- Член од
- 27 ноември 2007
- Мислења
- 31.061
- Поени од реакции
- 74.697
Имаше влез во соблекувална уште на полувреме...Имате тежок лузер од тренер и ботови самонаречени играчи. Какви педе*чиња ни играат во фудбалов да се упукаш у колено. Само не ми е јасно зошто ќутите и не превземате ништо за да го избаците пацеров од тренер. Порано у автобуси, у соблекувални влагавте што е проблемот што гледате како губите од секого а не преземате ништо. Европа нема шанси да играте со оваа игранка.
Не ми е јасно.
Џабе е друже се, толку им е квалитетот.
И самите бевме свесни после неколку кола од прлетниот дел дека титулата е веќе загубена. Не затоа што има некој јак состав во лигава, туку затоа што ние бевме без кормилар, а богами и без квалитетни играчи.
Не можам да не споменам, не сакам да излезе како плачење, ама стварно немавме среќа ниту со повредиве.
Па на една утакмица не игравме целосно комплетни. Постојано некој ни се повредуваше, и кога таман фативме ритам со играње на неколку помлади фудбалери, се повредија и Асани и Ацевски. Повредата на Асани за нас беше отпишување од трката за титулата, а богами многу тешко дека ќе дојдеме и до Европа. Шкендија е во налет, а богами и заслужија после игриве во вториов дел да завршат пред нас.
Сите сакаме да играме во Европа, но што би правеле во Европа со овој состав
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Денеска според мене не изигравме лошо. Немавме среќа први да постигнеме гол иако имавме две прекрасни шанси.
Да дадевме први гол мислам дека подруго ќе се одвиваа настаните. Среќата ни врти грб и во фудбал и во ракомет, тоа е тоа. Можеме да држиме лекции како да изгубиш СЕ за недела дена. Очекувам уште и во ракомет да ја загубиме титулата и ова да биде најбаксузната сезона за нас на секое поле.
Прво Работнички при една шанса ја извадија топката од линија.
После Фичо конечно покажа некое знаење, си направи одлична позиција за шут, и непречен од никој биеше крај голот од 15-тина метри
![Тажен :( :(](/styles/default/xenforo/smilies/frown.png)
Мораше да постигне гол во оваа ситуација.
За наивните примени голови сме самите криви.
Еххх Борче Маневски кога стигна да ја реши сезоната се е кажано.
Ништо посебно не е Работнички, 2-3-ца играчи им прават разлика особено на средината од теренот. Во одбраната се камења...
Ние ја тупевме топката безпотребно пред нашиот шеснаесетник, Борче ја зема и буквално ја распали во горниот агол и со прекрасен гол во најлош момент за нас погоди за 1-0.
Втора утакмица по ред примаме гол во продолжение од Работнички. Како само наивно оримивме гол. И на неколку наврати ни ја изиграа истата акција од корнер, ама ние бевме ПРЕАМАТЕРСКИ поставени. Никој не забележуваше дека еден играч на Работнички оди да прими топка по корнерот, дефанзивецот наш задолжен за соодветниот играч, касно излетуваше, тој што го изведува корнерот одеше на добра позиција, и со дупли пас си добија шанса за шут, по кој Маневски среќно ја протна топката крај стативата
![Тажен :( :(](/styles/default/xenforo/smilies/frown.png)
Но тоа не беше се, имавме шанса да намалиме и ако погодевме сигурен сум дека друг ќе беше резултатот.
Гроздановски мина неколку играчи, излезе сам пред гол и се посрамоти шутирајќи крај голот
![Плаче :place: :place:](/styles/default/xenforo/smilies/cry.png)
Нашите играчи добија предупредување на полувреме откако наши членови влегоа во соблекувална.
Второ полувреме тргнавме лошо и Работнички можеше да зголеми на 3-0, но не успеаа.
Постигнавме гол кој мораше да не врати во игра.
Работнички го извади веќе Маневски и се препушти на одбрана, а ние намаливме на 2-1 преку Петров и фрливме се на една карта - нападот.
Не знам зошто Андреев не му дава шанса на Бујчевски, кога Ивановски не е многу ефективен...
Имавме две добри шанси и со нивното промавање отиде титулата...
Прво сите ја видовме топката во голот, откако по едно нафрлување ударот со глава на Петров ми се чини, Татариштено го одбрани со парада
![Плаче :place: :place:](/styles/default/xenforo/smilies/cry.png)
Потоа Деспотовски си направи место за удар, биеше од работ на шеснаесетникот, но одново без среќа, крај голот...
Тука оставивме многу место за игра, па Работнички имаше шанси по контри.
При една таква контра, одново пренаивно, откако го стигнавме играчот на Работнички, место да го искинат па макар и црвен да добиеме, имаше некој мек клизач, топката среќно се одби од него и му стигна на шут, кој беше блокиран и некако заврши во статива, и нормално одново таму немаше ниеден наш играч, по што Тодоровски реализираше за 3-1.
До крајот погодивме и статива. Среќо каде си?
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Благодарност до медицинската екипа на Работнички кои изреагираа откако се онесвести еден наш член на трибина. Се крена паника на трибината, а специјалциве мислеа тепачка има ццц Многу бавни беа во реакцијата, а од нашиов тим не мрднаа...
По мечот играчите беа испратени со ПРАЗЕН ГРАДСКИ, ЗОШТООО...
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Повеќе среќа следна година, со менување на работите од темел, почнувајќи од клупата на Вардар.