Сè за опаѓањето на косата - совети и искуства

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.364
Поени од реакции
38.673
Ке го кршиш од 5 мг :)
Е треба на 3 дела да го кршам , и пак ќе биде повеќе од 1мг. :confused: Несакам да зимам повеќе од 1 мг , прво да пробам со малце па можеби ќе го накачам подоцна. Ќе се снајдам , мора да најдам од 1.
 
Член од
5 февруари 2011
Мислења
246
Поени од реакции
155

Тешко дека ке најдиш, еве како се крши http://www.youtube.com/watch?v=MJT0VLLQrcU
 
Член од
4 декември 2013
Мислења
198
Поени од реакции
70
Едно време ми паѓаше косата како од есенско обновување, сега повторно во овој период почна да паѓа, кога се мијам коса или пак со прсти ќе фатам нежно и 3-4 влакненца има на прстите. Шо ќе да е работава? o_O Иначе кога се мијам на дланка имам многу влакненца. Имам 17 год. :)

Поправка: читам поназад и гледам дека луѓе кои вежбаат се жалат од опаѓање на коса, па јас еве 2 и пол недели редовно вежбам и дане има некаква врска тоа?
 
Последно уредено:
Член од
16 април 2014
Мислења
32
Поени од реакции
2
Dali nekoj na forumot imat iskustvo so 101Hair care centarot i so nivnite 101 proizvodi laseri i sl
gledam na fb imaat sliki od pacienti so porasnata kosa
pozdrav
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.364
Поени од реакции
38.673
Dali nekoj na forumot imat iskustvo so 101Hair care centarot i so nivnite 101 proizvodi laseri i sl
gledam na fb imaat sliki od pacienti so porasnata kosa
pozdrav
Прилично на природна база им се производите. Неможеш да очекуваш чуда нормално , но сигурно помагаат колку толку. Најубаво контактирај ги и оди во една од нивните канцеларии , најубаво ќе ти објаснат.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
32
Поени од реакции
2
fala na odgovorot
no me interesira dali nekoj od forumot koristi ili znae nekoj shto koristi od nivnite proizvodi i dali ima nekoj rezultat

pozdrav:)
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Ај вака да прашам.
Имам многу мрсна кожа и морам косата секој ден да ја мијам зошто брзо ми се мрси. Коа ми е чиста косата и коа ќе поминам со рака низ неа не паѓаат влакна, а коа ми е мрсна и коа ќе поминам со рака низ коса обавезно барем 5-6 влакна имам во рака. Исто и кога се мијам барем 10-15 влакна ми паѓаат. Некој совет ?
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.364
Поени од реакции
38.673
Ај вака да прашам.
Имам многу мрсна кожа и морам косата секој ден да ја мијам зошто брзо ми се мрси. Коа ми е чиста косата и коа ќе поминам со рака низ неа не паѓаат влакна, а коа ми е мрсна и коа ќе поминам со рака низ коса обавезно барем 5-6 влакна имам во рака. Исто и кога се мијам барем 10-15 влакна ми паѓаат. Некој совет ?
Немаш ама баш никаков проблем. Нормално е во рок од 24 часа да паднат и по 50-60 влакна , така се обновува косата. Ако си загрижен најди Б витамин апчиња и пукај , јас пијам едни МЕРЦ се викаат и ептен сум задоволен , 530 денари се 60 таблетки по 2 на ден , пуни се со секакви витамини.
 
Член од
5 февруари 2011
Мислења
246
Поени од реакции
155
Немаш ама баш никаков проблем. Нормално е во рок од 24 часа да паднат и по 50-60 влакна , така се обновува косата. Ако си загрижен најди Б витамин апчиња и пукај , јас пијам едни МЕРЦ се викаат и ептен сум задоволен , 530 денари се 60 таблетки по 2 на ден , пуни се со секакви витамини.
Спореди го мерцот со овие истите витамини се :)
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.541
Поени од реакции
4.078
За Алопел некој слушнал ? Пена против опаѓање на косата. Производ е на шпанската компанија Каталисис која имала топ козметички производи и се работело за доста угледна и реномирана компанија. Овој бил нов производ пред неколку месеци пуштен во продажба наменет за оние со андрогена алопеција и алопеција ареата. Го препорачува Анчевски а и на другарче девојкаму која е на специјализација за дерматолог ми збореше за презентацијата на производот каде што резултатите кои биле презентирани биле ептен ветувачки.

Е сега, на нетов нема никакви информации за производот освен за неговиот состав и реклами за да го порачаш преку нет. Ништо поопширно не можев да најдам. Исто на форуми странски никој не го спомиња.
Можеби е ок производ кој работи слично како миноксидилот а можеби е и scam.

Дај боже да излезе нешто од ова, мада искрено мене не ми се верува кога се работи за генетско опаѓање на коса.
Само два производи до сега кај генетското опаѓање на косата ( андрогена алопеција ) даваат видливи резултати, тоа се како што е веќе спомнато многупати на темава: Пропециа и Миноксидил.

Лично не би си играл со Пропециа заради добро познатите причини, сексуална дисфункција, болки во тестисите и др. Според испитувањата и тестирањата што се извршени ќе се прочита дека мал дел од оние кои конзумирале Пропециа имале негативни ефекти, околу 10 -15% што во реалноста мислам дека е многу повеќе, бар таков впечаток добив читајки некои странски форуми, таму бар секој трет имаше пријавено дека има / имале негативни ефекти од Пропециа, како што спомнав, намалена желба за секс, болки во тестисите и др. У ситуацијава добра работа бар е што со престанок на конзумација на апчињата се се враќало како што треба, во нормала, а научно само 0.5 % пријавиле трајна импотенција. Мада јас со тоа не би се зезал.

Миноксидилот кај мал број на корисници има негативни ефекти во вид на алергиски реакции по кожата и разни осипи кои некој изгледаат стварно језиво, али воглавно кај поголемиот број е добро толериран.
Исто да се напомене дека кај мал број на корисници немал никаков ефект.

Се спомнува Saw Palmeto како по лајт варјанта. Делувало нешто слично како Пропециата само послабо и со помали нус ефекти, мада и за него се спомиња дека предизвикувало намалена сексуална желба кај одреден мал број конзументи.

Прочитав пред некоја страна на темава дека членот @aleksandarreal користи Saw Palmeto па ако може дечкото поопширно да напише, колку време ги користи, како е задоволен од резултатите ( дали има само намалување на опаѓањето или има скроз престанок на опаѓањето, дали има растење на нова коса на веќе опаднатите места, итн ) дали го користи во комбинација со други производи и дали почуствувал било какви негативни ефекти до сега. И најбитното ќе заборавев, дали кај него се работи за генетско опаѓање на косата.

Иначе, Saw Palmeto се препишува за луѓе кои имаат проблеми со простата.

Мене веќе некое време ми опаѓа косата, можда година ипол, среќа имав многу густа коса па сеуште сум добро покриен :) али веќе ќе мора да се превземе нешто.
 
Последно уредено:
Член од
4 декември 2013
Мислења
198
Поени од реакции
70
Едно време ми паѓаше косата како од есенско обновување, сега повторно во овој период почна да паѓа, кога се мијам коса или пак со прсти ќе фатам нежно и 3-4 влакненца има на прстите. Шо ќе да е работава? o_O Иначе кога се мијам на дланка имам многу влакненца. Имам 17 год. :)

Поправка: читам поназад и гледам дека луѓе кои вежбаат се жалат од опаѓање на коса, па јас еве 2 и пол недели редовно вежбам и дане има некаква врска тоа?
Ќе се самоцитирам зш гледам никој рецка не мава, а мене упорно косата многу ми паѓат и пак ме фаќат тој стрес од есента само што есента се утешив со есенското обновување. Сега со што? Да одам на лекар, дане имам некој недостаток на витамини?
 
Член од
19 декември 2010
Мислења
246
Поени од реакции
296
Немаш ама баш никаков проблем. Нормално е во рок од 24 часа да паднат и по 50-60 влакна , така се обновува косата. Ако си загрижен најди Б витамин апчиња и пукај , јас пијам едни МЕРЦ се викаат и ептен сум задоволен , 530 денари се 60 таблетки по 2 на ден , пуни се со секакви витамини.
Не е проблемот во тоа колку влакна опаѓаат на дневно ниво, туку дали истите тие влакна ќе се вратат во минијатуризирана форма во следниот циклус на раст ( косата има циклуси на раст). Мора да отпаѓа за да се регенерира нова коса, но ако имаш male pattern baldness ( генетско опаѓање на коса) секој следен циклус на раст твојата коса ќе биде се потенка и потенка се дур не стане невидлива за човечко око.

Витамини неможат никако да наштетат, туку да помогнат, но да имаш повторен раст на коса тоа многу тешко единствено ако си имал стресно опаѓање на коса, а не генетско.[DOUBLEPOST=1397925470][/DOUBLEPOST]
За Алопел некој слушнал ? Пена против опаѓање на косата. Производ е на шпанската компанија Каталисис која имала топ козметички производи и се работело за доста угледна и реномирана компанија. Овој бил нов производ пред неколку месеци пуштен во продажба наменет за оние со андрогена алопеција и алопеција ареата. Го препорачува Анчевски а и на другарче девојкаму која е на специјализација за дерматолог ми збореше за презентацијата на производот каде што резултатите кои биле презентирани биле ептен ветувачки.

Е сега, на нетов нема никакви информации за производот освен за неговиот состав и реклами за да го порачаш преку нет. Ништо поопширно не можев да најдам. Исто на форуми странски никој не го спомиња.
Можеби е ок производ кој работи слично како миноксидилот а можеби е и scam.

Дај боже да излезе нешто од ова, мада искрено мене не ми се верува кога се работи за генетско опаѓање на коса.
Само два производи до сега кај генетското опаѓање на косата ( андрогена алопеција ) даваат видливи резултати, тоа се како што е веќе спомнато многупати на темава: Пропециа и Миноксидил.

Лично не би си играл со Пропециа заради добро познатите причини, сексуална дисфункција, болки во тестисите и др. Според испитувањата и тестирањата што се извршени ќе се прочита дека мал дел од оние кои конзумирале Пропециа имале негативни ефекти, околу 10 -15% што во реалноста мислам дека е многу повеќе, бар таков впечаток добив читајки некои странски форуми, таму бар секој трет имаше пријавено дека има / имале негативни ефекти од Пропециа, како што спомнав, намалена желба за секс, болки во тестисите и др. У ситуацијава добра работа бар е што со престанок на конзумација на апчињата се се враќало како што треба, во нормала, а научно само 0.5 % пријавиле трајна импотенција. Мада јас со тоа не би се зезал.

Миноксидилот кај мал број на корисници има негативни ефекти во вид на алергиски реакции по кожата и разни осипи кои некој изгледаат стварно језиво, али воглавно кај поголемиот број е добро толериран.
Исто да се напомене дека кај мал број на корисници немал никаков ефект.

Се спомнува Saw Palmeto како по лајт варјанта. Делувало нешто слично како Пропециата само послабо и со помали нус ефекти, мада и за него се спомиња дека предизвикувало намалена сексуална желба кај одреден мал број конзументи.

Прочитав пред некоја страна на темава дека членот @aleksandarreal користи Saw Palmeto па ако може дечкото поопширно да напише, колку време ги користи, како е задоволен од резултатите ( дали има само намалување на опаѓањето или има скроз престанок на опаѓањето, дали има растење на нова коса на веќе опаднатите места, итн ) дали го користи во комбинација со други производи и дали почуствувал било какви негативни ефекти до сега. И најбитното ќе заборавев, дали кај него се работи за генетско опаѓање на косата.

Иначе, Saw Palmeto се препишува за луѓе кои имаат проблеми со простата.

Мене веќе некое време ми опаѓа косата, можда година ипол, среќа имав многу густа коса па сеуште сум добро покриен :) али веќе ќе мора да се превземе нешто.
Кога е во прашање шампон и лак за коса секако дека има голема разлика. Не е исто да користиш шампон од 70 денари и шампон од 1.200 денари кој е медицински и богат со витамини.

Луѓето во очај поради опаѓање на коса ќе купат се и сешто, па затоа на пазарот се присутни лажни произвиди кои ветуваат брдо планини. Нема врска. За разлика од пластичната хирургија, третманите за акни коишто отидоа многу напред последните 20 години опаѓањето на коса сеуште е мистика за науката поради својот генетски фактор првенствено. Сите досега докажани третмани против опаѓање на коса не биле откриени од научници коишто се занимаваат со оваа проблематика, туку случајно од трети работи. Има прогрес во оваа наука, но тој прогрес ќе го почувствуваат генерациите коишто се раѓаат сега, а за жал ние многу тешко( за 15-20 години од сега)
 
Последно уредено:
Член од
4 март 2013
Мислења
147
Поени од реакции
134
Позади на средина од главата им се појави едно дупче така помало пред 2 месеца , сега гледам прераснало во дупкиште... од непрофесионални ''стручњаци'' дознав дека е косопад ? Некој природен лек да не знаете?
 
Јас веке 1 месец со лук во ракија и супер ми оди паѓањето е намалено за 80 % :) ептен го зајакнува влакното,исто така можиш да клаваш и зелен чај, коприва, рузмарин, ама лук сие лук :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom