Дали ви е гајле што другите мислат за вас?

  • Креатор на темата Dynamo
  • Време на започнување
D

Daedalus

Гостин
Или ,,селфи,, фотка е прост пример како ти се гледаш себеси и како сакаш другите да те доживуваат.

Он:Токму тоа ,,гајле,, е поттик на многу напредоци, успеси, триумфи во светов. Патем, повеќето одговориле дека не се засегнати, и се прашувам дали им е сеедно кога некој ќе им подели комплимент... зарем не ви е убаво? Ако ви е убаво, не сте баш имуни на туѓите мислења. Што значи дека и не сте баш рамнодушни на негативни критики.
Не, како сакаш да те доживуваат, туку како мислиш дека те доживуваат. Тоа не е увек позитивна слика.
Ако си у близина на луѓе кои те исмеваат, ќе се осеќаш како да си особата која ја исмеваат и ќе почнеш да се доживуваш себеси од тоа светло во кое они те прикажуваат на пример.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.378
Да не се замараа луѓето, немаше да постапуваат онака како што публиката највеќе им реагира на нивните постапки. Така да enough with the motto - "Suddenly I felt nothing".
 

HellRaiser

Реметам кајганџии
Член од
1 јануари 2014
Мислења
815
Поени од реакции
855
На тој што му е гајле за мене нека дојде и нека ми го каже тоа што има да ми го каже во лице,јас мислам така би било поферски наместо да се крие како курва и да јаде гомна од зад грб.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Јас ич не се замарам кој што мисли за мене. Он се замара а не јас.
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
<3
<3

не е офтопик не го бриши! ова е процесот на борбата со егото, а после оваа борба нема да ти е гајле шо мислат другите за тебе како на децата од темава, ѕвер ќе си бидеш :D
 

Ceci0

Captain
Член од
20 јануари 2011
Мислења
334
Поени од реакции
208
На сите им е гајле што некој од страна мисли за нив. Кој што ти вика поинаку те лажи. Таква е човечката природа. Ама има некои кои се притресуваат и други кои не даваат толкаво значење на тоа
 
Член од
14 март 2014
Мислења
473
Поени од реакции
1.163
Не баш,некако не обрнувам внимание на тоа.
Мислам,ако сакаш мразиме,ако сакаш сакај ме.
Твое право.
 
A

aye

Гостин
Па не е сеедно, а и зависи што се не мислат.
Ако е од типот што ќе кажат комшиите ако ја дома се осеќам ко оперски изведувач ич не му ја мислам или ако тема на муабет им е дали ми загорел ручекот, дали сум исчистила добро, дали сум купила шунка или посебна салама или било какви други комшијски муабети поврзани за мојот приватен и не толку приватен живот не ме интересираат.
Исто така не ми е гајле кога правам, работам нешто што за мене е убаво и ме исполнува, а за другите е неподносливо.
Но затоа па ми е гајле кога некој ќе ми нанесе било каква неправда и кога истата ќе се рашири и тоа не ради нив, а ради тие (посебно кога се моите во прашање) што за мене ќе имаат лошо мислење ко заслуга на неправдата. Иако си се убедувам дека ни за ова не ми е гајле сепак ми е.
И исто така кога ќе треснам некоја глупост во полна просторија со тролови или па ќе се сопнам на прав пат на сред улица на раскрсница :unsure: е тогаш и гајле и 5 метра под земја би влегла од срам.
 

4NHK0

Јас сум ти батка у суштина многу флексибилен шизик
Член од
9 април 2014
Мислења
1.153
Поени од реакции
846
Не. Не сакам да си го комплицирам животот.
:) и јас имам исто мислање...кои се другите да ми се мешаат во животот...јас на пример знам и дека од дома ме прават луд,ама едноставно НЕ СЕ ЗАМАРАМ.
 

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Се замарам што мислат блиските луѓе, на тие што ми значи мислењето.
А другите, нормално дека сакам да ме сакаат, ама не праам нешто посебно за да ме засакаат. Значи тоа е за лично запознавање. Што мислат после тоа, стварно не ме интересира.
А оние што не ме ни познаваат, ама ич не ми чуе. Ако сакаат да слушаат трачарења и да веруваат на тоа, слободно. Ако некој сака да ме запознае па после да си оформи мислење за мене, исто слободно.
 

.:MadMan:.

Ретардиран
Член од
20 август 2010
Мислења
843
Поени од реакции
1.781
Блу зашто онда ни е битно како првпат ќе се претставиме? Каков прв впечаток ќе оставиме?

Незнам мене ми е многу апсурдно кога некој ќе ми каже не ми е гајле, а кога на сите очигледно ни е гајле, немора да значи дека ти е гајле за секој секогаш. Поаѓам од себе и од сопствените мои мислења за мнооооогу луѓе. Едноставно никој неможе да избега од тој процес на креирање мислење, а уште помалку од тоа дека навистина ни е гајле што гругите мислат за нас. И верувам на секој му ласка кога ќе слушне нешто убаво за себе, или муабетот еј абе на прв поглед те мислев за ваков или онаков, али сеа мислам поинаку ти дава некое благо задоволство кога ке оставиш убаво мислење кај некој у глава или пак спротивното кога ќе чуеш нешто лошо небитно дали било вистина или не неможе да си толку ладен и да не допре тоа до тебе. Мое реално мислење, или јас сум нетокму или овде никој за ништо не ми е гајле...Општо
 

Kajgana Shop

На врв Bottom