Религијата за време на комунизмот?

  • Креатор на темата Креатор на темата smihajlo
  • Време на започнување Време на започнување
Моите двајца дедовци,војници во Народноослободителната Војска на Македонија умреја како тврдокорни Комунисти но сепак цврсти верници.. мојот татко е крстен тајно,и до скоро пред да почине не го знаеше тоа,бидејќи дедо ми бил тоа што бил и НЕ Е ПО ОБИЧАЈ Комунистите да се мотаат со верата.. суштината на Комунизмот е дека Бог не постои,а и како што пишаа погоре,нашето во Југославија беше Социјализам,Комунизам има Северна Кореја,да забранеше овде Тито како таму да видам колку цркви и џамии ќе се изградеја.. и колку ВЕРНИЦИ ќе имаше..
 
Не и се придавало некое значење изгледа од тогашната држава. Доказ ти е обновувањето на МПЦ која се возобновила во ерата на СФРЈ.
Денес црквата (и општо религиозните заедници) се мешаат во државни работи.
 
една од малкуте работи кои ми недостасуваат од социјализот е баш ова. НЕмешањето на религијата со државата.
 
Сакам социјализам ( да доживеам,уште еднаш во животта)и ќе се молам на бога за тоа.
 
Офтопик: оти постоеше Голи Оток, ако у Југославија немало забранети нешта? Или оти имало еден куп масакри до 50та година? Шо напраиле тие фаци за да бидат убиени?
 
Офтопик: оти постоеше Голи Оток, ако у Југославија немало забранети нешта? Или оти имало еден куп масакри до 50та година? Шо напраиле тие фаци за да бидат убиени?
Голи Оток постоеше за оние кои беа на страната на Сталин во 1948 (Резолуцијата на Информбирото за Југославија). Тоа бил политички затвор.
Оние кои беа со некој сон за самостојна Македонија тогаш, или, едноставно не им беа по мерак на властите, или се убиени, или во Идризово.
Но, темата е за религијата во времето на комунизмот (или социјализмот, како сакате наречете го).
Никој не негира дека имало и забранети работи, ама религијата не е една од нив.
 
Значи приказната е следнава...

Сега за време на празнициве седнав со дедо ми кој има некаде 89+ години и почна да ми раскажува како било тогаш.

Се замислив малку кога почна да ми раскажува за венчавката со баба ми. Вика тоа било далечната 47' се венчавале во црква со 200 луѓе присутни и 2-ца генерали(пријатели најверојатно) од Црна Гора(ваљда ЈНА) вика дојдоа дури од Црна Гора и два сати мирно стоеја додека попот пееше во црквата.

Пошто јас имав некое знаење дека забрането била религијата во тоа време ми падна малку чудно па го потпрашав уште некое прашање од кои едно беше :

Дали ви забранувале да идете во црква т.е да практикувате религиозни обреди.
-Одговорот беше дека ништо не им забранувале и дека иако они официјално го имале тој став(т.е забрана) ама и они биле верници.

П.С Не приметив слична тема па споделете ваши мислења и/или искуства за тој период.

.

Толерирани биле сите “верници“ кои оделе и се колнеле како војници.
Сите коишто не сакале да се колнат и да служат со оружје,
тие ги снаоѓало нешто слично како Првороденото Чедо БОЖЈЕ!


goli-660x422.jpg


.
 
Офтопик: оти постоеше Голи Оток, ако у Југославија немало забранети нешта? Или оти имало еден куп масакри до 50та година? Шо напраиле тие фаци за да бидат убиени?
Голи оток постоеше 8 години (како политички затвор) Колку луѓе умреле во тие 8 години, колку имало масакри и колку луѓе се убиени до 50сетата и колкав е тој однос со убиствата во други земји, пример Италија, Франција.
Дали и некоја друга демократска земја применуваше масовно затварање на “неподобни“ граѓани во логори?
 
на темава ми текна да прокопам нешто, најдов Устав на СФРЈ :


Члан 174.

Исповедање вере је слободно и приватна је ствар човека.

Верске заједнице одвојене су од државе и слободне су у вршењу верских послова и верских обреда.

Верске заједнице могу оснивати само верске школе за спремање свештеника.

Противуставна је злоупотреба вере и верске делатности у политичке сврхе.

Друштвена заједница може материјално помагати верске заједнице.

Верске заједнице могу, у границама одређеним законом, имати право својине на непокретности.

said enough :)
 
Комунистичката партија интервенирала ли се е во управувањето со црквата?
Има ли информации за агенти на Државна безбедност меѓу вишото свештенство?

Како читам работите, во Бугарија беше иста работа. Во општи линии пообичните луѓе беа порелигиозни, а партиските и управленските кадри не. Единија мој дедо беше од едните, другиот од вторите (директор на средно-воено училиште и др.).

Ова секако беше до конкретниот човек, бидејќи мајка ми е религиозна, нејзиниот татко не, јас сум крстен во црква уште во комунизмот и тоа на крајот на 70-тите ..

Комунизмот на крајот е атеистичка доктрина. Одеше во црква, но не се гледаше со добро око на тоа од партијата.
 
.

...

Комунизмот на крајот е атеистичка доктрина. Одеше во црква, но не се гледаше со добро око на тоа од партијата.

.

Доследно пратиго “белиот зајак“ и ќе видиш дали комунизмот е атеистичка доктрина. ... :)

“И самите ние не сме свестни, колку сме религиозни.“

Карл Маркс

(роден како евреин, околу 7та година на животот - заедно со целата фамилија - конвертиран во реформираната црква )

.[DOUBLEPOST=1398290822][/DOUBLEPOST]
на темава ми текна да прокопам нешто, најдов Устав на СФРЈ :


Члан 174.

Исповедање вере је слободно и приватна је ствар човека.

Верске заједнице одвојене су од државе и слободне су у вршењу верских послова и верских обреда.

Верске заједнице могу оснивати само верске школе за спремање свештеника.

Противуставна је злоупотреба вере и верске делатности у политичке сврхе.

Друштвена заједница може материјално помагати верске заједнице.

Верске заједнице могу, у границама одређеним законом, имати право својине на непокретности.

said enough :)

.

Зарем политика е ако поради верата во БОЖЈИОТ Цар на Мирот одбијам да служам со оружје?

Зарем поради тоа треба да бидам пратен на голи оток? ... o_O





.
 
Последно уредено:
Ако се почитуваа различностите, оти фаците кои го имаат основано јога сојузот, биле државни непријатели?
 
Ако се почитуваа различностите, оти фаците кои го имаат основано јога сојузот, биле државни непријатели?
да беа државни неприатели - немаше ни да им дозволат да основаат сојуз
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom