Не сакав, ама засакав

  • Креатор на темата Креатор на темата Sungerot Bob
  • Време на започнување Време на започнување
Ха, отпрвин помислив дека темава е нешто љубовна :D.

НаТема: мајонез, млеко.

И јас мислев љубовна дека е :icon_lol:
Како бе млеко? :eek: Јас неможам без млеко да живеам. Неможам да сфатам луѓе што не пијат...

Он: Порано печурките од пицата ги тргав. Везе неам зашто, ваљда зашто никој не ги јадеше па мислев гадни се :pos: Исто така, не јадев ништо луто. И секогаш ги тргав(требев :D) лукот и кромидот од било каде. Сега јадам луто (со усул :D) и убаво ми е. А кромидот и лукот не ми сметаат во манџи, ама сами по себе не ги сакам :P Исто така, некако бледо ми текнува дека не ги јадев жолчките од јајцата. И кората од јаболкото. Сега ништо не ми смета :D Дури и пача пројадов, ама само како мезе, и зависи кој ја прави....
 
Макарони со сирење..Кога бев основно одделение, во кујната во училиштето кај одев имавме еден ден макарони, ги пробав еднаш...ај што беше смрдливо сирењето па и макароните не беа убаво испечени..И кога ме прашуваше мајка ми што јадевте денес јас велев пластични макарони :pos:Ги одбегнував долго време. Не можев да помислам на нив.
Да преминам на главното. Еднаш мајка ми ми подготви убави макарони со уште поубаво сирење, си реков ај да си дадам шанса и да ги пробам. Од тогаш, многу често ги јадам.
 
Не сакав Боранија....после 37години уште не јадам Боранија :D
 
Кисели краставички, се ежев ко мал, а сеа си ги мцкам баз мака....
 
Јас сум сештојад посебно кога сум гладен.
Значи јадам пифтија, јагнешко, печурки, полжави ,каши, мисирки и останат пердувест дивеч, жабји батаци, морска и приморска храна, шумски плодови, сите видови и подвидови на манџи, џимиринки, мрсно, тро повеќе мрсно, посно, тестенини, разни видови на чорби, кисела и нормална зелка зготвена или сурова, секој останат зеленчук во вид на салата или зготвен, млеко и млечни производи итн.
Единствено што ми имало непријатен вкус беше кога јадев во Германија некој икри во конзерва( не кавијар) така црвени и големки колку рибизла. Најблиску до вкусот би било како да јадеш живи црева од расипана риба.
Додуша можеби и не бев толку гладен а и само еднаш ми се пружила прилика, така да за нив ке речам дека сум неутрален се додека не ги пробам уште еднаш.
 
Ајвар и банана.
 
Морков дефинитивно ова чудо иако е здраво но сепак не можам да го јадам со задоволство до пред 3 години воопшто не пробував морков иако сега само го јадам кога во туршија инаку онака не сеуште.
 
Јуфки и кисело млеко. Којзнае што си мислев. Али у принцип денес освен праз, печурки и бурек со зелка ( :sick: ) се јадам, не сум пребирливо створење.
 
Јуфки и кисело млеко. Којзнае што си мислев. Али у принцип денес освен праз, печурки и бурек со зелка ( :sick: ) се јадам, не сум пребирливо створење.
Незнам дали знаеш но како информација има луѓе што во Кисело Млеко додаваат една кафена лажичка шеќер :нинџ:
 
И јас мислев љубовна дека е :icon_lol:
Како бе млеко? :eek: Јас неможам без млеко да живеам. Неможам да сфатам луѓе што не пијат...

Не знам зашто, ете. Јас уште како мала не сум сакала млеко па моите морале со густи сок да ме хранат :icon_lol:. Во градинка се сеќавам дека кога си идев дома постојано плачев зашто учителката ме тераше да испијам барем половина чаша млеко, на крај целосно ме отпишаја од земање храна.

Сега млеко конзумирам само во кафе и ретко некогаш да се напијам по едно филџанче и тоа строго ладно млеко, греано млеко уште ми се гади.
 
Шкембе чорба не јадев ама за трезнење е одлична
Јагнешко ни под разно ден денес не јадам,од километар по мирисот препознавам дека има јагнешко за ручек и си одам во ресторант.
 
Не знам зашто, ете. Јас уште како мала не сум сакала млеко па моите морале со густи сок да ме хранат :icon_lol:. Во градинка се сеќавам дека кога си идев дома постојано плачев зашто учителката ме тераше да испијам барем половина чаша млеко, на крај целосно ме отпишаја од земање храна.

Сега млеко конзумирам само во кафе и ретко некогаш да се напијам по едно филџанче и тоа строго ладно млеко, греано млеко уште ми се гади.

Јас се извинувам за оф топик, можете да ме бришете ако сакате :D

Јас го обожавам мирисот на варено млеко :love: Порано дома само такво имавме зашто беше многу поефтино, а ние сите се давевме во млеко :pos:
Чисто информативно, имаш коска скршено во животов? :)
 
Незнам дали знаеш но како информација има луѓе што во Кисело Млеко додаваат една кафена лажичка шеќер :нинџ:

Ова некоја нова населба ви е во Скопје, нешо као Кисела Вода? :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom