НБА Сезона 2013/2014

  • Креатор на темата Креатор на темата grande-juve
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во сезоната 2013/14?

  • Бостон Селтикс

    Гласови: 2 2,5%
  • Њујорк Никс

    Гласови: 2 2,5%
  • Чикаго Булс

    Гласови: 17 21,5%
  • Мајами Хит

    Гласови: 17 21,5%
  • Сан Антонио Спарс

    Гласови: 9 11,4%
  • Индијана Пејсерс

    Гласови: 1 1,3%
  • Хјустон Рокетс

    Гласови: 1 1,3%
  • Оклахома Сити Тандер

    Гласови: 8 10,1%
  • Денвер Нагетс

    Гласови: 2 2,5%
  • Лос Анџелес Клиперс

    Гласови: 5 6,3%
  • Лос Анџелес Лејкерс

    Гласови: 6 7,6%
  • Голденс Стејт Вориорс

    Гласови: 0 0,0%
  • Бруклин Нетс

    Гласови: 2 2,5%
  • Атланта Хоукс / Перо Антиќ

    Гласови: 6 7,6%
  • Мемфис Гризлис

    Гласови: 1 1,3%

  • Вкупно гласачи
    79
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Од поле За три Слободни
60.9% 57.9% 83.3%
Процентите на Оклахома вчера. Против ова не се може, па макар и 100 Рендолфи играле. Страшни проценти се ова...[DOUBLEPOST=1399198027][/DOUBLEPOST]Kevin Durant has been named the MVP. :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
Добро е, мислев ќе се искурназат овие од НБА и ќе ја дадат МВП наградата во погрешни раце. Апсолутено заслужено, најдобар сезонава. (y)
 
Последно уредено:
Брат хејтам, и ми се може, искрено. Мислам и самиот знаеш што значи да си фан на Лејкерс у моментов, се деси една од најтешките сезони во историјата на клубот, плус летоска сета фама што се крена околу смешникот и пак не заеба, а кога ќе ми текне му правеа банери низ цел град: STAY :facepalm::facepalm: Ја не оспорувам дека одлично ја изиграл серијата, него му се смеам на него затоа што не пројде прво коло, а пред да почне сезона очекуваше титула. Син најубаво го опишал тука, нема никакви лидерски способности, т.е. има ама за во циркус пошо не може да прекине да се смее, очигледно.

Иначе тим каде што Харден е прв играч кога ќе освои титула јас гол ќе шетам од тука до Дебар и назад. Еден од најпреценетите играчи во лигата, огромен трошач на топки, одбрана 0 (ОГРОМНА НУЛА) и никаков став на теренот. Погледни ги бре Леброн, Коби, Вејд, чудовишта, страв да те фати коа ќе видиш, а овој како сирот делува кога ќе го видиш, башка со тоа брадиштето... :pos:

Абе види сега јас ве разбирам, ама на некој начин мислам дека претерувате.

1. Се жалиш ти за Лејкерс, што да речам јас или другите на форумот што се за Филаделфија? Инволвирани во истиот трејд бевме. Она што ни го направи нас Бајнам е два пати полошо од она што ви го направи вас Howard (вие барем една сезона до плејоф стигнавте), па си ме слушнал некаде да му се смеам на Бајнам што не ни го играат во Индијана? Реалноста е дека вие за Howard потрошивте едно големо ништо (Bynum), а ние цел тим си го распаднавме за него па сега мора се од почеток.

2. Ѕвезди на сите екипи постојано им заминуваат а ниту едни други на форумот не плачат толку колку оние на Лејкерси за Howard. Што да речат на пример кутрите фанови на Минесота, Лав кога ќе им замине идната година ако не го трејдаат дотогаш? И што е најјако, реално Howard го направи најпаметниот потег за него од она што беше понудено. Хјустон навистина му беше и се уште е најдобра шанса за освојување на титула од понудените екипи. Теоретски подобра варијанта за оваа сезона му беше Далас, ама тоа само за оваа сезона во иднина тие ништо не можат, стари се.

