- Член од
- 5 април 2013
- Мислења
- 3.311
- Поени од реакции
- 6.533
Како што можев да забележам, нема тема за домашното првенство на форумот, па еве јас решив да отворам, во пресрет на првиот дуел меѓу Металург и Вардар.
Плејоф фазата во која учествуваат Вардар, Металург, Зомимак М, Пелистер, Тинекс Пролет и Металург Јуниор е веќе во тек. Заради премногуте поместувања и одлагања на натпревари доста тешко е да се следи табелата (а и страната на РФМ тотално не е во тек со настаните од првенството), но според сајтовите на Вардар и Металург ситуацијата е следна:
Табела Плеј Оф:
1. Металург 9(3)
2. Зомимак М 9(5)
3. Вардар 6(2)
4. Пелистер 6(3)
5. Тинекс Пролет 3(4)
6. Металург Јуниор 0(5)
забелешка: Име - поени (одиграни натпревари)
Јасно е дека клучната борба за титулата ќе се одвива во двата меча помеѓу Металург и Вардар. Денес е првиот. Многу дискусии имаше сезонава за тоа кој е подобар, а кој послаб. Лично мислам дека реалноста е дека и двете екипи се доста блиску по квалитет и нема некои големи разлики. Очекувам да решаваат нијансите, подобрата подготвеност и можеби некои тактички ситници кои ќе ги подготват Червар и Гонзалез.
Здравствениот билтен секогаш се покажува како значаен во овие дуели и тука дефинитивно Вардар има предност, со оглед дека тој горе долу и може да преживее без повредените играчи (Стоилов и Петриќ), додека оние на Металург (Мојсовски и Атман) се од поголемо значење за екипата. Металург покажа сезонава дека може да го надомести отсуството на Мојсовски, ама и без Атман ќе биде доста тешко, премногу ќе падне на рамената на младите Циндриќ и Борозан на таа лева бековска позиција. Згора на тоа и не брилјираа во последно време (дуелите со Кил). Од друга страна Вардар игра одлично последно време, но е во одреден психички пад после несреќната елиминација во ЛШ.
Првата средба се игра во БТ и домаќин е Вардар. Мој тип е победа на Вардар од 3-4 разлика, но титулата ќе се одлучува на вториот натпревар во Автокоманда.
П.С. Не верувам дека една екипа ќе ги добие и двете средби. Многу веројатно е на крај да одлучува и гол разликата.
П.П.С. Додадов и анкета за да видиме што мислат другите.