да го спознае и перципира, па на некој начин наоѓа утеха во тоа дека всушност не треба да го интересира ништо освен самиот себеси, заедно со сопствениот систем на вредности.