Мене лично, не ми сметаат, но може да му посметаат на рускиот народ, особено сега, кога ќе влезат во рецесија.
Фала што не’ потсети на твојата докажана економска експертиза.
Рецесијата во САД трае веќе 7 години, а Јапонија штотуку излезе од рецесија, па не гледам зошто евентуалната рецесијата во растечката економија на Русија би требало нешто драстично да промени.
http://money.cnn.com/2008/12/01/news/economy/recession/index.htm?postversion=2008120112
Некои како блискиот на Путин, Рамзан Кадиров.
Исто како што и јас не го осудувам Путин што склучува алијанси со погореспоменатиот Рамзан Кадиров, поранешен муџахедин и убиец на Руси.
Пази што кажа, “поранешен“ муџахедин!

Ти фали вториот дел од приказната, како по обичај

дека
Кадиров преоѓа на страната на федералните руски сили и се бори против вахабистите меѓу кои имаше и водачи на украинскиот Десен Сектор.
За волја на вистината, руските единици “Восток“ на Кадиров, ги убиваа и своите сепаратистички Чеченци, додека за Русија се бореа и во Грузија, а сега се присутни и на Крим.
Мислам дека ќе им вратат мило за драго на украинските неонацисчиња.
Така работат големите сили и треба поука да земеме, а не да се филмаме со некои пан-словенски филмови, и да им се лутиме на американците што си го гледаат интересот.
Види со каква леснотија ја окарактеризира американската политика “си гледале интересите“. Не сме нити деца да се љутиме нити имаме потреба од некакви пансловенски идеологии за да знаеме што е подобро за нас.
Досега не те видов да се произнесеш јасно за улогата на САД и НАТО додека не пропушти ни најмала прилика набрзинка да спамираш со извадоци за “негативната улога на Русија“ во македонската историја.
Би можел појасно да кажеш на што стоиш, се водиш од некаква параноична русофобија или си тежок американофил кој е спремен да им се потчини на нивните интереси?
Како што реков порано, санкциите се наменети за олигарсите околу Путин, не за руската економија.
Руската економија тонеше и пред санкциите.
Не се секирај, темава е далеку пред затварање, па сигурно ќе имаш време уште неколку пати да ги промениш и модификуваш своите тврдења.