Боледувањето и породилното - исплата преку фирмите

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Словенечки модел – боледувањето ќе се исплаќа преку фирмите
24/04/2014 // Пред 1 ден // ЕКОНОМИЈА // 1 Коментар


Боледувањата и породилните надоместоци ќе се исплаќаат преку фирмите и нема веќе да има доцнење во исплатата, најави директорката на Фондот за здравствено осигурување Маја Парнарџиева Змејкова, презентирајќи мерка од партиската програма на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа најавува дека по изборите ќе биде вовоеден словенечкиот модел – фирмите ќе ги исплаќаат боледувањата и породилните надоместоци на ист ден со платите, а потоа нив парите ќе им ги врати Фондот за здравство.

„Со овој проект ќе се обезбеди континуитет во приливот на средства на граѓаните во услови кога им се најпотребни во ист датум како и платата на нивните колеги“, потенцира Парнарџиева Змејкова.


http://faktor.mk/archives/103361#

Еден од горчливите проблеми на Фондот наш исушен е каснењето на породилното до година дена. Со оваа мерка се предлага фирмите да го исплаќаат породилното, а потоа додека ги средат бирократските процедури Фондот нив да им префрли пари.

Се протнуваат неколку прашања:
1. Фондот се обидува својот минус да го прелее врз фирмите и со тоа да си го заштити угледот во стил јас ништо незнам фирмата не ти платила породилно
2. Како ова би влијаело врз одлуката да се задржи бремена жена на работа
3. Зошто во предлогот нема времена обврска за исплата од Фондот кон фирмите : „ фирмите ќе ги исплаќаат боледувањата и породилните надоместоци на ист ден со платите, а потоа нив парите ќе им ги врати Фондот за здравство.“
4. Како оваа мерка ќе се одрази врз реалниот сектор кој и онака е на стаклени нозе
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.695
Поени од реакции
12.103
Ако ова го применат, родилките ќе добијат пари на време (ако фирмата редовно исплаќа плати) за разлика од порано кога се доцнеше и повеќе месеци. Беше тешко да се чува родилка, бебе и семејство со само една или без плата.
Ако ова го применат, како доцнат овие установи, веројатно додека ги добијат фирмите парите ќе се изначекаат што е лошо.
Ако се исполнат првите 2 услови, евентуално фирмите ќе избегнуваат помлади жени и многу веројатно првото прашање ќе е-дали мислиш да раѓаш, со потпис и печат.
Ние не сме Словенија па ни Холандија
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Ние не сме Словенија па ни Холандија
aaaaaa ne , Lurtz , Makedonija e duri i ponapred od samite EU- chlenki -(od nekoi) :pos:. Italijancite na primer seushte nemaat novi lichni karti- si gi imaat onie starite dvolistni - ko poraneshnite makedonski vozachki . doprva se mislat da otpochnat so zamenata- ....vo nekoi podobri vreminja valjda-;)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Со колку години задоцнување фондот ќе ги враќа парите на фирмите? :cautious:
Сега е една година, кога ќе видат фирми ќе си одложат на две. Девет месеци да плаќаш породилна плата и уште една плата за нов вработен кој ќе заменува, а да ги чекаш парите година дена, при тоа до 15ти на сметка да ги минеш задолжително...шо знам кој би се нафатил.

Али битно породилното ќе се дели од фирма, фирмите ќе бидат криви за породилно шо ти е гајле. Па ујп на врата оти ти фирмо не плати породилно на време ем имаш пари за земање од фондо со почек? Ти си лоша фирма бамп 5000 евра казна за фирма и 2000 за управител. Лоши, лоши фирми нејќат да им дадат пари на трудници запалете ги уаа. Фондот си трие рачиња уф блокиранка фирма, ќе има за земање од парите од сусамот.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Јас моментално сум на породилно.
Можам да кажам дека платата која ми стига не доцни многу, што знам, месец доцни. Јес да првата плата дур ми стигна пројдоа некои си три месеци али океј, несредена документација, еден месец од породилното проаѓа уште пред да се породиш. Следните плати стигаат како што треба.
Значи од моја гледна точка не можам да се пожалам пу пу. Е сега за волја на вистината јас и не сум во некоја многу лоша парична ситуација да двојам од уста до следна плата, така да ова ваљда не е генерално мислење, туку само мое.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
@leandra

Со оглед дека се работи за Македонија претпоставувам дека прашањата на крајот на статијата беа реторички. :place::tapp::свиркам:
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Одлукава е колку да се прави нешто, кај нас повеќето родилки се или без работа или пак некаде работаат ама не се осигурани. Наместо фондот да воспоставува словенечки модели, подобро би било да се реорганизираат и конечно да почнат да исплаќаат на време. Работава ми седи мутна од некоја страна, ама ќе видиме.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Оф-топик: сега го прочитав овој пост:

Боже драга, сите приватни фирми ќе треба да исплатат К15 на своите вработени до јули- август... :pos:
Колку ќе се смеам кога нашиот газда ќе измисли некој изговор зошто нема да ни исплати... Просто невероватно! :pos:
Ќе може некој да ми каже што е работава? Точно е ова? И се однесува ли и на жените кои биле на породилно? :)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Јас моментално сум на породилно.
Можам да кажам дека платата која ми стига не доцни многу, што знам, месец доцни. Јес да првата плата дур ми стигна пројдоа некои си три месеци али океј, несредена документација, еден месец од породилното проаѓа уште пред да се породиш. Следните плати стигаат како што треба.
Значи од моја гледна точка не можам да се пожалам пу пу. Е сега за волја на вистината јас и не сум во некоја многу лоша парична ситуација да двојам од уста до следна плата, така да ова ваљда не е генерално мислење, туку само мое.
Јас за моја колешка од работа во Скопје во 2010 година имам вадено документација за породилно. Незнам само колку пати бев до фондот во Скопје, колку пати ме вратија од шалтерине на здравство, колку пати бев во Агенција за вработување, колку само документи требаше да обезбедиме како фирма да и ги дадеме. Само за неа одев по тие врати мин 3 месеци. Она веќе и се породи, па со бебето они ги дотрчкуваа остатокот од документи. Додека се подговтија, додека ги пратија, додека и дадоа детето порасна.

Незнам во други градови како е, али во Скопје по тие институции за породилно да отвориш јака ви душа на тие што ви е тоа работа. Па замисли трудна да ги акаш тие врати во 7ми месец. Немам коментар.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
И после не се чудете (ако сте женски) кога во разговор за работа или на договор некој онака уз муабет ве праша „а како со брачен статус, како фамилија, дечина имате, планирате сега брзо, (имате едно/две) да не одите на трето дете нели владава пензија ова она...“ Да ,знам дека несмеат да прашаат но кој рече дека нема да ве вработат или продолжат договор поради тоа, ова ќе им биде само плус изговор за поттик да ви речат фала ама кадар како вас не ни е потребен во моментов...
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Она што иритира е што државата ги користи во сите можни работи фирмите како бесплатно кредитирање. Да е приватна ствар фондов би си зел кредит на кој секој месец ќе си плаќа камата за да има од што да плати породилно. Ама бидејќи не е, будаливе нека земат кредит и нека плаќаат и камати што има врска ние ако им касниме со плаќање. Камата ќе дели ли фондов на фирмите за бесплатната услуга која ни најмалку не е обврска на фирмата?

И што би се случило да речеме во текстилна фирма каде има 500 жени вработени, 50 да отидат на породилно? Ќе добијат попуст од УЈП за 50 плати да ги поминат кога ќе пушти фондот или како куче ќе те затворат оти не си поминал придонеси за тој фонд кој те работи во здрав памет.

Реален сектор станува една приватна банка на државата не само за породилно туку и за ддв почек, за враќање гаранција за царина - 6 месеци се чека да ти ги вратат парите, па ако треба да се затегне нешо буџет лабав па казнички да ти допишат, дополнителни давачки. Сервис на администрација, наместо администрација сервис на реален сектор.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Јас за моја колешка од работа во Скопје во 2010 година имам вадено документација за породилно. Незнам само колку пати бев до фондот во Скопје, колку пати ме вратија од шалтерине на здравство, колку пати бев во Агенција за вработување, колку само документи требаше да обезбедиме како фирма да и ги дадеме. Само за неа одев по тие врати мин 3 месеци. Она веќе и се породи, па со бебето они ги дотрчкуваа остатокот од документи. Додека се подговтија, додека ги пратија, додека и дадоа детето порасна.

Незнам во други градови како е, али во Скопје по тие институции за породилно да отвориш јака ви душа на тие што ви е тоа работа. Па замисли трудна да ги акаш тие врати во 7ми месец. Немам коментар.
Па јас не ја вадев документацијата, книговодство ги бркаа тие работи. Јас само од матичната докторка зедов документ и им го праќав во фирмата.[DOUBLEPOST=1398533861][/DOUBLEPOST]
Она што иритира е што државата ги користи во сите можни работи фирмите како бесплатно кредитирање. Да е приватна ствар фондов би си зел кредит на кој секој месец ќе си плаќа камата за да има од што да плати породилно. Ама бидејќи не е, будаливе нека земат кредит и нека плаќаат и камати што има врска ние ако им касниме со плаќање. Камата ќе дели ли фондов на фирмите за бесплатната услуга која ни најмалку не е обврска на фирмата?

И што би се случило да речеме во текстилна фирма каде има 500 жени вработени, 50 да отидат на породилно? Ќе добијат попуст од УЈП за 50 плати да ги поминат кога ќе пушти фондот или како куче ќе те затворат оти не си поминал придонеси за тој фонд кој те работи во здрав памет.

Реален сектор станува една приватна банка на државата не само за породилно туку и за ддв почек, за враќање гаранција за царина - 6 месеци се чека да ти ги вратат парите, па ако треба да се затегне нешо буџет лабав па казнички да ти допишат, дополнителни давачки. Сервис на администрација, наместо администрација сервис на реален сектор.
Страшно, малите приватни фирми го јадат стапот од секоја страна.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom