Koга последен пат го гледаше Реал?
Па ваљда го глеал кога играа Ангеле-Чаби-Модриќ. Финтата со Алонсо и со Модриќ е што двајцата се тешко приспособливи фудбалери. Треба да ги зацврстиш на една позиција, да пуштат корења таму и да почнат да играат како што знаат. После повредата на Ди Марија, се случија тие претумбации во средниот ред и два пати се отиде со погубна средина, со Алонсо, Иљараменди и Модриќ.
Модриќ од кога дојде, до сега покажува дека НЕ МОЖЕ да игра како најистурен во средниот ред. Прво, лани Мурињо го форсираше како АМФ замена за Озил, па пак АМФ со Озил крило и Модриќ не можеше да се снајде никако. Он е Пол Сколс тип на плејмејкер, длабок. Да го контролира центарот на игралиштето, не е играч кој е директна опасност по голот и кој би доминирал пред шеснаесетникот на противникот.
Кога игра со Алонсо и Ди Марија он е во средината, има целосна слобода затоа што е посветен претежно на офанзивните задачи (целта на Карло цела сезона е да игра со наметнување посед), Алонсо е строго ангажиран на дефанзива и транзиција од одбрана во среден ред, а Ди Марија е либеро.
Таа тројка функционираше беспрекорно од јануари до пред нецел месец. И во мечевите со Атлетико во купот функционираше одлично. Ама тактика ко тактика, лесно е прочитлива ако НИШТО не пробуваш да смениш и немаш бекап варијанта. После напопаднаа и повреди, супензии и настана комлетен хаос. Натпреварот со Барселона беше едно од најлошите класика во изминативе години во поглед на тоа дека така дезорганизирани и загубени двете страни не биле бог зна од кога. Лани гледавме дезорганизирана Барса на класиката со Тито, пред тоа Пелегрини во Реал, а со Пеп и Мурињо беше незамисливо тимовите да влезат толку неспремни на мечот, дури ни во оние 5-0.
Тоа е проблемот на Карло сезонава во Реал. Плус, секако вечниот проблем со одбраната кој веќе десет сезони е тука. Никој нему не му ги замера титулите што ги освоил, тоа е тотален нонсенс, али муабетот е дека
во Реал Мадрид досега преслабо се докажа во големите натпревари.