Ја обожавам секоја сцена во која што е Sophie Turner, не дека не сум го спомнал ова милион пати. Kit исто, Jon's my dude. Многу емотивен момент ми беше кога Bran ползеше и викаше по брат му, а знаеш нема да има средба помеѓу нив. Барем Ghost се врати.
Многу работи има што ми се допаднаа во епизодава, ама така е во секоја. Затоа би го издвоил она што не ми се допадна, Daenerys секако. Знам дека после секоја епизода мрчам, ама се чувствувам принуден. Мора некој.

Многу важна сцена, се откриваат важни детали за последиците од нејзиниот поход и конечно некаков вид на реализам да добиеме во нејзината приказна, ама барем малку емоции да покажеше. Многу просечна актерка ми е Emilia, барем такво мислење добивам како што минуваат епизодите. И сценариото не ми се допаѓа воопшто, така да можеби не треба целата вина на Emilia да се префрли. Како го кажа тоа "It appears my liberation of Slaver's Bay isn't going quite as planned", уште laugh track да пуштеа во позадина. Покажи малку емоции по ѓаволите, само што дозна дека твојот поход само ги влошил работите во Astapor и Yunkai, сама си во просторијата со човек кој ти е верен сопатник веќе неколку години, довери се, да ја видиме малку и другата страна на ликот, ако воопшто ја има. Стојам на тоа дека е one note, монотон лик, барем после првата сезона. Очигледно за мнозинството фанови функционира тоа, badass кралица што се дере на измислени јазици и ослободува робови a la 'Murrica, ама мене воопшто не ми се допаѓа. Не во серијал кој што е исполнет со огромен број на комплексни ликови. А се трудам да ми се допадне, најмногу заради тоа што на почетокот ептен сочувствував со ситуацијата во која што се наоѓаше и начинот на кој што израснала, ама се додека го третираат вака нејзниниот лик нема да се случи тоа. Барем Viserys да останеше жив, колку поитересно ќе беше, Seven rest his soul.
И колку грубо и да звучи, ако ваква епизода ви е досадна, прекинете го серијалов, најсериозно. Серијава блеска во вакви епизоди, да fantasy е и сакате да гледате змејови како палат робовладетели, отруени кралеви и обезглавувања, ама и drama е, и разбирливо е најголемиот дел од серијата да биде исполнет со вакви моменти. Мислам, се открива дека Petyr оркестрирал многу повеќе отколку што досега се мислеше, на некој начин и пресврт во приказната добиваме, и тоа досадно е? Мене одма после интрото ме фаќа паника дека епизодата се ближи кон својот крај, дури и оние епизоди што не ми се допаѓале и сум ги критикувал, како третата од оваа сезона, никогаш не ми биле досадни. Сега ова испаѓа како да викам дека не смеете да пишете дека нешто ви било досадно, што не е воопшто случај. Ама не ми е јасно како останавте до четврта сезона ако вакви епизоди ви се досадни, бидејќи ги имаше во голем број досега.