Проблеми што денешните деца никогаш нема да ги разберат (90's and 00's problems)

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Аааах, штом ме рчнавте за овие југословенскиве серии, значи едноставно мора да ги спомнам, мора! :vozbud:


Породично благо
0.jpg

Стижу долари
stizu%20dolari.jpg

Бољи живот
thumb.ashx

Полицајац са Петловог брда
hqdefault.jpg

Сречни људи
hqdefault.jpg

Oтворена врата
otvorena_vrata14431020100511125121.jpg

Камионџије
thumb.ashx

Вруч ветар
hqdefault.jpg

Повратак Оптписаних
1359028082-otpisani.jpg


Нешто понови:
Вила Марија
Vila_Marija.jpg

Забранета љубов
zabranjena-ljubav-ekipa-prve-sezone.jpg

Јелена
hqdefault.jpg

Понос Раткајевих
hqdefault.jpg

Наша мала клиника
hqdefault.jpg

Одмори се, заслужио си
00252.jpg

Љубав, навика и паника
hqdefault.jpg


Обични људи
obicnisb4.jpg

Љубав у заљеџу
thumb.ashx

Долина сунца
dolsun.jpg

Сељаци
01755.jpg


УПМ, све иам глеано. :facepalm:

Башка бришев слики, лимитот е до 20.
Отидов ептен у оф, ама па проблем сеа... не ми текнува проблем. :ROFLMAO:
 
Последно уредено:
Женските нема да го знаат како е ова чудо да го носиш на врат по цел ден, без разлика на тоа колку те чеша после вратот од што е неудобно, ама пуста мода сите ги носеа, пошто беа пластични и квалитетни нели, лесно се кинеа, па плачење по дома за ново, не дај Боже овој крик на модата да го немаш!:вонзем::вонзем::вонзем::вонзем::icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr:

А машките не тегнеа за нив, пошто беше јако како пукаа и оставаа црвено на врат и ние пискавме по нив трчавме да ги тепаме!:ROFLMAO:

Picture11_zpsf27cead9.jpg
 
Нема да знаат како е татко ти да ја преврти цела маала дури те бара, мајка ти да вика од тераса и комшивките сеир да маваат исто од тераса, дури татко ти те враќа дома,а те нашол во другата маала. Сега имаат мобилни гајле им е.
Исто ги немам слушнато да се дерат "маааааамооо" и онака ги гледаш сите мајки ѕиркаат на тераса,
мислејќи дека е нивното дете.
images
Па и овие ласериве, имаше една слика силуета од некоја јебозовна женска и свети му на некој постар чичко со женската.
Нема да го знаат ни кој покољ беше кога се собираше Млади Бунтовници албумот, па тогаш во "Време" цели статии на нив, па сечи ги, лепи ги во споменар.
Ко сме кај споменарите сите женски вервам имавме по еден таков со најретардираните прашања на светот и уште поретардираните одговори и им даваш на сите да се потпишат.
1. Како се викаш?
2. Каде живееш, кога си родена?
3. Омилен предмет во школо?
4. Омилена музика? (странско)
5. Омилен пеЈач? (Адријан Гаџа!)
6. Омилена пеЈачка? (Ребека)
7. Шо мислиш за Рики Мартин? (уффффф)
8. Омилена серија и цртан? (Млади Бунтовници,Дивиот Ангел,Качора, Покемон, Дигимон,Том и Џери, )
9. Омилен глумец? (Манууууууееееееееел)
10. Омилена глумица? (Марицаааа)
11. Омилена група? (Blue)
12. Имаш симпатија? ( ееееее )
13. Како се вика? (не ти кажувам)
14. Нешто за крај? (бај бај мразам крај)
Имаше уште многу,ама не ми текнуваат.

Исто и тие љубовните споменари, пишиш таму пораки, поезии, прози љубовни мислиш едниот свршеник те оставил пред олтар, а другиот имал некоја. И секогаш тие беа во тетратки со некои такви јебо слики, женска во некои искинати фармерки и некој мускулест младич полугол. "Da si ljep-to vidim; da si dobar-to znam; da volis-to pretpostavljam, ali koga ne znam цртани тажни чоечиња, скршени срца трагедии"

И кога се виткаа учебници, па то беше настан. Цела дневна распослана со хартија, ѓубре насекаде. Јас сечам од лепакот, брат ми од хартијата, мајка ми ги лепи учебниците, а татко ми претпоставувам дека не пцуеше пошо моравме баш пред телевизор да застаниме.
 
ова со мемињата, не ги пронаоѓам 2000те 90те да. Филмовите, сериите, видео игрите во 2000те се исти како денес. А 2014 а 2000 исто е. Менталитетот е тој
 
Никогаш нема да знаат како е да снимаат омилена песна на касета, па да се мачат да ја погодат, па да ги исечат непотребните шушкања, па ако исечеш премногу ништо заеба работа бриши цела касета. :D
Исто кога си слушаш во касетофонот и наеднаш додека превртуваш ти излегува цела лента па ја собираш, па ја лепиш со лак за нокти. :D


Некој кога ќе ми преснимаше нешто врз моите касети се скапував од плачење и се лутев со денови XD
 
Последно уредено:
Никогаш нема да знаат како е да го тераш татко ти да излегува на тераса и да ја мрда антената за да ја фаќа јасно А1 и да глеаш К-15 или Патот за Авонли.

Приметувате ли дека на темава звучиме ко старине луѓе со приказните од типот: еee ја на твои години сум пешачел до другото село за у школо, по дождови, по снегови, со скинати кондури сум идел, па после школо сум работел на нива...а вие денес се` на готово имате и па не ви чини..."
 
Последно уредено:
Кога играм кантер, никот ми е Happy New Year 1999!!![DOUBLEPOST=1398382849][/DOUBLEPOST]
Никогаш нема да знаат како е да го тераш татко ти да излегува на тераса и да ја мрда антената за да ја фаќа јасно А1 и да глеаш К-15 или Патот за Авонли.
Која беше патот за авонли?
 
Најдов едно текстче. :)
http://pisatelkataodlozana.weebly.c...510821072-10841072107410721096-109010801.html

Ме потсетивте на лексиконот. :D Не е многу одамна, ама интересно е.
На првата страница сум пишала: Тко украде ову књигу, Бог му дао тешку бригу. Отпала му десна рука, да цео живот кука. :pos:

Многу се нервирав, кога некој ќе почне да се потпишува, а нема да се потпише до крај. :mad: Или кога ќе ми го поремети редот, ќе згреши бројче, ќе напише на два реда, наместо се' да му собере во еден ред. :pos:

На она прашањето: Дали ќе бидеш искрен/а?
Дааа. Жити кариера, да. :pos:

На прашањето каде живееш, гледаш све едни исти адреси. Само со различни бројки.

Кој ти е омилен пејач? - Мора да е тој што победил на Евровизија. Сите одговараа Руслана, а само една песна знаат. :icon_lol:

Водителот обично беше Марко од Дај Побрзај.

Само ако не се најдам, како најдобра другарка, на поставеното прашање. o_O Љута сум одма.

Амааа ако си го најдам името, во луѓето кои ги мрзат... поточно во ѕвездичките, е тогаш... :pos:

Во лексикон, симпатија никогаш не сум имала. :tapp:

Имаше една страница, така подвиткана, да ми постават прашање.

Во еден лексикон имав напишано, нешто за крај: Цао, цао, гавран ти се посрао. И доле некој допишал: Таблето... и тебе гавран да ти се посере. :facepalm:
 
Никогаш нема да знаат како е да снимаат омилена песна на касета, па да се мачат да ја погодат, па да ги исечат непотребните шушкања, па ако исечеш премногу ништо заеба работа бриши цела касета. :D
Исто кога си слушаш во касетофонот и наеднаш додека превртуваш ти излегува цела лента па ја собираш, па ја лепиш со лак за нокти. :D


Некој кога ќе ми преснимаше нешто врз моите касети се скапував од плачење и се лутев со денови XD
The mother of all fuck-ups.
Пошо имавме „државен“ касетофон се дешаваше некои ленти со добра музика (Јоспиа Лисац, Оливер Мандиќ, Црвена Јабука) да завршат со снимки на копиљот од 9 годинки, пошо неговите не му купуваа празни за да експериментира. Не оти се утепаа од слушање, ама замисли денес коа истиот тој копиљ има30 години и гледа колку добри ленти уништил. Нејќам да знам дали моите поседувале ленти од Пинк Флојд. Убиќу се. :D
 
Не сум сигурен дека денешните деца знаат колку боли кога лошиот чичко крвнички ќе ти го дупне фудбалот пред твои очи. :place:
Или па да ти го рогне на кров па неможеш да го преболиш пошто секој ден го гледаш а не е на дофат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom