MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
Може да објасниш како одеше процесот на повеќеслојново толкување, со кој стиховите во кој стои сврти го и другиот образ, за тебе станаа стихови со кои се одобрува на сила да возвратиш со сила?
Може: ете го примерот кога Христос реагира на непотребното шамарање.
Плус, Црквата учи дека враќањето со сила на друга сила е оправдано кога се брани она што е свое или кога се брани татковината, народот и Црквата од злото кое ги нападнало, а кога нема друг избор, освен враќање на силата со сила.[DOUBLEPOST=1398349252][/DOUBLEPOST]
Како е дојдено до тој заклучок дека тоа важи само ако верникот заслужил казна? Каде стои такво упатство или заповед? Дали Исус според оваа логика заслужил казна и бил виновен, затоа што не возратил на тортурата?
.
- верникот живее со свесност за својат грешност и секогаш кога верникот ја нарушува волјата Божја, верникот станува свесен дека греши и дека заслужува казна. Не е во прашање никакво „упатство„, туку е во прашање духовниот опит од верникот.
- Исус воопшто не заслужи(л) казна, тоа е појќе од јасно: Он доборволно (!!!) отиде на крстот Голготски не за да прими просто казнување, туку за да ги прими сите човечки гревови на Својот грб и да ни ги прости истите, пролевајќи ја Својата крв, како последна крвна жртва за родот човечки.[DOUBLEPOST=1398349426][/DOUBLEPOST]
Секоја црква за себе вели дека е света и дека поседува мудрост. И секоја тврди дека само таа е Црквата и нема друга освен неа.
Да, секоја црква може да себе да каже пофални зборови, но она кое и на неупатените може им стане јасно е следното: сите самонаречени „цркви„ имаат свој основач, кој е само обичен смртник и кој своеглаво се одделил од некоја постоечка заедница и тоа основање има свој точен датум, а само Црквата е основана од Христа Бога и Духот Свет, пред 2 000 г.
Последно уредено: