Нема лесен леб

исправноста на ставовите и размислувањата единствено може да се потврди преку нивно предизвикување.
Некои членови се потребни за да се постигне колку толку поголема објективност.
Дискусијата со Бугарите дефинитивно ќе те прави отпорен на спинови и нечесни тактики.
Немам јас ништо против спротиставени мислења, напротив. Се согласувам дека се потребни за
дискусија. Ама начинот како се води таа дискусија, тука е проблемот.
Проблем е кога некој ти кажува делче од ситуацијата, делчето кое му оди во прилог. Кога ќе му укажеш, и покажеш со факти, дека целата слика е поинаква... човеков едноставно НИКАКО не го коментира тоа, туку се фаќа како слеп дерПе за виршла, за нови и нови моменти окулу тоа малото делче кое му кореспондира со агендата.
Пошто да, тоа секако зборува за агенда. Како политичар кога ќе го прашаат за нешто конкретно за кое не му одговара воопшто да зборува: ќе врти и ќе сучи, ама нема ништо конкретно да каже за прашаното. Пошто што и да каже за тоа, било што за фактите, ќе треба да признае дека греши.
Затоа се надевам дека вие модераторите, ќе направите нешто повеќе за постигнување
конструктивна дискусија на оваа и на другите теми. Се што сакам јас (а верувам и многу други тука) е само сите соговорници да се држат до одредени правила за бонтон дискусија. Не сме политичари (и да Е некој, тука на форумов е инкогнито: значи не е во улога на политичар), и со самото тоа што НЕ СМЕ ПОЛИТИЧАРИ по вокација, соодветно не мора да ги правиме истите
нечесни практики што ги прават професионалните политичари.
Поентата на јавен форум е чесна и конструктивна дискусија, никако евтини политичарски демагогошки пракси.
Има една поговорка за политичарите: велат дека политичарите треба да се менуваат со исто темпо како и бебешките пелени,
и заради истите причини (заради кои се менуваат и пелените)!
Во истиот стил, мислам дека истово треба да се примени и за дискутантите што применуваат вакви нечесни
политичарски пракси во дискусијата, избегнување на фактите, вртење спинови и слично смарање со секакви нерелевантни околности.
Градоначалникот на Харков бил испукан во грб додека џогирал, моментално лекарите се борат за неговиот живот - во тешка состојба се наоѓал.
http://www.bbc.com/news/world-europe-27185085
http://www.infowars.com/mayor-of-kharkov-ukraine-shot-in-back-hospitalized-press-service/
http://www.infowars.com/mayor-of-kharkov-ukraine-shot-in-back-hospitalized-press-service/
http://rt.com/news/155320-kharkov-mayor-shot-ukraine/
Изгледа дека во Украина не е баш добро време да си политичар што навикнал да не се замара со премногу размислување за последиците од сопствените политички ставови. Единствено не ми е јасно, со кој памет отишол да џогира во парк-шума. Кога веќе се нафатил да биде тоа што е, за тие што не се таму, попаметно ќе му било да си седи во бункер некаде.