Дали ви е гајле што другите мислат за вас?

  • Креатор на темата Креатор на темата Dynamo
  • Време на започнување Време на започнување
До негде да влијае, пошто сме социјални битија и мислењето на другите влијае на нашата самодоверба, одлуки итн. Иако логиката и критичкото размислување ни кажуваат дека само затоа што повеќе луѓе мислат нешто или имаат некој став за нас или општо, тоа не значи дека тие се базирани на факти, сепак емотивната потреба да размислуваме комплементарно со другите влијае на нас.

На мене лично влијае емотивно, а свесен сум дека некои од тие работи кои ми влијаат не се точни.
Познат ефект патем е ефектот на огледало кој е интересен за спомнување на темава.

Ефектот на проектирање во огледало укажува на тоа дека честопати се гледаме себеси како што мислиме дека другите не гледаат и "креираме" личности кои ние мислиме дека другите ги гледаат во нас, иако никогаш немаме доказ дали другите не доживуваат така како што мислиме.
Од тука потекнуваат и сите манипулации како влијание на околината, култовите, наметнување на мислења и сл.
Сите се базираат на нашата емотивна потреба да се согласуваме со другите и да стигнеме со другите до некоја заедничка "вистина" за да сме посигурни во нашиот идентитет и ставови.
Но, сума сумарум, за нешто да влијае на нас, без разлика на тоа дали е кажано од авторитети, пријатели, непријатели итн... мораме ние лично да се согласиме дека тоа е вистина. Ако не веруваме во тоа, никогаш нема да влијае. Затоа, битно е тоа што е кажано и колку истото држи вода, а не кој го кажал, од кои причини го кажал и дали имал искрени/неискрени намери и знаења околу и за тоа што го кажал.
Али како и да е, лесно е да се каже муабетов, а тешко да се примени некогаш. :)
 
Последно уредено од модератор:
не ми е ич гајле што мислат другите од мене критики нарамно признавам ако се однесува до мојот карактер ама кога некој ке почне да ме оценува по личен изглед баш и гајле ми е
 
Ич не ми е гајле оти во спротивно ќе си набијам комплекси .
 
Не се замарам воопшто со тоа што некој мисли за мене...
Си го живеам мојот живот онака јас како што сакам, и не ме интересира за другите.
 
Во помалите години да, сега воопшто не се секирам, полека полека самиот на некој начин се форисирав да размислувам вака бидејќи на секого неможеш да му погодиш и на сите да им се допаѓаш, така да - кулираш и по свое да си тераш, оти ако се потиш на туѓи мислења тогаш ќе се удавиш во потта.
"Someone's opinion of you does not have to become your reality" - Les Brown
 
Се трудам да не ми е, али ипак понекоаш многу мислам каков впечаток сум оставила, што мислат другите за мене.:)
 
Се замарам мноштвото што мисли, а за некои поединци што се вечни мрчатори не се замарам. Ако повеќе луѓе мислат нешто лошо за тебе треба малку да се подзамислиш, а не да подголтнуваш или да се фрустрираш дека не се замараш и да одиш по улица како коњ мислејќи дека којзнае колку си отпорен.
 
Ефектот на проектирање во огледало укажува на тоа дека честопати се гледаме себеси како што мислиме дека другите не гледаат и "креираме" личности кои ние мислиме дека другите ги гледаат во нас, иако никогаш немаме доказ дали другите не доживуваат така како што мислиме.

Или ,,селфи,, фотка е прост пример како ти се гледаш себеси и како сакаш другите да те доживуваат.

Он:Токму тоа ,,гајле,, е поттик на многу напредоци, успеси, триумфи во светов. Патем, повеќето одговориле дека не се засегнати, и се прашувам дали им е сеедно кога некој ќе им подели комплимент... зарем не ви е убаво? Ако ви е убаво, не сте баш имуни на туѓите мислења. Што значи дека и не сте баш рамнодушни на негативни критики.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom