СТРАНСКИТЕ ЕКСПЕРТИ ПО АРХЕОАКУСТИКА ЗА ПРЕТПОСТАВКИТЕ ОКОЛУ ГРОБОТ НА АЛЕКСАНДАР ВО СВЕТИ НИКОЛЕ - ПОД ЦРНИЛИШТЕ ИМА НЕШТО
Постои аномалија под геоглифот во близина на селото Црнилиште во Свети Николе. Можеби е камен, можеби е пештера, дупка, но за повеќе информации, ќе требаат дополнителни време и мерење, објаснија вчера странските научници кои изминативе денови ги мереа електромагнетните фреквенции на археолошкиот локалитет Билазора во селото Кнежје.
Експертите од Велика Британија, Финска, Хрватска, Италија, Хрватска, Србија, како и археолози и професори од Македонија, го испитуваа локалитетот, а вчера, на Електротехничкиот факултет во Скопје, одржаа предавање "Користење напредни технологии за истражување археолошки локалитети".
Должината на геоглифот изнесува околу 85-90 метри, а ширината околу 45 метри. На самото место на возвишението се наоѓаат канали со длабочина околу 2 метра и широчина 4 метри.
За геоглифот, хрватскиот експерт за археоакустика Домагој Николиќ разви хипотеза, како што информираше "Вест" завчера, дека според соѕвездието на Касиопеја и нивните мерења, можно е таму да е гробот на Александар Македонски.
http://www.vest.mk/?ItemID=652754A607FD7E42B267353BEE988C8A