Ilumious
Патник, педер, поет, администратор, масон
- Член од
- 29 јануари 2007
- Мислења
- 84.962
- Поени од реакции
- 195.495
Истото се случува и на овие лигашкиве утакмици по ракометов, еве бев на последниве неколку на ЖРК, дојдени тетки и типци ваљда државно што работат на пауза да утепаат некој саат, јас и Клипче сме фатиле уауеуауаууаееа (зошто нели се доаѓа на утакмица да извадиш фрустрации од себе, да навиваш, да свириш, да урлаш) овие нсе вртат и не гледаат, као демек не им сметајте на ракометарките Или па најнова мода, дошле во СЦБТ без разлика дали на РК или ЖРК и дремат на FB. Немаме ние култура за на стадион или сала. Сите мислат дека ќе им замери некој или не е културно да се понашаш како „мајмун“Не ми ја спомнувај утакмицата со Шпанија. Убедливо најглуп и најфрустрирачките натпревар на кој сум присуствувал.
Ај што не избушија Шпанциве и што нашиве ракометари се влечеа на терен ко да дошле на натпревар директно од работа, туку и навивањето беше ВРВ. Копиљаци, тетки, бебиња... Не дека сум хард-кор навивач јас, ама бар викам и покажувам емоции. Ова со Шпанија беше мрсулковци на кило. Дури и Германците покажуваа повеќе емоции од нашиве. Атмосферата беше толку очајна што од „режија“ мораа да пуштаат претходно снимени свирежи и навивачки песни за време на натпреварот (нешто што во принцип не е дозволено).