Информатичарот што го напушти урбаното живење

  • Креатор на темата Креатор на темата whatto
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Интересно дефинитивно прво имаше репортажа со овој човек на канал 5-Зевзекот па потоа веста се сврте насекаде и други портали медиуми замина во потрага по парче мудрост мисла од човек кој се трнал од урбаната џунгла

Многу импресивно секоја чест ретко кој денеска би се одлуил на ваков чекор со оглед на тоа дека сите си одат од својте родни огништа и доаѓат во скопјево каде што барат работа за разлика од типов кој му прекурчело од градот и заминал на село потполно сам тотално спротивно доенакде и го разбирам со оглед на тоа дека имал многу гадно минато па ова и му било како излез од сето тоа што и сметам дека е добар потег (y)


Информатичарот што го напушти урбаното и живее во тркалезна куќа во Побожје – опкружен со слободни животни


safe_image.php


Среде асфалтот може да не бидеш сам, ама да бидеш осамен. Во природа, можеш да бидеш сам, но не и да бидеш осамен. Илија Ѓорѓевиќ не е осамен човек. Живее со своите животни во селото Побожје. Неговиот дом ќе го забележите уште при првото влегување во селото. Куќата му е тркалезна, во облик на печурка и се издвојува од другите. „Колку и да сте губеле во првото, второто полувреме од животот ви дава шанса“, вели тој.

Сонце го облева неговиот дом, а дворот е преполн со јариња и кокошки. Четирите кучиња му го чуваат дворот од натрапници, како од луѓе, така и од предатори.

Тој е дипломиран информатичар и математичар и работел во фирма за компјутери. Одеднаш еден ден, целиот свет му се променил. Решил да ја напушти бетонската џунгла, да се откаже од сè што е урбано, и се преселил среде милостивата природа.

„Смртта на мојата девојка ме промени сосема. Постоењето ми изгуби секаква смисла. Не можам да се преправам дека ништо не се случило. Трагедијата го менува човекот, па сè што останува, сета смисла, е повторно да бидеш во контакт со себе. Ми се јави чувство дека морам повторно да се вратам на вистинскиот пат. Сега повторно си ја враќам душата. Онаа душа што сите ја губиме во градот. Во природата канцеларија ви се небото и ливадите. Сакам да ги тргнам сите негативни придобивки на цивилизацијата, на она на што нè воспитала бетонската џунгла. Планирам вака да живеам до крајот на животот“, раскажува Илија.

Бистра и Шара, двете бели шарпланинки, ни легнуваат на нозете, јарињата и кокошките се мотаат околу Илија, а небото се чини како никогаш да не било посино.

„Незамисливо ми е да се вратам во претходниот живот. Ова го сфаќам како второ полувреме. Каков и да бил резултатот во првото полувреме од животот, второто повторно ви дава шанса“, вели Илија.

Својата интересна куќа ја изградил со мака. Отпрвин никој не се нафаќал да ја направи. Поради формата.

„Пред пет години ја почнав куќата. Решив да направам нешто што ќе остане. Првин ископав кружен подрум со дијаметар десет метри, поврзан под земја со гаражата. Имам направено 120 квадрати под земја. Замислував куќата да биде како дел од природата. Има симболика во кругот, тоа е многу честа фигура во природата. Предизвик ми беше да направам геометриски облик на печурка. Зашто печурката не е ниту животно, ниту растение, туку нешто помеѓу. Сакав куќата да биде своевидна скулптура на печурка. Седнав еден ден и ја нацртав на компјутер. Имав тешкотии додека да ја направам. Никој не се нафаќаше да ми ја гради. Немаа искуство зашто формата не е типична, а со тоа и е економски поскапа. При градењето многу ми помогнаа и соседите, за помош доаѓаа дури и од соседните села“, зборува Илија.

mkd-114675.jpg


Меѓутоа, не е само куќата интересна. Интересно е она што е внатре. Нè води Илија да го разгледаме неговиот дом, а таму, внатре, веднаш до креветот, поставена гајба и во неа кокошка си ги чува малите пилиња.

„Дојдете и до бањата. Ќе видите нешто невообичаено. Сакам да видите како се прави вистинска жртва“, ни вели Илија.

Кога таму, кокошка како лежи врз јајца. Почнува да испушта чудни звуци, како знак за вознемиреност и како да ни вели да си заминеме.

„Ова е квачка. Неколку дена не се помрднува од јајцата. Ниту јаде, ниту пие, само лежи врз нив. Тоа е жртвата што ја прави за на свет да донесе млади“, со мерак зборува Илија.

Не е можно да седите во неговиот двор, а душата да не ви биде преполна. Не се гледаат секој ден животи што се милуваат. Се познава дека се научени на љубов од раѓање. „Лани купив шест кози, се размножуваа и сега се 26. Зедов и 600 пилиња, само еден ден откако се родија. Сега имам околу 500 кокошки. Јастребите многу ми ги ловат. Досега ми собраа околу 50 кокошки, па затоа патролирам околу нив. Меѓутоа, никогаш нема да ги ставам во кафези. Цената што се слободни ја плаќаат со сопствената глава. Ама токму поради тоа продуктите им се посебни. Кокошките во кафези несат многу повеќе јајца, моите несат помалку, ама сакам да бидат среќни. Сакам да бидат слободни“, зборува Илија.

Неговите здрави продукти луѓето му ги нарачуваат преку Фејсбук (Еколошка фарма). Еден ден во неделата Илија оди до градот и ги транспортира нарачките. Вели, најмногу му нарачуваат мајки што имаат мали деца.

mkd-114674.jpg


„Драго ми е што луѓето полека почнаа да ја шират свесноста за враќање кон природата. До сите имам неколку пораки. Едната е да се почитуваат животните, тие тоа го заслужуваат и само тогаш даваат благословени продукти. Исто така посакувам здравата храна конечно да стане стандард, а не исклучок. Децата да раснат онака како што сме растеле и ние “, вели Илија.

Не може човек а да не посака силно да му ја стисне раката на овој човек што се откажал од сè и кој сè што сака е да има мирна душа и среќни миленичиња. Ако еднаш дојдете во неговиот дом, невозможно е да не посакате повторно да се вратите во рајот на Илија и барем на еден ден да заборавите на стресот и осаменоста. И да бидете среќни.
 
Н време се освестил,(и ми го зел планот) и јас истото му го мислам,само мене прво полувреме ми помина одамна во џунглава,
и таа им ја оставам на „господата“ и одам таму кај него во комшии,или некаде во Азот покрај Бабуна. Давајте понуди или замена.
 
Убаво што се решил да живее подалеку од урбаната џунгла, но според мене он бега неможејќи да се справи со трагедијата што му се случила, што не е во ред. Инаку живеење на село одгледување животни си е во ред.
 
Куќава дивоградба му е ?
 
Слаб информатичар бил, програмите му паѓале, кочеле, мрзнеле а податоците се губеле, зато се префрлил на земјоделие
 
Н време се освестил,(и ми го зел планот) и јас истото му го мислам,само мене прво полувреме ми помина одамна во џунглава,
и таа им ја оставам на „господата“ и одам таму кај него во комшии,или некаде во Азот покрај Бабуна. Давајте понуди или замена.
Kako da ne be, stotuku si platil pozlateni cigli od preku 1000 bona za m2 sega odma nazad kaj ovcite ke se vrakas.... Hihi... Za tie pari tamu 2-3 sela ke si kupel, 3 kupues edno gratis ke ti dadea....
:tapp:[DOUBLEPOST=1397463770][/DOUBLEPOST]
Слаб информатичар бил, програмите му паѓале, кочеле, мрзнеле а податоците се губеле, зато се префрлил на земјоделие
Od selo dosol na selo se vratil, tamu kaj sto mu e mestoto. Iskreno socustvo za devojkata, a so ne otisle tamu koga bila ziva? Da probal na nejze da i predlozi vrakjanje na selo? Pa uste vo startot da mu udrela korpa?
:tapp:
 
Последно уредено:
Kako da ne be, stotuku si platil pozlateni cigli od preku 1000 bona za m2 sega odma nazad kaj ovcite ke se vrakas.... Hihi... Za tie pari tamu 2-3 sela ke si kupel, 3 kupues edno gratis ke ti dadea....
:tapp:[DOUBLEPOST=1397463770][/DOUBLEPOST]
Od selo dosol na selo se vratil, tamu kaj sto mu e mestoto. Iskreno socustvo za devojkata, a so ne otisle tamu koga bila ziva? Da probal na nejze da i predlozi vrakjanje na selo? Pa uste vo startot da mu udrela korpa?
:tapp:

Какво проклетие од човек си ти значи! Aлал нека му е на тој што те створи толку глуп. Видиш, он барем заработил нешто и створил нешто со своите две раце САМ, и смета дека во село си го пронашол мирот, надвор од градскиот метеж и смрдеата што си ја носи градот по себе.

Околу темата: И јас радо би се отселил од оваа пушница, од ова мочуриште од град некаде на планина, во потрага по почист воздух и помирно место за живеење :)
 
Последно уредено:
мммм убаво, го имам гледано ова на Телевизија го даваа на Канал5 со Зевзекманија :):)
Добра одлука направил..
 
Класичен хипик. Ги има еден куп вакви по западот , и повеќето се емоционално оштетени луѓе.
 
да избегаш на чист воздух да живееш мора да си мрднат во денешно време.
 
Не одобрувам.
Каде што има луѓе таму има и живот.
Не можат јаренциња, кокошки и кози да ми бидат пријатели наместо луѓе.

Го почитувам животот во природа ама да живееш како пустињак комплетно одалечен од цивилизација е лудост спрема мене.
Доколку би живеел во природен амбиент би одбрал некое средено село како Драчево или Волково.
 
Браво за човеков.
Секоја чест. Не е лесно да се донесе таква одлука. Да имал семејство потешко ќе одело, но не е дека е невозможно.


Н време се освестил,(и ми го зел планот) и јас истото му го мислам,само мене прво полувреме ми помина одамна во џунглава,
и таа им ја оставам на „господата“ и одам таму кај него во комшии,или некаде во Азот покрај Бабуна. Давајте понуди или замена.

Убава природа е на Скопска Црна Гора, но велат луѓето таму биле... непријатни.
Јас веќе некое време се мислам да купам некаде плац за викендичка со бавча и мал овоштарник. Но имам слушано лоши работи од луѓе што имаат викендици по Скопска Црна Гора. Наводно луѓето биле многу катиљ. На колега на татко ми, неколку години по ред како садел дрвца во овоштарникот, така му ги краделе или кршеле. И постојано провалување и крадење на работи од викендицата.
Дури на некој друг наводно му имаат украдено и бекатон плочки од патеката, а потоа и ограда од ковано железо.

Јас лично сакам да си направам мала куќа на еден спрат и на старински начин, од земја со глина и слама. Нема да има внатре работи примамливи за крадење, но ете некои работи се прават и од злоба и чисто да се наштети. Во комбинација со фактот дека полицијата ништо не работи... сеуште барам некое место каде мештаните се поубави, попријатни луѓе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom