Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Боже драга, сите приватни фирми ќе треба да исплатат К15 на своите вработени до јули- август... :pos:
Колку ќе се смеам кога нашиот газда ќе измисли некој изговор зошто нема да ни исплати... Просто невероватно! :pos:
 
Здраво.

оваа не е нормално што се дешава жими се. Нема шанси да е ова вистина, бладам изгледа, чекај да си залепам шамар. :facepalm:

Ладна пот изби од мене моментално, морници ме полазија, отварам јутуП да си ја пуштам Шоу маст гоу он, кликам на видеото и оп, чудо, магија, место да го чујам гласот на Фреди, слушам македонски новинар како ме убедува да гласам за владеачката партија и да подржам 2627430 нови проекти, има разлика наводно јас знам да ја препознаам. :гик::tapp::eek:
 
Од понеделник ме пратија да одморам со дел од колегите од работа. Немало работа. Не ми е за одморот, што го трошам пред мене. Туку од други сектори доаѓаат на моето место. И тоа пази, тие што одмараме сме неповрзани со шефовите. Остатоков се роднини, или онаа другана сорта што е, мекотели.
Јас сум виновен што немам роднини во власта, во раководството на фирмата, или на царината во Табановце/Богородица, или евентуално да бидам лижач.
Јас глуп......замини си во Романија да студираш. Скапувај сега тука за 6-7 евра дневница и притоа низ нос да ти ја вадат неизживени луѓе чиј најголем дострел е будење наутро и помислата: Е да с'ибиш (random име), и ти шеф стана.
 
SiC2o0E.jpg
 
Најозбилно, радио у кола не можам да пуштам веќе од крлежите пропагандистички. Дај да го прогласиме за доживотен лидер џабе си трошиме време, пари и нерви за избори и за кампањи, секако резултатот е однапред познат.
 
Мене само што ми се рестартира компјутерот,уште ми е црвена раката...Како го удрив,му го свиткав куќиштето...Не знам што му е...Не е од прегревање или од напојување,ама се рестартира кога ќе му текне...Кога за 10мин,кога за час и половина,важно повеќе не издржува...Заради него ја избришав Borderlands 2, а кренав 26-27 левел...Да е лично мој ќе го здробам со шипка...
 
Драга. Решив денес да шетам, мајка ми цело време ме убедува ќе врне, голем облак доаѓа. Јас не, ма какво ти врнење. И излегов по 10 минути партал ме напрај дождот. Ко стигнав дома ми вели, ех, јас велам но кој ме слуша. Па стварно ми здосади веќе, многу сакам дожд ама претере последниве недели.
 
Кајги тапанарите по defalut се најјаки, а? :D

Oваа недела сите студенти се претвориле во јајца, а ја во компир и марула. Мора некој да мења нели...
 
Нова мода:

Мрмејд! @mnemosynee_1h
онаа мини депресија кога нема ни seen да ти направат, мрш.

:tapp:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom