Македонска ракометна суперлига

  • Креатор на темата Xsago
  • Време на започнување

Кои 4 екипи ќе влезат во завршната фаза од првенството?


  • Вкупно гласачи
    22
  • Гласањето е завршено на .
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Како што можев да забележам, нема тема за домашното првенство на форумот, па еве јас решив да отворам, во пресрет на првиот дуел меѓу Металург и Вардар.

Плејоф фазата во која учествуваат Вардар, Металург, Зомимак М, Пелистер, Тинекс Пролет и Металург Јуниор е веќе во тек. Заради премногуте поместувања и одлагања на натпревари доста тешко е да се следи табелата (а и страната на РФМ тотално не е во тек со настаните од првенството), но според сајтовите на Вардар и Металург ситуацијата е следна:

Табела Плеј Оф:

1. Металург 9(3)
2. Зомимак М 9(5)
3. Вардар 6(2)
4. Пелистер 6(3)
5. Тинекс Пролет 3(4)
6. Металург Јуниор 0(5)

забелешка: Име - поени (одиграни натпревари)

Јасно е дека клучната борба за титулата ќе се одвива во двата меча помеѓу Металург и Вардар. Денес е првиот. Многу дискусии имаше сезонава за тоа кој е подобар, а кој послаб. Лично мислам дека реалноста е дека и двете екипи се доста блиску по квалитет и нема некои големи разлики. Очекувам да решаваат нијансите, подобрата подготвеност и можеби некои тактички ситници кои ќе ги подготват Червар и Гонзалез.

Здравствениот билтен секогаш се покажува како значаен во овие дуели и тука дефинитивно Вардар има предност, со оглед дека тој горе долу и може да преживее без повредените играчи (Стоилов и Петриќ), додека оние на Металург (Мојсовски и Атман) се од поголемо значење за екипата. Металург покажа сезонава дека може да го надомести отсуството на Мојсовски, ама и без Атман ќе биде доста тешко, премногу ќе падне на рамената на младите Циндриќ и Борозан на таа лева бековска позиција. Згора на тоа и не брилјираа во последно време (дуелите со Кил). Од друга страна Вардар игра одлично последно време, но е во одреден психички пад после несреќната елиминација во ЛШ.

Првата средба се игра во БТ и домаќин е Вардар. Мој тип е победа на Вардар од 3-4 разлика, но титулата ќе се одлучува на вториот натпревар во Автокоманда.

П.С. Не верувам дека една екипа ќе ги добие и двете средби. Многу веројатно е на крај да одлучува и гол разликата.

П.П.С. Додадов и анкета за да видиме што мислат другите.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.723
Поени од реакции
9.836
Победа вечер за Металург и титула.
Тешко ќе биде без Атман,али очекувам Циндриќ и посебно Борозан да ги отворат.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.261
Фала богу некој да отвори тема и за ова за тие што не сакаат да читаат дебилни постови по фан клубовине :cuc:
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Сакав зомимак, но немат шанси така да сакам Металург да освои :)
 
Д

Дуле Пацов

Гостин
ПЕЛИСТЕР!!!!

Браво за отворањето на темава.(y)

Во врска со денешниот натпревар , според мене во мала предност како фаворит во овај дуел мислам дека е Вардар .
Со сигурност нема ништо да биди решено во денешниот натпревар , титулата ќе се решава на реванш натпреварот.
Не очекувам кикс ни на Металург нити пак на Вардар со останатите екипи од плеј-оф .
Исто интересна ќе биди борбата за 3 место каде Зомимак ја има фаворитската улога , но има уште натпревари па можно е да има интересни разврски до крајот на првенството.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.261
Добро очекувано се ќе се решава на реваншот. Ми се свиѓа што Македонија има вака големо дерби.Ќе биде неизвесно до последната секунда другата недела.
 
D

dagau

Гостин
Ретко во било кој спорт се гледа екипа со вака сељачки менталитет, договорени лежења по терен, глумење Барса да учи :гомце:
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.723
Поени од реакции
9.836
Ретко во било кој спорт се гледа екипа со вака сељачки менталитет, договорени лежења по терен, глумење Барса да учи :гомце:
На Вардар сигурно мислиш..епа ретко се гледа.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Во рамки на очекувањата. Реално и едните и другите можат да жалат за пропуштените шанси. Вардар имаше контрола до финишот кога несфатливо паднаа во играта. Металург одигра катастрофално во моментот кога требаше пресврт да направат кога имаа 2 играчи повеќе.

Вардар играше поубаво за око, а Металург поискусно. 50/50 остануваат шансите, макар што мислам дека еден ваков резултат му оди во прилог на Металург.

П.С. Зошто Карачиќ играше толку малку?
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.723
Поени од реакции
9.836
Во рамки на очекувањата. Реално и едните и другите можат да жалат за пропуштените шанси. Вардар имаше контрола до финишот кога несфатливо паднаа во играта. Металург одигра катастрофално во моментот кога требаше пресврт да направат кога имаа 2 играчи повеќе.

Вардар играше поубаво за око, а Металург поискусно. 50/50 остануваат шансите, макар што мислам дека еден ваков резултат му оди во прилог на Металург.

П.С. Зошто Карачиќ играше толку малку?
Имал некаква повреда.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
И уште нешто. Судиите како да беа преимпресионирани од играчите, и не воспоставија никаков авторитет. Во прво полувреме, дозволија прегруба игра и не санкционираа неколку фаули за 2 минути на двете страни. Имаа неколку многу задоцнети одлуки по сугестии на играчите и на двете екипи. Неколку пати немаа чувство да остават да продолжи нападот, па прекинуваа дали за лесен фаул или за лежење на терен на противнички играч. Различни одлуки носеа понекогаш двајцата. Се на се не беше никој којзнае колку фаворизиран, ама се доби впечаток дека немаат контрола врз натпреварот.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Одлично прво полувреме,и слабо второ...
Доста добар ракомет во првиот дел,нетипичен за дуелите на овие екипи,како да не беше меч кој можеби ќе ја реши титулата...
Како на тренинг...
Голманите речиси и топка да не фатија(ако не се лажам)4цата голмани од двете страни имаа само 4 одбрани во цело прво полувреме..:гик:
Не е ни чудо шо првиот дел од мечот заврши со рекордни 29 гола :vozbud:..
Второ полувреме,стара приказна...
Премногу почетнички грешки,слабо судење(со грешки на двете страни),Металург ја стегна центалната одбрана и веќе немаше лесни голови од надвор,Вардар се мачеше за секој гол,за секоја позиција,и станиќ се разбуди од сонот и фати некоја топка(додуша две топки го погодија):icon_mrgr:
Малку Вардарци ги измести од такт судењето,посебно тие 3 исклучувања на средина на второ полувреме...а таман влегоа во ритам...
Внесоа нервоза во мечот судиите,имаа грешки на двете страни...
Не се толку слаби судии,ама не се за вакви утакмици,едноставно немаат авторитет...дозволуваа кој стигне да им вика и дофрла,Лино во прво полувреме повеќе со судиите се довикуваше отколку шо се замараше со играта на својот тим...
Многу слаби беа при тие толеранции за пасивен напад,само кај нас имаме напади кои траат по една минута,во Европа одамна не се толерира ова....
Тоа е,македонска реалност е ова....
За играта,добра партија на Дибиров и Душебаев,исто и Прибак беше одличен во прво,во второ повеќе внимаваа на него,а неколку пати мораше тој да презема одговорност кога другите беа покриени..
Се виде колку значи Карачиќ за оваа екипа,го немаше со Фленсбург,го немаше денес...фалеа неговите голови....тактички Раул го чуваше за реваншот...
Одбраната малку потфрли,иако примија само 24 гола,но со со оглед дека се играше само на средината не е ни чудо шо речиси сите голови на Металург ги бапнаа само 4 играчи...:icon_mrgr:
Потрфлија пред се при влезовите на Циндриќ,но сепак мора да се признае дека Ванчо правеше добри блокови...
Металург од друга страна,стандарден во одбрана,солиден во напад во прво,и просечен во второ,пред се во последните минути кога го поправија впечатокот..
Фалеше фантазија во играта,фалеше течност,играа на сила,играа рововски,изолирани беа крилата и целата борба беше со централната одбрана на Вардар..тактички интересен потег на Лино кој на крај даде резулатат...
Со ваков резултат Металург е во пол-позиција за титула,посебно шо пред своја публика во Автокоманда ќе имаат шанса за да победат барем со еден разлика...
Ќе го имаат Атман во тимот,но и Вардар сигурно не го кажал последниот збор,сигурно ова не е најдоброто од нив.сигурно и Карачиќ нема да е мирен,го чуваат за мечот за одлука...
Како и да е,следи уште едно интересно дерби....
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.723
Поени од реакции
9.836
Браво Tomasino,да не си ти само лепојкиве Вардарски ќе ги читавме како се они најубави,а и хороскопот не им е погоден и не тепале со разлика која што ја заслужиле.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.569
Па што не дадеш ти една анализа за мечевите бе кактус еден, 20 коментари имаш за 6 години во подфорумов, сите ти се гомна јадење.

Највеќе ме нервира кога дрипци како тебе , што секој пост им е ебано НЕСОДРЖАЕН во подфорумов се жалат за квалитетот на постовите.
Еве ти кажи некој збор-два па да тргне дискусијава напред може?

Со Томас може немаме исти ставови (мада во последно време некако се совпаѓаат :D) али чест ти е муабет да правиш.
Со тебе може за дркање на комшики да муабетиме и за коледе-леде, не знам што курац бараш во подфорумов.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom