Бах, децава денес... Ако мислиш дека толку претерува, сачекај го после часови.
Во меѓувреме, гледам цели генерации без ронка почит кон наставниците/професорите во образовните институции (или општо кон постарите). Тоа е пошто секој почна да прави се што сака, а наставниот кадар реално нема никаков механизам за справување со екстремните случаеви.
Имам внука од брат која учи во училиште каде има неколку деца на некои буџовани, кои на секој час се качуваат на клупи, врескаат, урлаат, кршат инвентар, и што се не друго што реално заслужува добар ќутек на лице место. Практично другите деца од нив не можат да учат, и гледаат дека смеат да прават што сакаат без последици.
Ама не, денес некој не смее да ги пипне „дечињата„. Ниту има начин како да го спречи тоа што се случува.
Не знам точно каков е твојот случај, можеби не е ваква работата... ама од кажувања едно 99% се токму вакви случаи какви што ги опишав. Што се мене тиче, треба на наставниците/професорите да им се даде по една подебела врбова прачка и license to spank.