Религија - општа дискусија!

  • Креатор на темата Креатор на темата SuBZerO
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Може да објасниш како одеше процесот на повеќеслојново толкување, со кој стиховите во кој стои сврти го и другиот образ, за тебе станаа стихови со кои се одобрува на сила да возвратиш со сила?

Може: ете го примерот кога Христос реагира на непотребното шамарање.
Плус, Црквата учи дека враќањето со сила на друга сила е оправдано кога се брани она што е свое или кога се брани татковината, народот и Црквата од злото кое ги нападнало, а кога нема друг избор, освен враќање на силата со сила.[DOUBLEPOST=1398349252][/DOUBLEPOST]
Како е дојдено до тој заклучок дека тоа важи само ако верникот заслужил казна? Каде стои такво упатство или заповед? Дали Исус според оваа логика заслужил казна и бил виновен, затоа што не возратил на тортурата?
.

- верникот живее со свесност за својат грешност и секогаш кога верникот ја нарушува волјата Божја, верникот станува свесен дека греши и дека заслужува казна. Не е во прашање никакво „упатство„, туку е во прашање духовниот опит од верникот.
- Исус воопшто не заслужи(л) казна, тоа е појќе од јасно: Он доборволно (!!!) отиде на крстот Голготски не за да прими просто казнување, туку за да ги прими сите човечки гревови на Својот грб и да ни ги прости истите, пролевајќи ја Својата крв, како последна крвна жртва за родот човечки.[DOUBLEPOST=1398349426][/DOUBLEPOST]
Секоја црква за себе вели дека е света и дека поседува мудрост. И секоја тврди дека само таа е Црквата и нема друга освен неа.

Да, секоја црква може да себе да каже пофални зборови, но она кое и на неупатените може им стане јасно е следното: сите самонаречени „цркви„ имаат свој основач, кој е само обичен смртник и кој своеглаво се одделил од некоја постоечка заедница и тоа основање има свој точен датум, а само Црквата е основана од Христа Бога и Духот Свет, пред 2 000 г.
 
Последно уредено:
Остај го Мики тој даде негово толкување, или било кој друг. Еве разговоров е меѓу мене и тебе и јас те прашувам(ретко обично одговарам) како ги толкуваш овие стиха. Има ли логика која е поуката која може да се извлече при поврзувањето на двата стиха или се контрадикторности. Јас ќе ти одговорам, но ме интересира ти што мислиш. За поправилно и поточно да токуваш прочитај ги соодветните глави на стиховите.
Јован: 18:23Исус му одговори: „Ако реков лошо, докажи дека е лошо; а ако реков добро, зошто Ме удираш?
Лука6 :29.На оној, кој ќе те плесне по едниот образ, заврти му го и другиот; и на тој, кој ти ја зема наметката, не му ја откажувај ни кошулата
А каде виде ти во стихов од Јован дека Исус на сила возвратил со сила? Јас гледам само прашање - "Зошто ме удираш?" На кој начин тоа е спротивно со пораката ако некој те плесне по едниот образ, ти заврти го другиот? Каде гледате воопшто порака дека овие стихови треба да се толкуваат?! Каде пишува дека се парабола? Дека значат нешто друго?
 
Види во Матеј, 26.53, ќе Ти олесни....

Се извинувам за упадов.
 
Може: ете го примерот кога Христос реагира на непотребното шамарање.
Плус, Црквата учи дека враќањето со сила на друга сила е оправдано кога се брани она што е свое или кога се брани татковината, народот и Црквата од злото кое ги нападнало, а кога нема друг избор, освен враќање на силата со сила.
Јас во тој пример освен прашање зошто го удреле, негледам никаква друга реакција која би била дополнување или објаснување на пораката - на сила да не се возвраќа со сила.
- верникот живее со свесност за својат грешност и секогаш кога верникот ја нарушува волјата Божја, верникот станува свесен дека греши и дека заслужува казна. Не е во прашање никакво „упатство„, туку е во прашање духовниот опит од верникот.
- Исус воопшто не заслужи(л) казна, тоа е појќе од јасно: Он доборволно (!!!) отиде на крстот Голготски не за да прими просто казнување, туку за да ги прими сите човечки гревови на Својот грб и да ни ги прости истите, пролевајќи ја Својата крв, како последна крвна жртва за родот човечки.
Епа сега реши се! Или мора да си виновен и да си заслужил казна за да не возвратиш, или невозвраќањето нема никаква врска со вина и заслужување казна! Еднаш велиш дека:
Вртењето на другиот образ, односно примањето укор, примањето навреда или примањето казна, се врши ако верникот е свесен дека сторил грев или гршека. кои заслужуваат казна.
Постои и случај кај еден од Светиите, не би се сетил на името, мислам дека беше Спиродон, кој навистина го свртел и другиот образ, иако бил без причина шамаран од некој војник.
За после да кажеш нешто сосема спротивно:
- Исус воопшто не заслужи(л) казна, тоа е појќе од јасно: Он доборволно (!!!) отиде на крстот Голготски не за да прими просто казнување,
Да, секоја црква може да себе да каже пофални зборови, но она кое и на неупатените може им стане јасно е следното: сите самонаречени „цркви„ имаат свој основач, кој е само обичен смртник и кој своеглаво се одделил од некоја постоечка заедница и тоа основање има свој точен датум, а само Црквата е основана од Христа Бога и Духот Свет, пред 2 000 г.
И православната црква има основач - Павле, кој ниту го видел ниту го познавал лично Исус. Ништо ново.
 
И другар Ти Let3 и цел Ислам го велите истово, што не значи дека сте во право...
 
нели бев протестант ???
ти бе мики ко на милошевиќ речнико “помахнитале плаќеничке хорде крвожедних атеиста....“
Него Исус кога доброволно се предаде па го камшиковаа па го распнаа а тој не се бранеше.... то оти беше виновен зато така не даде отпор?
заслужено така му направија (или за него не важат тие финти со примање казни?)
 
Јас во тој пример освен прашање зошто го удреле, негледам никаква друга реакција која би била дополнување или објаснување на пораката - на сила да не се возвраќа со сила.

Ме мрзи да се повторувам....Но она кое не можеш да го видиш, можат другите.

Еве како: Христос бара доказ од удирачот, доколку она кое Он го сторил било грешка, односно Он бара објаснување за причината за упатениот шамар, доколку Он сторил добро.
И каде е докажувањето, каде е објаснувањето за упатениот шамар, кога првосвештеникот Ана Го упатува Христа кај Кајафа?[DOUBLEPOST=1398350672][/DOUBLEPOST]
Епа сега реши се! Или мора да си виновен и да си заслужил казна за да не возвратиш, или невозвраќањето нема никаква врска со вина и заслужување казна! Еднаш велиш дека:

За после да кажеш нешто сосема спротивно:

Нема тука ништо „спротивно„. улогата Христова во Светов е уникатна и не може да се спореди со огревовеноста од било кој човек.
 
Последно уредено:
А каде виде ти во стихов од Јован дека Исус на сила возвратил со сила? Јас гледам само прашање - "Зошто ме удираш?" На кој начин тоа е спротивно со пораката ако некој те плесне по едниот образ, ти заврти го другиот? Каде гледате воопшто порака дека овие стихови треба да се толкуваат?! Каде пишува дека се парабола? Дека значат нешто друго?
Човеку твоето толкување е....Можеш ли да размислуваш или само поствуваш прашања и конфронтираш каде стигнеш. Еве напиши еден пост со твое мислење без да прашаш или конфронтираш, дај сопствен заклучок.Јас ќе ти одговорам потоа, евентуално согласам.
Еве ќе ти помогнам Исус не возвратил со сила, но не го завртил другиот образ.
 
Ме мрзи да се повторувам....Но она кое не можеш да го видиш, можат другите.

Еве како: Христос бара доказ од удирачот, доколку она кое Он го сторил било грешка, односно Он бара објаснување за причината за упатениот шамар, доколку Он сторил добро.
И каде е докажувањето, каде е обајснувањето за упатениот шамар, кога првосвештеникот Ана Го упатува Христа кај Кајафа?
На кој начин прашањето: "Зошто ме удираш" е возвраќање на сила со сила?!
Нема тука ништо „спротивно„. улогата Христова во Светов е уникатна и не може да се спореди со огревовеноста од било кој човек.
Како нема ништо спротивно? Велиш дека ако некој не возвраќа на сила, значи дека заслужил и дека е виновен! Исус дали возвратил кога бил мачен?[DOUBLEPOST=1398351154][/DOUBLEPOST]
Човеку твоето толкување е....Можеш ли да размислуваш или само поствуваш прашања и конфронтираш каде стигнеш. Еве напиши еден пост со твое мислење без да прашаш или конфронтираш, дај сопствен заклучок.Јас ќе ти одговорам потоа, евентуално согласам.
Еве ќе ти помогнам Исус не возвратил со сила, но не го завртил другиот образ.
Јас ти кажав како го разбирам тој стих - како што и пишува! Значи таму стои ако некој те удри, не му возвраќај, сврти го и другиот образ! Јас така го разбирам, затоа што така пишува! Тебе те прашувам по трети или четврти пат - Како ти го разбираш? Зошто сметаш дека има потреба да се толкува?!
 
Во ред тоа е првиот стих Лука6 :29.. Вториот? Јован: 18:23 )него како го толкуваш?
И за крај кој е заклучокот поуката има ли таква според тебе?
Имам прдвид не отделните стихови, но земени двата заедно.
 
На кој начин прашањето: "Зошто ме удираш" е возвраќање на сила со сила?!

Како нема ништо спротивно? Велиш дека ако некој не возвраќа на сила, значи дека заслужил и дека е виновен! Исус дали возвратил кога бил мачен?[

Очигледно е дека појќе сакаш да прашуваш, отколку да го прочиташ добиениот одговор.

Дека Христос можел на сила да возврати со сила, имаш „апла„ пример во Матеј, 26.53. Секако, немам намера да правам механичко спојување на овие стихови со муабетов, но сакам да посочам дека Он и тоа како можел да возврати на сила со сила, но тоа не го сторил, оти Неговата улога во Светов беше сосема поинаква: да спасува, а не да погубува.

Оставува Христовата безгрешност и немањето причина да биде удиран па дури и мачен, распнат и убиен.
 
Во ред тоа е првиот стих Лука6 :29.. Вториот? Јован: 18:23 )него како го толкуваш?
И за крај кој е заклучокот поуката има ли таква според тебе?
Имам прдвид не отделните стихови, но земени двата заедно.
Јован 18:23 е прашање, не е порака на сила да се возврати со сила. Пак те прашувам - зошто и каде гледаш причина да се толкуваат стиховиве? Каде пишува дека имаат поинакво значење?[DOUBLEPOST=1398351943][/DOUBLEPOST]
Очигледно е дека појќе сакаш да прашуваш, отколку да го прочиташ добиениот одговор.

Дека Христос можел на сила да возврати со сила, имаш „апла„ пример во Матеј, 26.53. Секако, немам намера да правам механичко спојување на овие стихови со муабетов, но сакам да посочам дека Он и тоа како можел да возврати на сила со сила, но тоа не го сторил, оти Неговата улога во Светов беше сосема поинаква: да спасува, а не да погубува.

Оставува Христовата безгрешност и немањето причина да биде удиран па дури и мачен, распнат и убиен.
Можел да возврати и возвратил не е исто. Но тоа не е поентата, која како и секогаш досега ја избегна.
 
Јован 18:23 е прашање, не е порака на сила да се возврати со сила. Пак те прашувам - зошто и каде гледаш причина да се толкуваат стиховиве? Каде пишува дека имаат поинакво значење?
Никаде не реков дека е порака да се врати со сила или било што. Јас ти ги оставив во чиста форма без мое мислење како ти ги разбираш.
Причината е затоа што во едниот стих вели ’’ако те удри по едниот образ заврти му го и другиот’’, а во другиот стих кога го удираат шамар тој не го врти другиот образ а прашува ’’зошто ме удираш’’. Како ова ти го разбираш.Зошто не го врти другиот образ како што вели во другиот стих. Можеш ли да направиш врска, да ја разбереш пораката.
 
Можел да возврати и возвратил не е исто. Но тоа не е поентата, која како и секогаш досега ја избегна.

Да, не е „исто„, а поената не ја избегнав....
 
Никаде не реков дека е порака да се врати со сила или било што. Јас ти ги оставив во чиста форма без мое мислење како ти ги разбираш.
Причината е затоа што во едниот стих вели ’’ако те удри по едниот образ заврти му го и другиот’’, а во другиот стих кога го удираат шамар тој не го врти другиот образ а прашува ’’зошто ме удираш’’. Како ова ти го разбираш.Зошто не го врти другиот образ како што вели во другиот стих. Можеш ли да направиш врска, да ја разбереш пораката.
Јас го разбирам како порака да се биде пасивен, и да не се возвраќа. Има некое друго значење според вас?[DOUBLEPOST=1398352921][/DOUBLEPOST]
Да, не е „исто„, а поената не ја избегнав....
Не бе ич. Само што првин кажа дека оној што не возвраќа на сила со сила треба да е виновен и да го заслужил тоа. Фактот што Исус го направил токму тоа, за тебе е небитен.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom