Правила има на секаде. Дури во општество мора да спазуваш определени правила(еве пример сакаш да шеташ гол по улица, неможе ќе те стават во лудница- значи мора да се потчиниш).Ти претпоставувам не живееш во панина значи сакајќи или не ти си се потчинил на правила.
За духовен развиток пак има правила неможе да растеш духовно без да спазуваш определени правила.
Тие разлики што ги спомна ќе изчезнат откако ќе поверуваш, нелогичностите исто.
П.С зошто праша ’’дали ако направам крштевка ќе станам христијанин и ќе поверувам.’’ кога немаш волја да поверуваш? Зошто воопшто прашуваш и зборуваш за христијанството кога несакаш да поверуваш? Се обидуваш да го оправдаш за твоето неверување?се обидуваш да го елиминираш колебањето?или...
Примерот ти е на место, но ти е многу лош. Ги почитувам општествените правила и норми (признавам дека некои не ми се допаѓаат) и никаде не напишав дека не ги почитувам истите. Црковните правила се нешто сосема друго, тие се направени за општеството, но колку ова општество ги почитува ќе започнам од себе, па ќе завршам со тебе. Колку посто од верниците одат редовно во црква? (типично пример- прашање, јас мислам 5-10%)
Прашав затоа што ми даде совет да направам крштевка. Што има тука нејасно?
Зошто прашувам и зборувам за Христијанството кога не сакам да поверувам? Па прашувам и за Исламот, и за Будизмот, Хундуизмот, Јудеизмот, Сикизмот, за паганството, па и за атеизмот.... Дојдов на форумов на научам нешто повеќе за религијата, а не да станам верник, на крајот на краиштата.
Дали ти некогаш си поставил прашање на темата “Прашања до атеистите„ или “Прашања за Исламот?
Мислам дека треба да продолжиме да дискутираме без провокации. И јас знам да провоцирам, но тоа не ми е ни намера ниту цел.
![Намигнување ;) ;)](/styles/default/xenforo/smilies/wink.png)