Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Сите животни паднале во 150 дневна хибернација! Дали мислиш дека тоа е нормално?

ОК, но зошто сакал да ги уништи и животните? Или уште поубаво прашање, зошто наредил да се задржи само по еден пар? Зарем останатите животни, кои не преживеале, имале некаква вина или биле и тие невини?
 
Сите животни паднале во 150 дневна хибернација! Дали мислиш дека тоа е нормално?

Животните воопшто не хибернирале, туку живееле нормално и му биле целосно послушни на праведниот Ное.[DOUBLEPOST=1399848631][/DOUBLEPOST]
ОК, но зошто сакал да ги уништи и животните?

Животните биле уништени, односно настрадале заради гревот Адамов. Животните, и воопшто, целата Вселена, создадени се заради Адама. Гревот Адамов го разбил примордијалниот поредок Божји во природата па ради само еден (Адамов) грев, страда целата природа: и живата и неживата.[DOUBLEPOST=1399848702][/DOUBLEPOST]
Или уште поубаво прашање, зошто наредил да се задржи само по еден пар?

Тоа е Божјата грижа за животните: со еден пар од секое животно, може да им се продолжи родот и видот на Земјава.[DOUBLEPOST=1399848810][/DOUBLEPOST]
Зарем останатите животни, кои не преживеале, имале некаква вина или биле и тие невини?

Сите животни преживеале, согласно Божјата промилса кон нив, преку Ноевата арка, односно преку паровите од животни.
Животните сами по себе не се виновни, а веќе одговорив дека вината е Адамова и Евина.
 
Последно уредено:
Животните воопшто не хибернирале, туку живееле нормално и му биле целосно послушни на праведниот Ное.[DOUBLEPOST=1399848631][/DOUBLEPOST]

Животните биле уништени, односно настрадале заради гревот Адамов. Животните, и воопшто, целата Вселена, создадени се заради Адама. Гревот Адамов го разбил примордијалниот поредок Божји во природата па ради само еден (Адамов) грев, страда целата природа: и живата и неживата.[DOUBLEPOST=1399848702][/DOUBLEPOST]
Значи се се сведува на неговиот грев, а Ева е изоставена од тој прочес! Колку се разликувале Адам и Ева од едно животно пред да го пробаат забранетото овошје?
(И јас мислам така, но хибернацијата беше прикажана во филмот.)
И ме интересира. Дали во некоја Библиска книга е прикажана борбата (односно големиот судир) помеѓу доброто и злото? Конкретно мислам на настанот во кои и самиот Исус ќе се вклучи односно тогаш ќе се врати?
 
Значи се се сведува на неговиот грев, а Ева е изоставена од тој прочес!

Ева не е изоставена па затоа и ја наведов во мојто пост. Во суштина, грешката/гревот е Евин, а гревот Адамов е во тоа што ја послуша Ева, а не Го послуша Бога.[DOUBLEPOST=1399879923][/DOUBLEPOST]
Колку се разликувале Адам и Ева од едно животно пред да го пробаат забранетото овошје?

Адам и Ева се луѓе, кои во себе го имааат образот Божји, а тој образ го нема ниту едно друго живо битие на Земјава. Така, Адам и Ева суштински се разликуваат од животните, иако меѓу нив има и доста сличности.[DOUBLEPOST=1399879958][/DOUBLEPOST]
(И јас мислам така, но хибернацијата беше прикажана во филмот.)

Затоа велам: батали филмовите...
 
Ева не е изоставена па затоа и ја наведов во мојто пост. Во суштина, грешката/гревот е Евин, а гревот Адамов е во тоа што ја послуша Ева, а не Го послуша Бога.
Не ми е јасно како може упорно да го игнорираш фактот дека многу јасно е нагласено - Адам и Ева немале сознание за добро и зло! Без него, нема основа - нема можност да распознаваат и да знаат дали некоја нивна постапка е добра или не!
Која црна грешка?? Како може да згреши некој, ако е создаден намерно да нема сознание за добро и зло?!?
 
И ме интересира. Дали во некоја Библиска книга е прикажана борбата (односно големиот судир) помеѓу доброто и злото? Конкретно мислам на настанот во кои и самиот Исус ќе се вклучи односно тогаш ќе се врати?

Да, тоа е книгата Откровение, последната книга од Новиот Завет, напишана од Јована Богословот, омилениот Апостол Христов.
Местото на конечниот судар е наречено „Армагедон„.[DOUBLEPOST=1399880170][/DOUBLEPOST]
Не ми е јасно како може упорно да го игнорираш фактот дека многу јасно е нагласено - Адам и Ева немале сознание за добро и зло! Без него, нема основа - нема можност да распознаваат и да знаат дали некоја нивна постапка е добра или не!
Која црна грешка?? Како може да згреши некој, ако е создаден намерно да нема сознание за добро и зло?!?

А Ти упорно и упорно истрајуваш на својот став дека не знаеле, а намерно прескокаш што знаеле и што имале...а што им било повеќе од доволно за да не ја „утнат„ работата.
 
Местото на конечниот судар е наречено „Армагедон„.
Тоа место се вика мегидо и се наоѓа во Израел, "arma" значи планина:
in-the-news-archaeology-biology-and-megiddo.jpg.crop_display.jpg

Римјаните го опколиле и го држеле под опсада додека не го разбиле еврејскиот отпор. Одиграно е....одамна и тоа.[DOUBLEPOST=1399880412][/DOUBLEPOST]
А Ти упорно и упорно истрајуваш на својот став дека не знаеле, а намерно прескокаш што знаеле и што имале...а што им било повеќе од доволно за да не ја „утнат„ работата.
Дали пишува во битие дека им било забрането сознанието за добро и зло? Како може било кој да разграничува погрешно од исправно, без сознание за добро и зло?!
 
Тоа место се вика мегидо и се наоѓа во Израел, "arma" значи планина:
in-the-news-archaeology-biology-and-megiddo.jpg.crop_display.jpg

Римјаните го опколиле и го држеле под опсада додека не го разбиле еврејскиот отпор. Одиграно е....одамна и тоа.[DOUBLEPOST=1399880412]!

Мојот соговрник прашува за настан кој допрва ќе се случи и кој треба да се случи, а не за настан кој се случил.[DOUBLEPOST=1399883299][/DOUBLEPOST]
[/DOUBLEPOST]
Дали пишува во битие дека им било забрането сознанието за добро и зло? Како може било кој да разграничува погрешно од исправно, без сознание за добро и зло?!

И сега пак ќе тргне прераскажување на нешта кои се веќе кажани и јасни, а Ти пак ќе прачшуваш исто прашање, од каде главен виновник за грешката Адамова и Евина е никој друг до сам Бог...
 
Мојот соговрник прашува за настан кој допрва ќе се случи и кој треба да се случи, а не за настан кој се случил.[DOUBLEPOST=1399883299][/DOUBLEPOST]

И сега пак ќе тргне прераскажување на нешта кои се веќе кажани и јасни, а Ти пак ќе прачшуваш исто прашање, од каде главен виновник за грешката Адамова и Евина е никој друг до сам Бог...
Инаетот ти е посладок од се, знам.
 
Aj нека некој христијанин ми ја објасни поуката од приказната за Јефта.
 
Да, тоа е книгата Откровение, последната книга од Новиот Завет, напишана од Јована Богословот, омилениот Апостол Христов.
Местото на конечниот судар е наречено „Армагедон„.[DOUBLEPOST=1399880170][/DOUBLEPOST]

А Ти упорно и упорно истрајуваш на својот став дека не знаеле, а намерно прескокаш што знаеле и што имале...а што им било повеќе од доволно за да не ја „утнат„ работата.
ОК, поточно планината Менага. Прашењето ми е, зошто Бог не го уништи Сатаната (Ѓаволот или уште во македонските народни приказни се среќава и Ѓаолот :)) и сите црни ангели, кога е семоќен? Дали е толку немилосрден и ригорозен кон жртвите, пред се кои ќе паднат од неговите легии? Ако битката би се водела и на небо и на земја, зошто не би ги заштитил и безгрешните и во овој свет така што работата би ја свршил самиот и пред време?
 
ОК, поточно планината Менага.

Таков топоним нема во Откровението.[DOUBLEPOST=1399897753][/DOUBLEPOST]
Прашењето ми е, зошто Бог не го уништи Сатаната (Ѓаволот или уште во македонските народни приказни се среќава и Ѓаолот :)) и сите црни ангели, кога е семоќен?

Бог промислува според својата премудрост, а не според човековата огревовеност, така да остај Бог да одреди што е најдобро решение за одреден проблем.[DOUBLEPOST=1399897850][/DOUBLEPOST]
Дали е толку немилосрден и ригорозен кон жртвите, пред се кои ќе паднат од неговите легии?

Да Е Бог немилосрден, сега не би можеле да дискутираме.
Но, Бог одредува секому според верата и делата.[DOUBLEPOST=1399898034][/DOUBLEPOST]
Ако битката би се водела и на небо и на земја, зошто не би ги заштитил и безгрешните и во овој свет така што работата би ја свршил самиот и пред време?

Битката на Небесата веќе се водела, после која Сатаната и неговите соборци (Богоборци) се истерани и паднати на Земјава.
Битката ќе се води на Земјава, на наведеното место, во долината од реката Јордан.
Бог не брза никаде, туку Е долготрпелив и многумилостив: ако Бог „избрза„ во решавањето на проблемите, покрај каколот, може да настрада и житото, а вака, Он ни остава временска „фора„ за лично и колективно покајание.
 
Последно уредено:
Таков топоним нема во Откровението.[DOUBLEPOST=1399897753][/DOUBLEPOST]

Бог промислува според својата премудрост, а не според човековата огревовеност, така да остај Бог да одреди што е најдобро решение за одреден проблем.[DOUBLEPOST=1399897850][/DOUBLEPOST]

Да Е Бог немилосрден, сега не би можеле да дискутираме.
Но, Бог одредува секому според верата и делата.[DOUBLEPOST=1399898034][/DOUBLEPOST]

Битката не Небесата веќе се водела, после која Сатаната и неговите соборци (Богоборци) се истерани и паднати на Земјава.
Битката ќе се води на Земјава, на наведеното место, во долината од реката Јордан.
Бог не брза никаде, туку Е долготрпелив и многумилостив: ако Бог „избрза„ во решавањето на проблемите, покрај каколот, може да настрада и житото, а вака, Он ни остава временска „фора„ за лично и колективно покајание.
1.Тоа е име на планина која се наоѓа во Израел, но нема врска сега тоа.
2.Значи решение е јуриш кога противничката страна ќе има доволно војска и сили да нападне! Тоа е непотребно губење на животи.
3. Третиот пасус нема да го коментирам, но знај дека мислам многу поразлично од тебе.
4. Значи ли дека битката на небото завршила? А што се однесува на големата поплава (која намерно сакав да ја поврзам со оваа приказна), дали тогаш тој не ги исчистил сите негативни и лоши сили? Која била целта на истата, повторно ќе те прашам. Ако била да ги уништи нефилите, тоа е веќе друго, а ако била да ги уништи лошите луѓе (односно грешниците) тогаш како семоќен претрпел голем удар, не успеал во својата намера.
И дефакто енергијата не може да ја уништи (ти твдриш декаа црните ангели се духовни тела), таа може да премине од еден во друг вид. Но дали може од негативна да стане позитивна?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom