Малечко,
остиум на туба е фактичка состојба кај секое женско, а не е дијагноза. Тоа ти се отворите на самите јајцеводи. Едниот крај е кај јајниците, а вториот крај кај матката. Самиот отвор на јајцеводите се вика остиум, исто како што отворот за во соба се вика врата.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Така што, пиши ако има некаква дијагноза што се однесува на овие отвори, инаку вака ништо не значи.
Луртз,
по моето знаење парадентозата еднаш штом се појави не може да се излечи, туку се става под контрола, со цел да се одржува на тоа ниво, односно е irreversible. Најчесто е наследна, т.е. со предиспозиции, а причинител може да бидат и бактериите што се лепат и развиваат помеѓу глеѓта на забот и непцето. Штом почнат да се развиваат го атрофираат непцето и тоа почнува да се повлекува. За да се ублажи состојбата и да се успори процесот на повлекување се препорачува редовно чистење на непцата на забар (на 3 мес.), а во меѓувреме дома со конец после секое јадење и беспрекорна орална хигиена. Мислам дека постојат некои лекови, сепак се работи за бактерија, не сум сигурна кои и какви. Ама од друга страна бактериите (огин да ги гори
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
) не се требат целосно како вирусите, туку само бараат плодна почва за пак да се развијат.