Под тешка дипресија сум...готово...не можам да спијам 4 недели...ако заспијам сонувам и незнам дали е вистина или сон..и се разбудувам на секој 1 и пол саат и сум уморна.сношти наеднаш ме фати страв еден...разговарав со моиве и ми викаат никако да не одам на психијатар пошто не ќе можи да ми помогне..а јас се чувстувам никако буквално..ништо не ме интересира,како изгубена сум,немам апетит,ме боли желудник,ми се гади...немам за ништо желба..ни за учење,ни за излегување..не можам да се концентрирам..и мислам дека никогаш ова нема да ми помине...пробувам со позитивни мисли..но никако...се чувстувам уморено,ненаспано,почна срцето силно да ми бие сабалјево ШТО ДА ПРАВАМ???Имам само 19 години и ова ми се случува...
Какво искуство имате вие со депресијата?колку време ве има држено?какви симптоми??
Епа вака моме....
Убаво ти викаат сите, пробај, иди на лекар, види што ќе ти каже, од тоа зијан нема.
Инаку без разлика што ќе ти припишат таму и што ќе ти кажат, секогаш е добро човек прво сам да си помогне, и да сака да ја надмине состојбата во која се наоѓа.
Пробај да избенуваш секаков вид на стрес, откажи телевизија и напорни филмови, избегнувај луѓе што те заморуваат во моментот, избегнувај кафе и алкохол и се
од што може да ти биде тешко на кој и да е начин. Пробај да го смириш организмот.
Слушај музика, ама никако музика која ти буди лоши чувства и сеќавања. Комбинирај весела музика во утринските часови и раните часови од денот. Навечер набави си амбиентал
и чилаут музика, пушти ја на тихо, легни, затвори ги очите и пробај да се опуштиш. Ако можеш да одиш на јога или што и да е каде што има медитација ќе ти помогне доста.
Ќе научиш да си ги концентрираш мислите. Со сонот не оди на сила, остави да дојде сам по себе, бави се со спорт, ќе те измори и ќе ти се приспие.
Пробај нешто од ова, сигурно ќе ти помогне.