3. Вашето исмевање не е само во насока на тоа дека ви е мило што Howard не успеа сезонава. Да беше тоа немаше никаков проблем да има тоа е разбирливо. Ама повеќето од вас велите дека Howard никогаш нема ништо да постигне бидејќи бил плачко не бил лидер и што се уште не и дека е виновен за неуспесите. Тоа едноставно, особено оваа сезона не е точно. Howard направи се што можеше да направи за да ја добие оваа серија, едноставно сите екипи на западот се јаки и нијанси одлучуваат. Реално Портланд имаа повеќе среќа од Хјустон. На теренот беа практично изедначени.

4. Хјустон се најмладата екипа во плејофот. Тие уште од пред почетокот на сезоната најавуваа дека тимот се уште им е во изградба и за тоа не сакаат да си трошат assets за постари играчи бидејќи подолгорочно планираат да бидат во борба за титула. Ова е само почеток за нив. Ќе видиме допрва дали ќе освојат или не. Сезонава и онака не беа толку фаворизирани како што вие викате дека биле. Во најмала мера од Сан Антонио, ОКС, Клиперс и Голден Стејт повеќе се очекуваше отколку од Хјустон пред почетокот на сезоната, а Хјустон беа тука некаде со Мемфис. Не би рекол дека имаа неуспешна сезона баш.

П.С. Харден е сосема друга приказна. Реално и јас почнувам да имам сомнежи во неговата игра, пред се во тоталната незаинтересираност во одбрана. Вината за поразот покрај на тренерот паѓа во голема мера и на него и сериозно ќе треба да си размисли летово што прави. Во напад и покрај лошата серија е врвен играч (иако игра доста механички), ама без дисциплина и труд во одбрана, секогаш ќе биде огромен проблем за екипата, не може сите грешки Howard и Beverly да му ги покриваат.
 
Мене ме нервира начинот на кој Хауард замина од Лејкерс и што после тоа јадеше гомна за Лејкерс. Само и од Лејкерси се глупаци, кој кур е Хауард па да му прават банери STAY? При еден Коби во екипа они на Хауард му прават банери човече :facepalm: Инаку тоа за лидер верувај дека е точно, он можеби сезонава имаше добри бројки и слично, ама улогата на лидер ја нема, едноставно не му е дадено од Господ. Он си игра добро ама лидер не е. Не може да биде лидер човек што кога ќе направи бунар од слободно се смее како најголем кретен, не може да биде лидер човек што се клешти ко удрен кога неговиот тим губи со 30 разлика... Ќе направам споредба со Коби сега, во 2009 кога играа во финале со Орландо, на 3-1 за Лејкерс и водство од 15 разлика во петтата утакмица на еден тајм аут Коби го фати за коса Гасол и у фаца му се издра: NO MERCY, NO MERCY!!!!!!!!! Е тоа е лидер, а не ова смешново суштество.

А тоа споредбата со Лав не ја сфаќам затоа што Хауард не е ни прва ни последна ѕвезда што напуштил некој тим, и Леброн замина од Кливленд, и Гарнет од Минесота, и Пирс од Бостон па никому ништо, али пак ќе ти кажам, начинот на кој замина беше педерски и затоа го хејтаме ние фановите на Лејкерс.
 
Го серете Хауард, ама затоа Коби #TheChosenONE #BlackMamba #GOAT си зема нов макс договор и затоа сега ќе си играте со Swaggy P у тим како втора опција :icon_lol:.

Која иронија човече.
 
Го серете Хауард, ама затоа Коби #TheChosenONE #BlackMamba #GOAT си зема нов макс договор и затоа сега ќе си играте со Swaggy P у тим како втора опција :icon_lol:.

Која иронија човече.
Тоа беше дебатирано од наша страна(фановите на Лејкерс) и скоро сите рековме дека тоа е лоша одлука. Коби што и да направи не можеме да му замериме, ипак човекот му има донесено 5 прстени на Лејкерс, а за разлика од него вошката Хауард ништо нема направено у својата кариера, особено ништо за Лејкерс нема направено па затоа и хејтот кон него има основа.
 
Веројатно и 99 посто од фановите размислуваат како тебе, што воопшто не се согласувам. Ниту еден играч не е поголем од тимот. Коби ги закова за дното Лејкерс за уште две сезони за да се збогати за некој милион поише, што воопшто и не му значат ништо на него.

Го критикуваа Леброн за одлуката да се здружи со Вејд и Бош, за да освојат ТИТУЛА, не за ПАРИ (баш напротив, тројцата се веројатно најпотплатените играчи во НБА)

А за себичната одлука на Коби да се збогати на сметка на тимот збор не се кажа.

А најочајно беше па кога го прочитав неговиот изговор, демек ние играчите сме исто така и бизнисмени, па планираме да вложуваме и после нашите кариери и мора од сега да почнеме :facepalm:. Како циган некој, катастрофа.
 
Абе лоша одлука е тоа, нема збор тука, самиот си се закопа на 5 прстени најверојатно... Леброн не знам кој го критикувал ради тоа, ама јас не сум сигурно, не ми пречи што потпиша во тим со уште 2 супер ѕвезди. Тоа е што е, пак ќе кажам, лоша одлука на Коби, ама нема назад...
 
Ако си прочитал дека играчите се бизнисмени, тогаш сигурно си прочитал и дека он не им побарал толку пари, туку на нив тоа им била и првата понуда што он ја прифатил. Не викам дека ако понуделе 2 мил. ќе прифател, ама мислам дека и да му понудеа негде околу платата на Леброн па и нешто помалце од неа он ќе ја прифатеше.
 
1. Се жалиш ти за Лејкерс, што да речам јас или другите на форумот што се за Филаделфија? Инволвирани во истиот трејд бевме. Она што ни го направи нас Бајнам е два пати полошо од она што ви го направи вас Howard (вие барем една сезона до плејоф стигнавте), па си ме слушнал некаде да му се смеам на Бајнам што не ни го играат во Индијана? Реалноста е дека вие за Howard потрошивте едно големо ништо (Bynum), а ние цел тим си го распаднавме за него па сега мора се од почеток.

Со сета должна почит... БРАВО ЗА ТЕБЕ!!!
Tи си пример за тоа како треба да се однесува воспитан хуманист, кој патем е и љубител на НБА и член на форумот Кајгана.
За награда освојуваш еден интернет!

win5.jpg

Oд друга страна, Ти не си го гледал кловнот Хауард, 60+ утакмици како се глупира и мајмунира на паркет, додека касно навечер во ниедно време гледаш како редовно губи тимот за кој навијаш и кој со душа го сакаш. Ти не си се вадел од кожа гледајќи го копилето како редовно шутира слободни барем 30% под неговиот просек (кој и онака е ужасен), и при тоа СЕ СМЕЕ КАКО ИДИОТ... Ти не си морал да поминеш сезона каде од фаворит за титула, клубот ти станал материјал за смеење, и се заради ропукот Хауард.

Сега да ме прашаш, одма би мењал дерпево за таа една сезона со Бајнам со афрофризура, платен чисто да кисне по куглаани... Се само да не морав да го гледам кловнот како намерно се глупира и не се залага ич: пошто копилето уште на почеток на сезоната имаше одлучено дека ќе си оди од ЛА.

Не знам за што се жалиш на Филаделфија, барем чиста сметка си имаат и убаво си истанкаа солидна лото позиција сезонава пред најважниот драфт во последниве децении.
Филаделфија не се закопа со 3 години ужасен договор со геријатриски плејмејкер само за да му обезбеди на Бајнам оптимум шанси за титула, ниту Филаделфија не трејдаше 3 први пика (во претстоен повеќегодишен ребилдинг период) за геријатриски плејмејкер само за да му ја обезбеди на истиот тој Бајнам секоја можна ронка од шанса за титула.

Да, тоа беше голем ризик од страна на Купчак и на Лејкерси воопшто, ризик кој не успеа. Ама целата работа беше заснована на идејата дека Хауард ќе даде се од себе берем таа една сезона додека е во клубот.
Но Хауард не дојде ни блиску до тоа озбилно да се заложи и да се обиде. Беше примадона која не сака ни да се обиде да игра пик&рол, иако претходно цела кариера изгради на тоа, и реално само тоа може да го игра добро.

Затоа другпат кога ќе сакаш да не прашаш зошто му фаќаме сеир на Хауард... подобро немој.
Биди си ти супер и остави не нас невоспитаните фанови на Лејкерси невоспитано да му се смееме на глупиот кловн. Зошто нормално е да се смееш на кловн, иако можеби и не е премногу културно.
 
Абе лоша одлука е тоа, нема збор тука, самиот си се закопа на 5 прстени најверојатно... Леброн не знам кој го критикувал ради тоа, ама јас не сум сигурно, не ми пречи што потпиша во тим со уште 2 супер ѕвезди. Тоа е што е, пак ќе кажам, лоша одлука на Коби, ама нема назад...
Заборавив и за Хауард сакав да пишам :D

Мислам дека тоа е грешка на вас, фановите на Лејкерс, што имавте толку големи очекувања од него, го знаеја сите кој е и што е, веќе имаше 8-9 сезони пред да дојде во Лејкерс. Теле се учи, вол не.

Вежбаше индивидуално со еден куп легендарни центри, си остана истата цепенка во напад, ваљда не очекувавте дека го добивате новиот Шекил, згора на тоа и повреден.

А за однесувањето, исто, таков си е човекот едноставно си го лади, си ужива, можда го нема тој победнички менталитет како Коби, Леброн и слични, али до толку да го омаловажувате, мислам дека не е фер.

Единствено што можам малку да му замерам на него е тоа што не го разликуваше Орландо од ЛА, и дека исто се однесуваше, во ЛА жив ќе те изедат после една лоша утакмица, а камоли да се смееш после пораз, плус Коби го имаш до тебе. Веројатно можеше малку да се воздржи, али толкав хејт апсолутно мислам дека не заслужува.
 
Веројатно и 99 посто од фановите размислуваат како тебе, што воопшто не се согласувам. Ниту еден играч не е поголем од тимот. Коби ги закова за дното Лејкерс за уште две сезони за да се збогати за некој милион поише, што воопшто и не му значат ништо на него.
...
А за себичната одлука на Коби да се збогати на сметка на тимот збор не се кажа.

Крив си и кратко ти е сеќавањето, еве што напишав тука на 25 ноември 2013, истиот ден кога се потпиша договорот:
Денес е тажен ден за сите вистински фанови на Лејкерси.
Мојот омилен НБА играч само што си го закопа сопствениот клуб потпишувајќи екстензија на договорот за 48милиони долари за додатни две години.
Толку за амбициите за брзо враќање на шампионски состав на Лејкерси. Го разбирам економскиот аспект на Коби, ама сега сам си ги уништи шансите за уште титули. Ако навистина си го сакаше клубот и навистина се што сакаше се уште титули... ќе потпишеше договор како Тим Данкан, за 10тина милиони долари.

Сегашнава управа на Лејкерси... за ненормални пари екстендираат играч на 36години кој само што се вратил после повреда која најчесто ја уништува кариерата. Без да изигра ни еден натпревар, без да имаат реална претстава колку е сменет после повредата. :facepalm:
Сите сакавме Коби за заврши како Лејкер... ама никој не е поголем од клубот, дури ни Коби.
 
Крив си и кратко ти е сеќавањето, еве што напишав тука на 25 ноември 2013, истиот ден кога се потпиша договорот:
Зборев општо дека многу поголема прашина се крена како тоа Леброн се здружил со ривалите, како тоа никогаш во историјата не се случувало, мислиш некој криминал направил, а човекот само титули си брка, и тоа по цена да зема далеку помалку пари одшто треба, а за Коби ретко кој знаеше дека потпишал нов договор, и тоа толку богат.

Убаво кажано од твоја страна, ама ретко кои фанови би го признале тоа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.
Back
На врв Bottom